Забава
(Видео) Судот пресуди – хитот на Кети Пери, Dark horse, е плагијат
Судот во Лос Анџелес пресуди дека хитот на пејачката Кети Пери од 2013 година, Dark horse, е копија на песна на раперот Флејм од 2009 година.
Ваквата одлука е донесена кога пред пет години Маркус Греј и неговите двајца коавтори ја поднесоа првата тужба тврдејќи дека Dark horse е украдена од песната Joyful Noise, што Греј ја објавил под уметничкото име Флејм.
Поротата сега треба да одлучи колкава казна ќе треба да плати Кети Пери за авторските права.
Адвокатите на Греј рекле дека ритамот и инструментите во речиси половина од песната Dark Horse се забележливо слични како оние во песната Joyful Noise. Адвокатите на Пери, пак, рекле дека деловите од песната за кои се расправа претставуваат еден вид едноставни музички елементи, кои, ако би потпаднале под авторски права, би ѝ наштетиле на музиката и на оние што ја создаваат.
Пери и коавторите на песната пред судот рекле дека никогаш не ја слушнале песната Joyful Noise, а дека не слушнале ниту за Греј, како и дека не слушале религиозна музика.
Адвокатите на Греј покажале дека Joyful Noise била многу пати пуштана во етерот и дека Кети и нејзините коавтори можеле да ја слушнат и како доказ приложиле дека песната била прегледена милиони пати на „Јутјуб“ и „Спотифај“ и дека албумот на кој се наоѓа бил номиниран за „Греми“.
Dark Horse четири недели беше на врвот на „Билборд хот 100-листата“ на почетокот на 2014 година, а за неа Пери доби номинација за „Греми“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.