Забава
Градежник направи куќа наопаку
Поранешниот градежник Валдевино Мигуел да Силва од Бразил, направил куќа која стои на покрив, додека темелите се на врвот.
Наопаку се свртени и прозорците и вратите. Куќата се наоѓа во Сао Матеус и е вистинска атракција.
Вистинскиот влез е назад, а во неа кој не живее, Направена е за забава, а пред неа туристите може да се фотографираат. Внатрешноста е потполно нормална, а собите се уредени традиционално.
Во приземјето се наоѓаат кујната, трпезаријата и бањата, додека на катот има две соби.
„Многу долго работев во градежната индустрија и кога се пензионирав сакав да направам нешто возбудливо и поинакво. Си поставив себеси предизвик да бидам атрактивен и направив куќа поставена наопаку“, вели Да Силва кој сега има 65 години.
Неговата сопруга на почетокот мислела дека се шегува и му велела да не го прави тоа.
„Звучеше како луда идеја и мислев дека нема добро да изгледа, но немаше смисла да се расправам со него. Кога нешто ќе зацрта, мора да е по негово“, вели Мариа Елизабет да Силва.
Одлучила да му помогне и на проектот работеле три години. Куќата има 400 метри квадратни, а да Силва ја изнајмува.
„Кој и да живее во неа, ќе стане славен“, вели сопственикот./крај/к/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Интервју за работа по рецепт на Стив Џобс: една прошетка, едно пиво и многу искреност
Сосновачот на „Епл“, Стив Џобс, бил познат по своите неконвенционални методи и високите стандарди при избор на вработени. Наместо класични интервјуа, тој често ги носел кандидатите на прошетка или на пиво за да види какви се во опуштена атмосфера.
Неговата цел била да ги запознае луѓето подлабоко, поставувајќи едноставни, но значајни прашања како: „Што направивте минатото лето?“ или „Кога последен пат постигнавте нешто важно?“.
Џобс не барал точни одговори, туку карактер и начин на размислување. Верувал дека успехот доаѓа од „А-играчи“ – најдобрите професионалци кои се мотивирани и сакаат да соработуваат со луѓе на своето ниво.
Со таков тим, Џобс создаде уреди што ја променија технологијата – iPod, iPhone и iPad – и остави трајно наследство по својата смрт во 2011 година.
Забава
(Видео) Кети Пери и Џастин Трудо ја потврдија својата врска со романтичен состанок во Париз
Кети Пери и Џастин Трудо официјално ја потврдија својата врска и решија да ги прекинат гласините со романтичен состанок во Париз. Двојката беше видена како се држи за раце во саботата навечер на забавата по повод 41-виот роденден на познатата пејачка.
Според видео објавено од „ТМЗ“, го прославија роденденот на пејачката во Париз. Пери блескаше во тесен црвен фустан, додека насмеано се држеше за раце со поранешниот канадски премиер пред познатото кабаре „Крејзи Хорс“. Обожавателите и фотографите ги поздравија кога го напуштија театарот, а двојката, не криејќи ја својата љубов, се упати кон автомобилот што ги чекаше.
Ова заедничко излегување доаѓа само еден ден откако извори открија за „УС Викли“ дека пејачката е „навистина заинтересирана“ за врска со Трудо.
„Кети е навистина заинтересирана за тоа. Таа е многу среќна“, рече изворот.
„Тој се обидува да го држи тоа во тивка атмосфера и поминале многу приватно време заедно. Не сака јавно да зборува за оваа врска.“ Истиот извор додава дека нивните пријатели мислат дека се добар пар, иако Трудо сè уште не се запознал со многумина од нејзиното друштво. Гласините за нивната романса првпат се појавија во јули, кога беа видени на вечера во Монтреал.
Романсата доаѓа откако Пери ја заврши долгогодишната свршувачка со актерот Орландо Блум, со кого ја има петгодишната ќерка Дејзи Дав, претходно оваа година. Нивните претставници потврдија во јули дека одлучиле да се фокусираат на заедничко родителство.
Од друга страна, Џастин Трудо објави во 2023 година дека по 18 години брак, се разведува од сопругата Софи Грегоар, со која има три деца. Трудо беше премиер на Канада од 2015 до март 2025 година.
Фото: Принтскрин од видео „ТМЗ“
Забава
Карма според датумот на раѓање: духовни лекции што треба да ги совладате
Според астрологијата и нумерологијата, датумот на раѓање ја открива вашата кaрмичка мисија – животните лекции што душата ги учи за духовен раст.
Родени 1, 10, 19, 28 – Карма на независност и водство
Под влијание на Сонцето, треба да научите самостојност и скромност. Добрата карма доаѓа кога инспирирате други, а не кога доминирате.
Родени 2, 11, 20, 29 – Карма на сочувство и емоционална рамнотежа
Под Месечината, тука сте да развиете емпатија и да верувате во својата интуиција. Балансот доаѓа кога негувате, а не кога им угодувате на сите.
Родени 3, 12, 21, 30 – Карма на изразување и комуникација
Водени од Меркур, треба да ја користите моќта на зборовите за позитивност и поврзување, избегнувајќи трачеви и површност.
Родени 4, 13, 22, 31 – Карма на стабилност и труд
Вашиот пат е дисциплина и одговорност. Успехот доаѓа преку посветеност, не преку материјални добра.
Родени 5, 14, 23 – Карма на слобода и флексибилност
Животот ве учи да се прилагодувате и да не се плашите од промени. Вистинската сила е во прифаќањето на трансформацијата.
Родени 6, 15, 24 – Карма на љубов и одговорност
Под Вeнерата, треба да ги негувате другите и да научите да давате без да се исцрпувате.
Родени 7, 16, 25 – Карма на духовно будење и вистина
Нептун ве води кон интроспекција и вера. Игнорирањето на интуицијата носи немир.
Родени 8, 17, 26 – Карма на моќ и материјално мајсторство
Со влијание на Сатурн, тука сте да градите успех со интегритет, не со его.
Родени 9, 18, 27 – Карма на страст и цел
Под Марс, треба да ја насочите силата и амбицијата кон создавање, а не контрола.




