Забава
Бутел овој викенд ќе биде епицентарот на добрата забава со најдоброто од македонската сцена
Општина Бутел на локалните жители и гостите од другите краишта ќе им понуди одличен музичко-забавен настан – „Наш Бутел“. Настанот е замислен како дводневен фестивал на 27 и 28 октомври и ќе настапат најактуелните македонски музички изведувачи, информира Општината.
Како што информираат од Општината, на 27 октомври жителите ќе може да се забавуваат во одличното стендап-шоу на Бојан Велевски, во музиката на Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски и Влатко Лозановски-Лозано.

На 28 октомври за забавата ќе настапат Таско, Пајак и ДНК.
Настаните ќе се одржуваат на големиот паркинг кај паркот „Олимписки сон“, веднаш до основното училиште „Св. Климент Охридски“ во населбата Бутел 2, а ќе почнуваат во 20 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ.

„Нашата општина веќе две години работи на планот за урбанизација на Бутел, културата е дел од овој план и преку овој фестивал сакаме на жителите да им овозможиме модерен и културен настан на бутелци“, изјави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски
Влезот на овој дводневен фестивал е бесплатен, а со овој настан Општина Бутел сака да им овозможи урбана и културна забава на своите жители со најдоброто од македонската музика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Прекумерното користење на куркумин може да биде штетно за бубрезите
Иако има антиинфламаторни својства, куркумата како додаток треба да се користи со претпазливост. Еден од помалку познатите, но важни ризици се однесува на здравјето на бубрезите.
Куркумата и нејзината активна состојка куркумин добија голема популарност како природен додаток во исхраната во последниве години, честопати промовирани како помагачи при воспаление, болка и општо здравје.
Иако има докажани антиинфламаторни и антиоксидантни својства, експертите предупредуваат дека постои голема разлика помеѓу користењето на куркума како зачин и земањето концентрирани додатоци, каде што дозите можат да бидат многу пати поголеми.
Еден од помалку познатите, но важни ризици е поврзан со здравјето на бубрезите. Куркумата содржи оксалати, кои, во високи дози и со долготрајна суплементација, можат да го зголемат ризикот од формирање камења во бубрезите, особено кај луѓе кои претходно ги имале или се предиспонирани за нив.
Студиите покажаа дека додатоците на куркумин можат да го зголемат излачувањето на оксалат во урината, што може да доведе до сериозни компликации кај чувствителни лица. Иако куркумата во умерени количини може да има позитивни ефекти, неконтролираната употреба на додатоци во исхраната носи ризик од несакани ефекти и интеракции со лекови.
Затоа, експертите советуваат претпазливост и препорачуваат пред да земате куркумин во форма на додаток подолго време, императив е да се консултирате со лекар, особено за луѓе со хронични заболувања или проблеми со бубрезите.
фото/депозитфотос
Забава
Кејт Винслет: Дел од моите први интимни искуства беа со жени
Славната актерка Кејт Винслет откри дека како тинејџерка имала интимни искуства и со жени за што отворено зборуваше во поткастот Team Deakins. Таа се наврати на улогата во филмот Heavenly Creatures, кој ѝ ја лансира кариерата и во кој толкува сложен однос меѓу две тинејџерки.
„Ќе споделам нешто што досега никогаш не сум го кажала – дел од моите први интимни искуства беа со девојки. Бев љубопитна и во таа фаза од животот тоа ми помогна подобро да се поврзам со ликот“, изјави Винслет.
Улогата во Heavenly Creatures ѝ го отвори патот кон успешна кариера, која кулминира со светска слава по филмот „Титаник“. Денес, таа зад себе има богато актерско портфолио, а неодамна го оствари и своето режисерски деби со филмот „Збогум, јуни“, достапен на „Нетфликс“.
Винслет е позната по тоа што внимателно го чува приватниот живот, но и по јавното залагање за правата на ЛГБТК+ заедницата. Во претходни интервјуа таа зборуваше и за стравот што многу млади актери го чувствуваат во Холивуд доколку јавно ја откријат својата сексуалност поради можни последици врз нивната кариера.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Црниот фустан на Кејт Хадсон е совршен за празничните вечери
Кога зборуваме за модниот избор на Кејт Хадсон, на ум паѓа само еден збор, а тоа е – елеганција.
Славната русокоса се смета за дама со стил и вкус, а тоа го докажала многупати на големи настани, особено за време на многуте промоции на филмот Song Sung Blue.
View this post on Instagram
Сега повторно покажа дека едноставноста и елеганцијата немаат замена, а за нејзиното појавување во емисијата Watch What Happens Live носеше безвременско парче облека – црн фустан од Balmain. Станува збор за минималистички модел, без прерамки, што ја следи линијата на телото.
View this post on Instagram
Златниот детаљ во горниот дел од креацијата беше исто така впечатлив, што му даде на изгледот доза луксуз. Сето ова го надополни со златни додатоци, едноставна фризура и шминка во земјени тонови.
Стилистката Емили Санчез беше задолжена за беспрекорниот изглед на Кејт.

