Забава
(Видео) Ѓоковиќ свири саксофон на концертот на Хаусер

Новак Ѓоковиќ имаше одлична вечер на домашен терен во Белград во вторникот вечерта.
Светскиот рекет бр. 1 и неговата сопруга Јелена уживаа на концерт на хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер.
Стјепан го покани Новак на сцената, а тенисерот ги покажа своите вештини за саксофон забавувајќи ја преполната публика во белградската „Арена“.
Новак и Јелена, по пристигнувањето, го поздравија виолончелистот. Подоцна играа и се забавуваа во првите редови.
Новак во еден момент излезе на сцената на покана на Стјепан и доби голем аплауз од публиката. Потоа, на изненадување на многумина, го зеде саксофонот и свиреше со Хаусер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Трите најгруби хороскопски знаци: бегајте кога „експлодираат“

Додека некои хороскопски знаци се познати по својот дипломатски шарм, учтивост и пристојност, има и такви кои се – безобразни.
Астролозите издвоија три хороскопски знаци кои се непријатни почесто од другите.
Јарец
Непристојноста кај Јарците често е резултат на прекумерна самодоверба.
Нивното его е често толку големо што несвесно скршнуваат кон непристојно однесување, што оди рака под рака со презирното гледање на луѓето околу нив и кажувањето работи без размислување за последиците.
Бик
Хороскопските знаци Бик се познати по нивната воздржаност кон сите, освен кон најблиските луѓе.
Доколку некоја ситуација ги испровоцира, на површина излегува грубост за која обично не се свесни. Кога ги нарекуваат дека се груби, тие често ги обвинуваат сите околу нив што ги натерале да се однесуваат на таков начин.
Овен
Кога се расположени, Овните се многу страствени, а кога не се расположени се груби.
Тие едноставно тешко се справуваат со ситуации кои не се под нивна контрола. Кога ќе се најдат во таква ситуација, не им се непознати конфликтите во кои можат да бидат многу груби и да кажуваат работи што можеби не ги мислат. Тие едноставно не знаат кога е доволно.
Забава
Фановите загрижени за Аријана Гранде: „Ова е тажно да се гледа“

Новите фотографии на Аријана Гранде објавени на социјалните мрежи повторно ја разгореа загриженоста кај нејзините обожаватели.
Пејачката и актерка номинирана за „Оскар“ се појави на доделувањето на наградите БАФТА, каде што даваше автограми, а нејзиниот физички изглед предизвика низа реакции.
„Само се надевам дека е во ред бидејќи сигурно нема да бидам доколку сите толку многу го коментираат моето тело“, напишал еден корисник на „Редит“ во објавата, која во меѓувреме е избришана.
Друг корисник додаде: „Секогаш кога ќе видам нова фотографија, повторно сум шокиран“. Третиот коментирал: „Тажно е да се гледа ова“.
Гранде со месеци се соочува со контроверзии за нејзиниот изглед, особено за време на промотивната турнеја за филмот Wicked, во кој ја игра Глинда.
Здравствените експерти предупредуваат дека истакнатата градна коска и вдлабнатите образи кај возрасните може да бидат знаци на неисхранетост или други здравствени проблеми, што дополнително ги поттикна шпекулациите за нејзината состојба.
Гранде разговараше со својата колешка од Wicked, Синтија Ериво, во интервју за „Њујорк тајмс“ минатата година за исцрпувачкиот распоред за работа за време на снимањето откривајќи дека и двете имале Ковид во одреден момент.
„Се разболев само еднаш, но непосредно пред некои од најважните сцени во филмот – во мојот случај тоа беше една недела пред снимањето на песната ‘Популарно’“, рече таа.
Ериво призна дека била благодарна кога штрајкот на актерите во летото 2023 година го прекина снимањето бидејќи и двете работеле до точка на исцрпеност.
„На почетокот се чинеше како пауза, но подоцна сфативме дека навистина ни е потребна таа пауза“, додаде таа.
Во декември Аријана проговори за постојаните онлајн-дискусии за нејзината тежина во емотивно интервју за француски весник.
„Од 16 или 17 години буквално бев како експеримент во лабораториски сад пред јавноста. Го слушнав секој можен коментар. Ти кажуваат што ти е, ти поправаш, а потоа повторно не е во ред поради други причини“, рекла таа.
Пејачката истакна дека верува оти луѓето немаат право да коментираат туѓ изглед.
„Од тоа што го носите, до вашето тело и лице – во денешното општество постои ниво на слобода во коментирањето на туѓиот изглед што не треба да го имаме“, рече таа.
Таа претходно се соочи со критичарите во април 2023 година откога на интернет се проширија споредби на нејзината тежина во текот на годините. Во триминутното видео на „Тик-ток“ таа рече дека е поздрава од кога било и ги повика луѓето да престанат да коментираат за телата на другите луѓе.
„Мислам дека треба да бидеме понежни и повоздржани во коментирањето на туѓиот изглед, без разлика на намерата“, рече таа.
Таа исто така нагласи дека верзијата на нејзиното тело со која ја споредуваат е всушност најнеприродната и најнездрава.
Таа објасни дека во тој период била на високи дози антидепресиви, комбинирајќи ги со алкохол, што не се препорачува.
„Јадев навистина лошо и бев на најниската точка од мојот живот и тогаш луѓето мислеа дека изгледам најдобро“, признала таа.
„Знам дека не треба да објаснувам, но верувам дека нешто добро може да дојде од искреноста и отвореноста. Здравјето може да изгледа на многу начини“, заклучила таа.
Забава
Видео од 300 милиони прегледи: изведувачот го сними моментот на трансформација од жена во маж

Пластик Тијара (27), виетнамси драг-изведувач, ги изненади своите следбеници со неодамнешното видео.
Уметникот од Лос Анџелес објави видео на кое ги отстранува шминката и костимот на драг-кралицата. Снимката собра повеќе од 300 милиони прегледи и пет милиони „допажѓања“ поради неговата трансформација.
„Се разбудив со чувство дека можам повторно да го шокирам светот“, напиша тој во описот на видеото.
View this post on Instagram
Кадарот што најмногу ги шокира луѓето беше кога уметникот го соблече костимот, поточно градите.
„Не е фер некои луѓе да изгледаат толку добро и во двата пола, а некои едвај во едниот“, „Скокнав кога му ги снема градите“, „љубоморна сум“, „Ова е она со што имам проблеми со довербата“, „Не сфаќаш колку си среќен со својот изглед“, „Чекај, што?“.
Пластик Тијара е уметничкото име на Дуце Тран Нгујен, виетнамско-американски драг-изведувач, танчарка и модел. Тој има 3,6 милиони следбеници само на „Инстаграм“ и 11,8 милиони на „Тик-ток“, што го прави најследена драг-кралица во светот.
View this post on Instagram
Дуце е роден во Хо Ши Мин, а израснат од баба и дедо. На 11-годишна возраст се преселил во САД. Покрај тоа што се натпреваруваше во RuPaul’s Drag Race, тој се појави и во предизвикот Snatch Game и во шоуто Farm to Runway.
View this post on Instagram
Во 2019 година ја објави песната Iresistible. Тој се појави и на насловната страница на L’Officiel Vietnam.
Во последните години драг-изведувачите стануваат сè попопуларни. Ова делумно се должи на реалното шоу RuPaul’s Drag Race, кое се емитува од 2009 година и досега има 17 сезони.
Шоуто ја освои наградата „Еми“ за најдобро натпреварувачко реално шоу четири години по ред (2018, 2019, 2020 и 2021 година).