Забава
(Видео) Хали Бери се потсети на улога од 2002 година: Броснан е мојот Бонд засекогаш
Актерката Хали Бери глумеше Бонд девојка во „Умри некој друг ден“.
А неделава таа на својот инстаграм-профил се присети на својата голема улога од пред 20 години.
Атрактивната Хали сподели кусо видео од филмот и напиша: „Поминаа 20 години. Пирс Броснан е мојот Бонд засекогаш.“
Хали глумеше Бонд-девојка и американска агентка за безбедност Џинкс Џонсон покрај Пирс Броснан во филмот кој беше премиерно прикажан во 2002 година. Продуцентката Барбара Броколи сакала да ѝ даде спин-оф на Џинкс, но проектот наводно бил откажан откако бил повлечен буџетот од 80 милиони долари наменет за негова продукција. „Беше многу разочарувачки. Никој не беше подготвен да инвестира толку пари во афроамериканска акциона ѕвезда. Тие не беа сигурни во нејзината вредност“, изјави Хали за „Вараети“ во септември 2020 година.
Хали откри и со каков предизвик наишла на снимањето на Die Another Day. „Значи, најголемиот актерски предизвик што го имав во оваа сцена беше да изгледам како водата да е топла… а всушност се смрзнував“, рече Бери, која никогаш не криеше колку била возбудена што ќе снима филм за Џејмс Бонд.
„Бев навистина возбудена за 007 бидејќи тоа е легендарен серијал. Тоа е дел од филмската историја, навистина, па многу ми значеше да бидам дел од оваа сага. Оваа верзија на Бонд-девојка беше многу поразлична од која било што сум ја видела претходно.
„Кога Барбара Броколи ми пријде со улогата, ми објасни дека тоа ќе биде нов вид на Бонд-девојка, што ќе ми овозможи да бидам поактивна и во извесна смисла да работам со Бонд на нов начин. Тоа беше навистина возбудливо за мене.
„А што се однесува на сцената кога првпат се појавувам излегувајќи од вода, беше возбудливо да ја рекреирам сцената со Урсула Андрес, која беше култна“, објасни Хали Бери во интервју за „Венити фер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.