Забава
(Видео) Брена и пред 41 година имаше незгода на сцената, се удри со ногата по глава и падна

Лепа Брена си го скрши глуждот на третиот концерт во „Арената Загреб“. По концертот, пејачката заврши на загрепска клиника, каде што и беше оперирана.
Ова многумина ги потсети на несреќата што ја имаше Брена пред 41 година на концерт. Имено, на 23 март 1983 година пејачката настапи во Мостар. Пред изведбата на песната „Дама из Лондона“, Брена толку силно ја подигна ногата во воздухот што си ја удри главата и падна на подот.
Но, таа бргу стана и продолжи да пее – како ништо да не се случило. Тоа видео сè уште често се споделува на социјалните мрежи.
Danas je veliki jubilej, obeležavamo tačno četrdeset godina otkako je Lepa Brena sama sebe šutnula nogom u glavu na koncertu u Mostaru. 🙏 pic.twitter.com/e6cPliaK5d
— Amfetaminolohije parody (@amfetaminolohie) March 23, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Шокантно издание на контроверзната актерка

Иако доаѓа од Холивуд, можеби малку претера кога станува збор за црвениот тепих, но тоа е Џена Ортега.
Ѕвездата на хорор-филмовите се погрижи да биде главна тема на доделувањето на наградите „Еми“, а многумина дури ја вклучија и на листата на најлошо облечени ѕвезди.
Таа се појави во здолниште и малку чуден топ, кој требаше да претставува маица.
Џена носеше декоративни нитни, поголеми бисери и многу други предмети што личеа на скапоцени камења, кои го заменија горниот дел од нејзината облека.
Исто така, имаше силна вечерна шминка со нагласени очи, но и темен кармин, па не знаете каде попрво да погледнете со толку многу впечатливи детали.
Секако, не носеше ништо под горниот дел.
Својот моден изглед го комплетира со едноставни сандали на платформа со тенка лента и без никакви проблеми продолжи да позира за собраните фотографи.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Фатална и во шестата деценија: Кетрин позира во долг црн фустан со гол грб

Прославената актерка Кетрин Зета-Џонс (55) прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Еми“ и буквално ги остави сите без зборови.
Познатата убавица неодамна беше цел на коментари за изјава за дете, што многумина ги сметаа за несоодветни. Сепак, тоа не ја спречи повторно да привлече внимание на себе.
Кетрин позира во долг црн фустан со гол грб. Целата креација е покриена со ситни светки, а горниот дел е целосно транспарентен и украсен со цветни мотиви.
Своето смело модно издание го комплетира со сандали на високи платформи и со спектакуларни обетки гордо покажувајќи им на сите дека сè уште нема достојна конкуренција кога станува збор за гламур.
Кетрин Зета-Џонс е една од најголемите ѕвезди во Холивуд, а нејзиниот брак со Мајкл Даглас привлекува внимание со години. И покрај разликата од 25 години, овој пар е во љубов повеќе од две децении и се чини дека сè уште се вљубени како на првиот ден.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Никој не го тргна погледот од неа поради нејзиниот неодолив фустан

Ѕвездата од серијата „Белиот лотос“ привлече внимание во необична креација, која совршено ги откриваше нејзините вити нозе и идеалната фигура.
Тајландската раперка и актерка Лалиса Манобал, која светската слава ја стекна како членка на групата Blackpink, а потоа ја доби својата прва актерска улога во третата сезона од серијата „Белиот лотос“, привлече можеби најголемо внимание на 77. доделување на наградите „Еми“ во Лос Анџелес, сето тоа благодарение на фустанот што го носеше на оваа церемонија.
Розовиот фустан неодоливо личи на шеќерна волна, што не е прв пат оваа година да видиме таков стил на црвениот тепих. Сепак, иако ваквите фустани можеби станаа еден од најнеобичните трендови, што дури и бремената Ријана ги прифати, тие секогаш привлекуваат неверојатно внимание и ги ставаат своите сопственици во центарот на настаните.
Оваа креација се состои од неколку слоеви транспарентен тил, кој е најизразен на колковите, каде што има длабок шлиц што ја истакнува завидната фигура на популарната Лиза, како што ја нарекуваат, но целото внимание е сепак насочено кон нејзините вити нозе.
Бојата на фустанот ја комбинира со накит и светкави зашилени чевли.
Целиот изглед го заокружи со суптилна шминка и малку виткана коса, како и разоружувачка насмевка, што им ја подари на фотографите.
фото: принтскрин