Забава
Пет работи што можеби не сте ги знаеле за Анџелина Џоли
Таа е „Спелман“-мајка
Најстарата ќерка на Џоли, Захара, моментно е запишана на престижниот историски колеџ „Блек Спелман“ во Атланта, Џорџија. Џоли не можеше да не објави со гордост за нејзината прва посета на кампусот огласувајќи се на „Инстаграм“: „Многу посебно место и чест е да имам член на семејството да биде една нова Спелман-девојка“. Напред, Јагуари!“
Во 2013 година направи храбар чекор за подобрување на своето здравје
Џоли во авторски текст за „Њујорк тајмс“ пред една деценија откри дека се решила за превентивна двојна мастектомија со цел да го ублажи ризикот од рак на дојката и јајчниците, кој беше голем за неа како носител на генот BRCA1. „Моите шанси да развијам рак на дојката се намалија од 87 проценти на помалку од 5 проценти“, напиша Џоли по операцијата.
Има 16 тетоважи
Фактот дека Џоли е љубител на уметноста на телото не е баш тајна, но малкумина знаат колку вкупно тетоважи има. Тетоважите вклучуваат координати од родното место на нејзините деца, поднаслов на драма од Тенеси Вилијамс и латински превод на фразата: „Она што ме храни, ме уништува“.
Долго време беше дипломат
Во април 2012 година Џоли ја доби титулата специјален пратеник по долгогодишна работа како амбасадор на добрата волја на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации. Таа се повлече од оваа функција по 10 години, во декември 2022 година.
Не се плаши да им се приближи на инсекти
Во 2017 година Џоли беше снимена како за своите деца пржи камбоџански деликатеси од штурец, шкорпија и тарантула. „Шајло сака тарантула, сака бубачка“, откри Џоли на „Добро утро, Америко“. „Тие може да изедат вреќа штурци како вреќа чипс“.
Таблоидите неодамна пренесоа една нејзина изјава.
Холивудската дива има важна порака за секој што се чувствува дека е поинаков: „Да си поинаков е добро. Ако некој ви каже дека сте поинакви, насмевнете се, држете ја главата горе и бидете горди“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како изгледа денес Роуз од „Два и пол мажи“ која го демнеше Чарли
Хит серијата „Два и пол мажи“ се емитуваше од 2003 до 2015 година, а во главните улоги беа Чарли Шин, Џон Крајер и Ангус Т. Џонс.
Улогата на композиторот и женкар Чарли ја толкуваше Чарли Шин, се до кавгата со продуцентите кога беше заменет со Ештон Качер, а многумина се сеќаваат и на Роуз која со сите сили се трудеше да го освои неговото срце.
Улогата на Роуз ја толкуваше актерката Мелани Лински, која се прослави по оваа улога. Актерката минатата година постигна голем успех во кариерата со улогата во серијата “Yellowjackets”, но и покрај тоа се бореше со „стандардите за убавина“.
Таа изјави за „Њујорк Тајмс“ дека нејзината кариера првично се засновала на сценарија за „дебела пријателка“ или „смешна дебела жена“.
„Луѓето кои ја оценуваат мојата тежина и здравје се приказна за мојот живот уште од премиерата на “Yellowjackets”, напиша таа на мрежата „Х“ и додаде дека „да се биде слаб не секогаш значи да се биде здрав“.
Нејзиниот сопруг ја поддржал, пишувајќи на мрежата „Икс“: „Ако некој има несакани коментари за нечиј изглед, слободно нека ги напише со трајно мастило на челото и нека излезе директно на сонце“.
Забава
Луѓето родени во овие два хороскопски знаци не сакаат да готват
Готвењето е уметност – барем за некои луѓе. Меѓутоа, други секогаш ја избегнуваат кујната и често може да ги фатите како нарачуваат храна од ресторани. Тие луѓе можеби се родени во овие хороскопски знаци.
Водолија
Водолиите се современи визионери, а нивната имагинација често ги надминува секојдневните задачи како што е готвењето. Наместо да поминуваат време на сечкање зеленчук, тие веројатно се зафатени со создавање револуционерни идеи кои ќе го променат светот. Кујната е едноставно преполна и премногу рестриктивна за нив; тие попрво би откриле нови светови отколку да мешаат сосови.
Стрелец
За Стрелците светот е нивна авантура, а кујната е како темнина која едноставно не сакаат да ја истражуваат. Тие се премногу зафатени со мечтаење за нивната следна дестинација или планирање авантури, па кујната често ја нема на нивната мапа. Стрелците ја сакаат слободата и слободата на движење, а готвењето често ги спречува да истражат се што може да понуди светот.
Забава
Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете
Петар Грашо и Хана Хуљиќ го чекаат своето второ дете.
Ова го потврди пејачката во емисијата Ин Магазин. Парот ќе станат родители по втор пат, откако пред година и девет месеци ја добија малата Алба.
View this post on Instagram
Хана неодамна проговори за мајчинството.
„Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела е. Таа донесе нешто посебно во нашиот живот“, изјави Хана. Вели дека многу и помагаат двете баби.
Хана е среќна што Алба расте во вљубено семејство.
„Горда сум што детето расте во љубов, што за жал не е толку често во денешно време и секогаш ми е жал за децата кои ја немаат и ми е тешка тема“, додаде таа.
Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во Сплит.