Забава
(Видео) „Пред 24 години воздивнувавме по фатална русокоса, денес по огнената бринета“
Моделот Кендал Џенер се потруди да ги шармира сите што ја следат, па на отворањето на Vogue World 2025 блесна во иконскиот костим на Никол Кидман од филмот „Мулен Руж“.
Во 2001 година токму овој костим ја направи славната русокоса позната, а Кендал сега го оживеа. Не е тајна дека таа, како и сестра ѝ Ким, обожава да копира други познати ѕвезди. Ким Кардашјан често беше цел на негативни коментари поради ова, но сега сите имаа само пофални зборови за Кендал.
kendall jenner x vogue world hollywood pic.twitter.com/9YbROVBGu8
— 𝓕avs (@favspopculture) October 27, 2025
Сребрен корсет со реси и сатенски дел што се влече, надополнети со мрежести чорапи и екстравагантна шапка, му дадоа совршен спој на гламур, смелост и сексапил на еден од најбараните модели.
What a MAJOR SERVE: Kendall Jenner walking for ✨️Vogue World✨️ in a gown designed by Catherine Martin and Angus Strathie for Nicole Kidman in Baz Luhrmann’s Moulin Rouge (2001).🪡 pic.twitter.com/Uz2deFwBbf
— La Mode Unknown (@LaModeUnknown) October 27, 2025
Се очекуваше дека коментарите набргу ќе почнат по ова појавување, а Кендал имаше среќа бидејќи публиката беше љубезна.
„Вистинска кабаре-дива“, „Мулен Руж се врати во живот и е уште посјаен отколку во 2001 година“, „Пред 24 години воздивнувавме по Никол Кидман, денес по Кендал Џенер“, „Времето минува, црвениот кармин и светките остануваат вечни“, беа некои од коментарите за оваа убавица.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Љубомора, посесивност и драма: Четири знаци што го губат разумот кога ќе се заљубат
Астрологијата предупредува дека кај некои хороскопски знаци љубовта не носи само нежност, туку и силни емоции, љубомора и потреба за контрола. Кога се заљубуваат, тоа го прават без задршка, но токму таа интензивност може да ги направи емотивно тешки и непредвидливи.
Шкорпија
Во љубовта нема средина – се врзува длабоко и очекува целосна лојалност. Стравот од предавство може да разбуди љубомора и контролирачко однесување.
Овен
Се заљубува брзо и страсно. Кога ќе почувствува несигурност или одбивање, импулсивноста лесно преминува во конфликт.
Лав
Дава многу, но бара внимание и восхит. Ако почувствува дека ја губи централната улога, реагира драматично и посесивно.
Риби
Се предаваат целосно и емотивно се спојуваат со партнерот. Ако љубовта не оди според нивните очекувања, можат да станат зависни од односот или да се повлечат во тивка, емоционална замка.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos

