Забава
(Видео) Град на духови со идентични вили
Незавршениот луксузен градежен проект во Турција, кој е прекинат на половина од работите, се повеќе наликува на град на духови, во кој доминираат стотици идентични вили. Сиви мини дворци со две куполи, на три ката и готски украси – вака мора да изгледа секоја вила и не е дозволено да има никаква измена во изгледот.
Burj Al Babas е 200 милиони долари ,,тежок” проект, лоциран во близина на местато Мудурну, во северозападна Турција, на половина пат помеѓу Анкара и Истанбул.
Кога градежниците и инвеститорите на фирмата ,,Сарот проперти” западнале во финансиска криза, стотици вили кои наликуваат на француските дворци биле оставени недоизградени.
Градбата на овој амбициозен проект започнала во 2014 година, а секој дворец било планирано да се продава за 400.000 до 500.000 долари. Дел од дворците се продале, но во меѓувреме инвеститорите се повлекле и сета идеја паднала во вода.
Не се дозволени никакви промени во градбата на вилата, секој мора да биде идентичен, што се однесуав до ентериорот, тука секој купувач би можел да одлучи како ќе изгледа таа.
Секоја вила се протега на 324 метри квадратни, но е речиси залепена за соседната идентична вила, што значи дека нема место за градина или зеленило, ниту пак за приватност. Во центарот на населбата требало да има класична градба која би вклучувала продавници, детски градини, турска бања, кина и спортски сали. Комплексот, освен централното градба, било планирано да има и цела низа спортски терени, како и аквапарк.
Пред да бакротирааат ивеститорите биле изградени 587 вили, но дел од останатите изведувачи и инвеститори се надеваат дека проектот може повторно да продолжи и да се изградат сите 732 вили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Дуа Липа привлече внимание на забава во Њујорк: фустан со длабоко деколте и необичен изрез
Дуа Липа присуствуваше на синоќешната гала „Тајм 100“ во Њујорк, а ги привлече погледите во фустан на Шанел со необично деколте.
28-годишната британска кантавторка заслепуваше во скроен фустан на Шанел на галата „Тајм 100“ во Њујорк.
Белиот фустан од тантела беше извезен со кристали и цветни детали. Изгледот на Липа беше инспириран од колекцијата Métiers d’art 2023/24 на модната куќа.
Фустанот имаше и длабоко V-деколте и црна машна под која го истакна папокот со мал необичен исечок.
Носеше и неколку фенси дијамантски прстени, како и ѓердан што стигнуваше меѓу нејзиното деколте.
Нејзината црвена коса беше обликувана во „лесни бранови“, а изгледот го комплетираше со едноставна шминка.
Забава
Хороскопски парови кои истрајуваат дури и кога ќе стане тешко
Хороскопските парови кои секогаш преживуваат се тука еден за друг дури и во тешки времиња. Нивната врска е силна и поради довербата и искреноста што ја имаат.
Што и да се случи, тие ќе бидат тука да се поддржуваат еден со друг. Овие хороскопски парови го имаат целиот потенцијал да ги надминат сите тешкотии. Кога еден од нив не е во најдобра состојба да се соочи со проблеми, тогаш другиот презема иницијатива и го покрива во се.
Хороскопски парови кои секогаш траат
Рак и Јарец
Ова е многу силен пар. Немојте да ве залажува фактот дека Ракот како личност е почувствителен или попридушен. За неговото семејство и оние што ги сака, тој станува повеќе од само карпа и може да направи се. Може да ги придвижи и земјата и небото, да помогне и поддржи. Од друга страна, Јарците се многу силни, па не им е тешко да му помогнат и да го поддржат Ракот, но и да го негуваат и да направат се што треба за да излезат посилни од целата ситуација.
Лав и Овен
Нивната сила во заедницата е неизмерна. Тоа се две личности кои по природа се лидери. Тие се многу силни карактери, но успешно примаат удари. Што и да се случи во животот, другиот ќе биде многу среќен да му помогне, да го поддржи и да стане негова карпа додека не се надминат сите пречки и проблеми. Знаат што да прават и му даваат на другиот онолку време колку што му е потребно за да застане на нозе.
Вага и Девица
Ова е пар кој навистина ќе стои еден до друг до крај. Тоа е во исто време карпа која е потпора и мирно пристаниште каде што можат да бидат во мир. Вагите секогаш го поддржуваат партнерот и им помагаат во се. Тие се грижат за нивната општа благосостојба и ако тоа е добро, и Вагите ќе бидат добри. Во тешки времиња, тие ќе чекорат напред и ќе преземат иницијатива. Од друга страна, Девиците даваат и им служат на луѓето. За неа поддршката на партнерот е се. Во спротивно тоа би го сметала за предавство, па не би ни зборувала за тоа.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.