Забава
(Видео) „Стари навики“ нова песна и спот од Ѓоко Јовиќ
Пејачот Ѓоко Јовиќ ја објави својата најнова песна која го носи насловот „Стари навики“, а за истата сними и модерен спот.
Музиката и текстот се дело на Христијан Настески – Пајак, додека аранжманот го направи Иван Јованов – Ивајо.
Спотот е малку поразличен од она на што е навикната неговата публика. Станува збор за ултра модерен спот со специјални филмски ефекти какви што гледаме во светските спотови. Целата идеја и реализација на видеото е дело на продукцијата „Урбан Рекордс“.
– Овој проект е продолжение на претходниот кој го работевме со Пајак и многу сум среќен што првите реакции од публиката се одлични. Верувам дека многумина ќе се препознаат во темата и ќе уживаат во се што работевме изминатиов период, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.
Како потсетување, пејачот Ѓоко Јовиќ изминатата година објави четири нови песни и филмски проект „Послушајте патриоти“. Годинава ја започнува со „Стари навики“ во соработка со младиот артист Пајак, а веќе работи на новите материјали кои јавноста многу скоро ќе ги слушне. Со својот бенд „Енерџи Бенд“ настапува низ целиот свет, а традиционално, секоја година има и австралиска турнеја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин

