Забава
Миа Фароу ги замоли обожавателите да се молат за ќерка ѝ, која е заразена со коронавирус
Миа Фароу ги замоли обожавателите да се молат за нејзината 26-годишна ќерка Квинси, која заврши во болница поради коронавирус.
Познатата 75-годишна актерка и активистка на социјалните мрежи објасни дека ќерка ѝ Квинси, која живее во Хартфорд (Конектикат), побарала помош во болница бидејќи се заразила со коронавирус.
„Лична молба“, ја почна својата објава на „Твитер“. „Ако сте толку љубезни, дали би можеле да ми испратите молитва за мојата ќерка Квинси? Таа денес немаше друга алтернатива, освен да отиде во болница за да ѝ помогнат во борбата против коронавирусот“.
A personal request. If you would be so kind, would you please send up a prayer for my daughter Quincy. Today she had no alternative but to go the hospital for help in her struggle against the coronavirus.
— Mia Farrow (@MiaFarrow) April 10, 2020
Фароу не сподели други информации за состојбата на својата ќерка, но за неколку минути беше претрупана со пораки за поддршка.
Квинси е едно од 14-те деца на актерката, од кои седум се посвоени. Таа ја посвои Квинси во 1994 година кога имаше една година, две години по разделбата од Вуди Ален, пренесува „Дејли мејл“.
Квинси се омажи за Итан Лепен во 2017 година, а во 2018 година добија ќерка Корета, која сега има 22 месеца.
Миа Фароу беше во брак со Френк Синатра пред да почне да излегува со контроверзниот режисер Вуди Ален, обвинет за злоупотреба на ќерка ѝ Дилан.
Минатата недела Миа објави фотографија од свадбата на Квинси во 2017 година. „Мојата најмлада ќерка се омажи за убавиот Итан“, напиша тогаш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.