Забава
(Видео) На славниот актер му паднаа панталоните кога се качи на сцената: „Не понесов ремен“

Актерот и музичар Џек Блек во понеделникот гостуваше во „Вечерното шоу“, а уште на почетокот доживеа незгода која ги насмеа сите во студиото. Водителот Џими Фалон го најави својот гостин кој влезе во салата свирејќи на гитара.
Блек почна да свири, а потоа се спушти до бендот. Откако заврши со играњето, отиде кај Фалон. Тогаш пред сите му паднаа панталоните под кои носеше шарени боксерки. Фалон почна да се смее, како и публиката, а на Џек изгледа воопшто не му пречеше.
Откако го прегрна домаќинот, Блек ги облече панталоните и почна заводливо да ги ниша колковите и го изведе својот препознатлив потег.
„Носиш топлина, носиш енергија!“, рече Џими, а Џек се пошегува: „Не донесов ремен. Тоа е она што не го донесов“.
Блек моментално го промовира својот нов филм „Мајнкрафт“.
Џек минатата година се најде во центарот на вниманието, откако неговиот колега Кајл Гас, даде непримерен коментар на нивниот концерт. Џек и Кајл настапуваа во Сиднеј, а Гас тој ден го прославуваше својот роденден. Во оваа прилика на сцената му донесоа торта и му рекоа да си посака жена. „Немојте да го промашите Трамп следниот пат“, рече тој, алудирајќи на обидот за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп во јули. Иако по изјавата го продолжија концертот, Џек подоцна се извини и го откажа остатокот од турнејата.
„Бев изненаден од она што беше кажано. Никогаш не би толерирал говор на омраза или поттикнување политичко насилство од каков било вид. По многу размислување, мислам дека не е соодветно да се продолжи со турнејата, а сите идни планови се ставени во мирување. Благодарен сум на фановите за нивната поддршка и разбирање”, напиша тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајкл Џордан на прошетка во Дубровник

Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан моментално престојува во Хрватска, каде што е на одмор со сопругата Ивет Прието и пријателите. НБА легендата беше снимена додека шеташе во Дубровник и го привлече вниманието на минувачите, пренесе „Инекс“.
По посетата на Скрадин и Националниот парк Крка, познатиот кошаркар отишол во Хвар. Џордан ручал и уживал во друштвото на пријателите и опуштената атмосфера, а интересно е што тој носи своја текила со себе и само неа ја пие.
На свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржува во Венеција, присуствуваат бројни познати личности, а еден тиктокер направи фотографија од јахтата на Мајкл Џордан наречена М’Брејс, вредна околу 115 милиони долари, поради што многумина помислија дека тој ќе се појави на свадбата на славниот пар.
Мајкл Џордан последен пат ја посети Хрватска во август 2021 година.
Забава
Лорен Санчез фотографирана во пресрет на свадбата, блеска во бело

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат на церемонија на венецијанскиот остров Сан Џорџо Маџоре, каде што невестата отиде со глисер.
На денот на нејзината свадба, Санчез блескаше во бело, а изгледот го комплетираше со очила за сонце и бела марама. 55-годишната Санчез позираше насмеана за фотографите пред свадбата, која треба да се одржи попладне, а многумина се прашуваат како ќе изгледа нејзината венчаница.
Според повеќе медиумски извори, двојката наводно се венчала пред еден месец во САД. Овие наводи се поткрепуваат со фактот дека во Италија не побарале потребна документација за нивниот брак да биде правно важечки. Свадбената церемонија во Венеција е симболична, а двојката наводно потпишала договор од повеќе милиони долари пред нивната граѓанска венчавка во САД.
Безос и Санчез се домаќини на тридневна прослава со голем број познати личности, меѓу кои Иванка Трамп и Џаред Кушнер, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Клое Кардашијан, Опра Винфри и Гејл Кинг, милијардерот Бери Дилер и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, легендата на НФЛ Том Брејди и музичкиот могул Скутер Браун, како и неодамна слободниот Орландо Блум.
Забава
Пејачката Џеси Џеј го победи ракот

Џеси Џ. откри дека официјално го победи ракот, само неколку недели откако објави дека е на операција за тумор на дојка.
Британската пејачка Џеси Џеј, која на 3 јуни објави дека има рак на дојка, а пред помалку од една недела беше оперирана, ја објави најдобрата можна вест – лекарите ѝ кажаа дека повеќе нема рак.
Jessie J reveals her breast cancer is ‘all gone’ after surgery as she gives health update
https://t.co/TP5sRH0SAk— The Sun (@TheSun) June 26, 2025
На Инстаграм, Џеси се пошегува дека нејзината брадавица е сè уште на место, а времето за закрепнување ѝ даде совршен изговор да го гледа „Love Island“ без грижа на совеста.
Таа додаде дека во најтешките моменти имала силна поддршка покрај себе – нејзината мајка, нејзиниот сопруг Ченан Колман и нејзиниот син Скај.
„Многу ми значеше што се поврзав со други кои минуваат низ истата битка“, истакна таа и објави дека поминала низ „постоперативна болка“.
Џеси беше многу оптимистична од самиот почеток на ужасната дијагноза, им кажа на своите обожаватели дека раното откривање на болеста е „светлина во тунелот“ и дека прави пауза од турнеите за да го стави своето здравје на прво место.