Забава
(Видео) Легендарниот актер Џек Николсон по долго време се појави во јавноста

Легендарниот актер Џек Николсон по долго време се појави во јавноста. Тој беше на настан организиран за прослава на 50-годишнината од американското шоу Saturday Night Live. Шоуто прослави 50 години од емитувањето со тричасовен специјал наречен SNL50: The Anniversary Special.
Џек седеше во публиката и го претстави Адам Сендлер, кој свиреше и пееше на сцената.
„Дами и господа, Адам Сендлер“, рече Николсон и доби овации од публиката. До актерот седеше неговата ќерка Лорен. „Да го слушнеме Џек. Џек е излезен вечерва“, рече потоа Сендлер.
Џек седеше во публиката во близина на Вил Ферел, Роберт Де Ниро, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс.
Едно од неговите последни појавувања во јавноста беше пред две години, кога беше фотографиран на кошаркарски натпревар на ЛА Лејкерс во мај 2023 година со неговиот син Реј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Камила, Кејт и Меланија на едно место – но јасно е кој е главен

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп пристигнаа во Обединетото Кралство. Трамп и Меланија патуваа со хеликоптер „Марин Уан“, а по слетувањето ги пречекаа принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон.
Набргу потоа, американскиот претседател и неговата сопруга се сретнаа со кралот Чарлс и кралицата Камила пред замокот Виндзор, а фотографиите од моментот станаа вирални.
Дури и модните критичари се вклучија, коментирајќи ги различните стилови на присутните дами. Јасно е дека кралицата Камила и принцезата Кејт уживаа во разговорот со првата дама Меланија Трамп, а светот беше воодушевен од нивните облеки.
Се чини дека сите три дами го следеа кодексот на облекување. Сепак, Меланија Трамп, како модна икона, ги прилагоди кралските норми на својот стил.
Иако се одлучи за темно сива облека што ја нагласуваше нејзината витка фигура, таа додаде и преголема виолетова шапка во својот стил што беше во контраст со нејзината монохроматска облека.
Како да сакаше да го скрие погледот од јавноста…
Што се однесува до кралицата и принцезата, Камила носеше кралски син макси фустан и шапка што совршено одговараше на нејзината облека.
Ниту Кејт не разочара со својата облека, одлучувајќи се за бордо фустан-палто кој го комбинираше со високи потпетици.
Нејзините долги кадрици беа исто така забележливи, давајќи му на целиот стајлинг допир на женственост.
Иако сите три дами шармираа со своите модни изјави, изгледа дека Меланија Трамп го презеде водството.
Таа е сè уште модна икона!
Фото: принтскрин
Забава
(Фото) Шокантно издание на контроверзната актерка

Иако доаѓа од Холивуд, можеби малку претера кога станува збор за црвениот тепих, но тоа е Џена Ортега.
Ѕвездата на хорор-филмовите се погрижи да биде главна тема на доделувањето на наградите „Еми“, а многумина дури ја вклучија и на листата на најлошо облечени ѕвезди.
Таа се појави во здолниште и малку чуден топ, кој требаше да претставува маица.
Џена носеше декоративни нитни, поголеми бисери и многу други предмети што личеа на скапоцени камења, кои го заменија горниот дел од нејзината облека.
Исто така, имаше силна вечерна шминка со нагласени очи, но и темен кармин, па не знаете каде попрво да погледнете со толку многу впечатливи детали.
Секако, не носеше ништо под горниот дел.
Својот моден изглед го комплетира со едноставни сандали на платформа со тенка лента и без никакви проблеми продолжи да позира за собраните фотографи.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Фатална и во шестата деценија: Кетрин позира во долг црн фустан со гол грб

Прославената актерка Кетрин Зета-Џонс (55) прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Еми“ и буквално ги остави сите без зборови.
Познатата убавица неодамна беше цел на коментари за изјава за дете, што многумина ги сметаа за несоодветни. Сепак, тоа не ја спречи повторно да привлече внимание на себе.
Кетрин позира во долг црн фустан со гол грб. Целата креација е покриена со ситни светки, а горниот дел е целосно транспарентен и украсен со цветни мотиви.
Своето смело модно издание го комплетира со сандали на високи платформи и со спектакуларни обетки гордо покажувајќи им на сите дека сè уште нема достојна конкуренција кога станува збор за гламур.
Кетрин Зета-Џонс е една од најголемите ѕвезди во Холивуд, а нејзиниот брак со Мајкл Даглас привлекува внимание со години. И покрај разликата од 25 години, овој пар е во љубов повеќе од две децении и се чини дека сè уште се вљубени како на првиот ден.
фото: принтскрин