Забава
(Видео) Се појави нова снимка од нападот на Арнолд Шварценегер

Јавноста сè уште е шокирана од нападот врз актерот Арнолд Шварценегер (71). Поранешниот гувернер на Калифорнија беше нападнат на патување во Јужна Африка. Тој присуствуваше на спортскиот настан „Арнолд класик Африка“ кога непознат човек во конгресниот центар, скокајќи, го удри со нозете во задниот дел.
Шварценегер ги снимал и ги фотографирал децата во салата каде што бил судија на натпреварот во скокање на јаже, а човекот излетал од толпата, скокнал и го удрил. Арнолд полека се занишал без да трепне, а обезбедувањето бргу го одвелое напаѓачот, кој гласно викал.
Нападот беше снимен со камери и сега има ново видео на кое може да се слушне како напаѓачот му вика на обезбедувањето, кое го одвлекува: „Помогнете ми, ми треба ‘ламборгини’!“
Причината за нападот не е позната, а Шварценегер се огласи за инцидентот на својот профил на „Инстаграм“.
„Ви благодарам за вашата загриженост, но не е потребно. Драго ми е што овој идиот не го прекина моето снимање на Snapchat“, напиша актерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Дури ни деколтето не може да го засени нејзиното „ново лице“: дали познатата убавица повторно отиде под нож?

Славната Линдзи Лохан (39) со години важеше за една од најубавите, но и најскандалозните јавни личности, а потоа се пензионираше. Подоцна се појави со сосема ново лице и, како што се пишуваше, потрошила околу 300.000 долари за операции.
Таа пристигна на премиерата „Freakier Friday“ на Дизни во Лос Анџелес со својот сопруг Бадер Шамас, со кого е во брак од 2022 година, но не го покажува толку често на социјалните мрежи, иако е доста активна.
Контроверзната Линдзи овој пат привлече внимание со поедноставен изглед на Барби. Таа избра нежно розов долг фустан од тил со длабоко деколте, додека изгледот го комплетираше со впечатлива сребрена огрлица.
Таа ја стилизираше својата долга руса коса во бранови и уживаше во погледите од јавноста, додека сите забележуваа колку младо изгледа Линдзи.
Не е познато дали во меѓувреме имала други корекции, но несомнено блесна на овој црвен тепих и покажа дека може да биде доста гламурозна ако сака.
Фото: принтскрин
Забава
(Фото) Носи чанта од 12.000 евра која повеќе не е на продажба: милијардерката не престанува да привлекува внимание

Милијардерот Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез секогаш имаат барем една причина да бидат главна тема на сите медиуми. Нивната раскошна свадба заврши, но сите се уште се импресионирани од сè што видоа.
Тие сега се во Франција, каде што повторно уживаат во луксузот, а потоа на сцената стапува Лорен, која секогаш има инспиративно парче облека. Овој пат, нејзината скапа чанта го привлече вниманието.
За лежерната прошетка, Лорен избра винтиџ фустан од Роберто Кавали во нијанси на розова, тиркизна и зелена.
Модерните очила за сонце беа таму за да го надополнат модното издание, а потоа на сцената влезе минијатурна чанта Lady Dior.
Чантата за која станува збор е дел од колекцијата Rêve d’Infini и е рачно украсена со перли. Дизајнот е инспириран од мозаик од детството на Кристијан Диор во Франција. Таа повеќе не е достапна за продажба и е дел од колекција со ограничено издание, а беше продадена за повеќе од 12.000 евра.
фото: принтскрин
Забава
Една од најубавите жени на светот ужива во одморот: вистински „колапс“ се случи кога објави снимка

Една од најубавите жени на светот, Пријанка Чопра (43), ужива во одморот со својот сопруг Ник Џонас (32), а фотографии од Бахамите сподели на својот Инстаграм профил.
Поранешната кралица на убавината редовно привлекува внимание со својот изглед и провокативни модни изданија, па затоа ова најново појавување во бикини не беше изненадување. Освен што се чини дека секој пат изгледа сè подобро и подобро.
Пријанка прво позираше во црвено бикини кое ја истакнуваше нејзината фигура, а потоа покажа низа активности од одморот, како и уште неколку пози во различни костими за капење.
Фотографијата од Чопра во жолто бикини, која уште повеќе го истакнуваше нејзиниот тен, исто така привлече посебно внимание. На фотографијата, Пријанка и Ник уживаат со нивната тригодишна ќерка.
Сепак, вистинскиот „колапс“ се случи кога оваа убавица објави и снимка од плиткото море со својот сопруг.
Таа брзо собра голем број коментари и лајкови, а како што самата откри во описот, фотографиите и видеата беа посветени на нивното заминување и крајот на одморот кој беше „најдобар досега“.
Фото: принтскрин