Забава
(Видео) Животот по трагедијата: Ванеса Брајант објави снимка од својот дом

Ванеса Брајант, сопруга на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, сподели емотивна снимка што ги расплака обожавателите на кошаркарската легенда.
На снимката се прикажани нивните помлади ќерки Бјанка и Капри како со мал чекан кршат јајце наполнето со чоколатца.
Ова е прв Велигден на семејството Брајант по хеликоптерската несреќа, во која загинаа Коби и 13-годишната Џијана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Прва огласување на српската манекенка Данијела Димитровска по веридбата: „Јас сум најсреќната жена на светот…“

Српската манекенка Данијела Димитровска не можеше да го скрие возбудувањето околу свршувачката, па затоа проговори за домашните медиуми…
„Деталите од чинот би ги чувала само меѓу нас двајцата. Тој романтичен чин ќе ми остане врежан во сеќавањето засекогаш. Можам да кажам дека сум најсреќната жена на светот и дека сè уште не можам да ги сокријам емоциите.“
Моделот и водителка Данијела Димитровска неодамна објави добри вести на Инстаграм. Имено, заносната бринета му кажа големо „да“ на својот партнер Јеврем Косниќ, а веднаш објави фотографија од нејзиниот веренички прстен на социјалните мрежи.
Забава
(Видео) Северина сподели снимка со нејзината мајка Ана на Денот на мајките, танцуваа на песна од Дино Дворник

Северина посвети објава на социјалните мрежи на својата мајка Ана за Денот на мајките.
„На најдобрата мајка (и баба и прабаба) на светот, среќен Ден на мајките. Нејзината топлина, грижа и детска душа нè држи сите заедно“, напиша 53-годишната пејачка во описот на видеото во кое таа и нејзината мајка се забавуваат на песна од Дино Дворник.
Пејачката претходно во неколку наврати нагласи дека нејзината мајка е нејзината најголема поддршка.
Забава
Том Круз даде ретка изјава за Никол Кидман во интервју

Во 1990 година, 28-годишниот Том Круз се ожени со 23-годишната Никол Кидман. Во текот на следните 11 години, тие снимија три филма и посвоија две деца, пред да се разведат во 2001 година.
Тие глумеа заедно како вереници во филмот Days of Thunder, кој беше објавен во јуни 1990 година, а се венчаа во декември. Подоцна ги направија Far and Away (1992) и Eyes Wide Shut (1999), последниот филм на режисерот Стенли Кјубрик.
Сеќавајќи се на Eyes Wide Shut и како ги добија главните улоги, Круз изјави за списанието „Sight and Sound“ дека долетал до куќата на Кjубрик, го прочитал сценариото претходниот ден и го поминал целиот ден разговарајќи за филмот со режисерот. Тој додаде дека ги знае сите негови филмови.
Тој ја пофали Никол Кидман, што е реткост бидејќи ретко зборува за својот приватен живот. Тој рече дека во тоа време тој и Кjубрик се запознавале подобро, а за улогата ја предложил Никол бидејќи, како што вели, таа е одлична актерка.
Круз рече дека бил многу заинтересиран за филмот и сакал да го доживее. Тој објасни дека пред снимањето, прави многу подготовки, истражува и поминува време со луѓе за да можат сите подобро да се разберат и заедно да создадат нешто посебно.