Забава
Девојката на Берлускони сака да се омажи за него

Дваесет иосумгодишната девојка на Силвио Берлускони, Франческа Паскале сака да се венча со поранешниот италијански премиер.
Берлускони кој во недела ќе наполни 77 години, се разведува од својата втора жена Вероника Ларио, со која се венчаше во 1990 година и со која има три деца.
„Бев малолетна кога сватив дека многу ми се допаѓа“, рече Паскале, а дел од нејзиното интервју ќе биде објавено во утрешниот број на Vanity Fair, беше објавено во вторник на интернет страната на магазинот.
„Го поканив да излеземе, му се додворував, постигнав да се заљуби во мене и на крајот станав негова девојка. Всушност, сè направив сама и сега преостанува само да ми одговори ‘да’“, рече Франческа.
Паскале, која пораснала во Неапол, открива дека Берлускони го запознала кога имала 21 година. Била коосновач на клубот кој работел под назив „Силвио, ни недостасуваш“, откако го загуби премиерското место во 2006 година.
„Веднаш го прашав дали можам да му го дадам бројот на мојот телефон и го побарав неговиот, на што ми одговори :Бескруполозна си!“, вели Паскале. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Убиен е рок-гитаристот Горд Луис, син му е обвинет за убиството

Горд Луис (65), основачот и гитарист на панк рок-групата „Тинејџ Хед“, беше пронајден мртов во неделата во неговиот стан во Хамилтон, Онтарио (Канада) во, како што вели полицијата, очигледно убиство.
Неговиот 41-годишниот син – Џонатан Луис, бил уапсен веднаш откако полицијата пристигнала во станбената зграда. Според полицијата, тој е обвинет за убиство од втор степен.
Повеќе писатели и медиуми објавија дека им биле испратени низа пораки од две сметки за е-пошта со името Џонатан Луис. Пораките почнале околу 20 часот во саботата и продолжиле до доцните утрински часови во неделата.
Покрај барањата за помош, пораките вклучувале и упатувања дека неговиот татко е мртов.
Една е-пошта испратена во сабота навечер вклучувала: „Сега сакам само да добијам помош за мојата болест и да му дадам на татко ми правилно погребување. Тој не го заслужи ова“.
Забава
(Видео) „Чекај да дојадам“: видео со мачка и хрчко ги освои социјалните мрежи

На „Редит“ неодамна беше објавено смешно видео од две домашни миленичиња – мачка и хрчко – кое им ги освои срцата на гледачите.
Хрчкото со шепите држи крекер и го грицка, а мачката на почетокот на видеото стои над него. Во еден миг нежно го фаќа со забите за вратот, но веднаш не го носи, туку првин чека малиот глодч да заврши со грицкањето.
Видеото беше прегледано десетици илјади пати и многумина напишаа дека сцената е многу симпатична.
Сепак, некои луѓе коментираа дека идејата можеби не е добра.
„Проблемот е што кога мачката си игра со хрчко, тој може да се повреди за неколку секунди. Тоа може да се случи толку бргу што сопственикот можеби ќе нема време да реагира. Поради начинот на кој мачката си игра, тој може да изгуби око или да скрши нога или, пак, уште полошо“, напиша еден корисник.
„Да, ова е опасно за хрчкото. Особено ако направи некој погрешен потег што ќе ја натера мачката да помисли дека е плен. Тогаш ќе реагира инстинктивно“, додаде друг.
Забава
Фановите тврдат дека алкохолот е виновник за разделбата на Бен Афлек и Џеј Ло

Медениот месец само што заврши, а Бен Афлек и Џенифер Лопез наводно решиле да се разделат на одредено време.
Фановите се загрижени за уморниот изглед на Бен и имаат теорија за вистинската причина зад нивната одлука.
Папараците го забележаа видливиот умор на Афлек среде меден месец, а актерот повторно беше цел на мемиња и сензација на социјалните мрежи.
Дали причината е минатото на Афлек?
Корисниците на „Твитер“ имаат теорија за мистериозната причина за разделбата, а која нема никаква врска со идејата дека тоа го прават за да ја одржат магијата меѓу нив.
Според нив, најверојатно, Лопез побарала од Афлек да побара стручна помош за неговата зависност од алкохол, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Афлек ја обвини поранешната сопруга за својата зависност.
Во една од своите најконтроверзни изјави досега Афлек ја обвини својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер дека е причина за неговата зависност од алкохол. Во интервјуто со Хауард Стерн актерот изјави: „Дел од причината поради која почнав да пијам беше затоа што се чувствував како да сум заробен. Често си мислев: „Не можам да побегнам од моите деца, но не сум среќен, што можев да направам? Пиев шише виски и заспивав на каучот, што не беше добро решение“.
Но, зависноста на Афлек датира многу порано пред бракот со Гарнер, па дури и пред неговата прва врска со Лопез.
Тој се пријави на лекување во 2001 година, потоа двапати додека беше во брак со Гарнер и повторно во 2017 и 2018 година.