Забава
Деми Мур позира во градник; Обожавателите: Мило ни е што го покажуваш своето вистинско лице
Деми Мур (61) била на забавата за 33. роденден на ќерка си Скаут Вилис.
На една од фотографиите се гледа и Деми Мур во бел костим за капење држејќи ѝ ги рацете на внуката Луета, ќерка на Румер Вилис и Дерек Томас. Изгледот на актерката веднаш беше пофален.
„Како може некој да има баба како Деми Мур? Јас би умрела“, „Ти си убава, но отсекогаш сум ја обожавала мајка ти“, „Имам многу почит за тебе, Деми. Сите зборуваат за пластичната операција, а ти овде покажуваш како навистина изгледаш“, се дел од коментарите.

Деми неодамна се најде на удар на критики поради тоа што објави фотографија на која е со деколте до папокот. „Баба се обидува да изгледа како девојче со помош на пластична хирургија“, „Изгледаш старо“, „Овој изглед не ти одговара на годините. Треба да ја скратиш косата, да си ги покриеш градите“, беа некои од коментарите.
Деми јавно ѝ го честита роденденот на својата ќерка. „На мојот сладок ангел… Најсреќен роденден! Почестена сум што сум твоја мајка и благодарна што го споделувам ова животно патување со тебе! Најдоброто допрва доаѓа и многу сум возбудена што ја гледам магијата што те следи. Те сакам“, напиша Деми.
Мур ги има Скаут, Талула и Румер во бракот со својот поранешен сопруг Брус Вилис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејти Пери со роденденската торта предизвика бес кај фановите: „Ова е патетично“
Пејачката Кејти Пери го прослави 41. роденден на својата турнеја, но наместо честитки, доби лавина критики поради еден потег што го сподели на социјалните мрежи.
На видеото од прославата се гледа како Пери ги дува свеќичките, а потоа ја фаќа тортата и ја фрла кон еден член од тимот, кој во последен момент ја избегна. Тортата заврши на земи, а некои од танчерите потоа јадеа парчиња од подот.
View this post on Instagram
Фановите ја осудија сцената, нарекувајќи го однесувањето на пејачката „незрело и без почит“. „Тимот ѝ подготви торта со љубов, а таа ја фрли на под – патетично“, напишал еден корисник. Друг додал дека Пери „треба да се спушти на земја“.
Забава
Кендал Џенер: Бев многу љубоморна на сестра ми Кајли
Манекенката Кендал Џенер во новата епизода на реалити-серијата The Kardashians откри дека како тинејџерка била љубоморна на својата помлада сестра Кајли, затоа што родителите имале многу полабав однос кон неа.
„Кајли пушеше трева пред мене, и јас се налутив. ѝ реков: ‘Ти си дегенерик!’“, раскажа Кендал, додавајќи дека вистинската причина била љубомората — „бев љубоморна што не бев толку слободоумна како неа“.
На крај, призна дека и самата им се придружила и дека „си поминале супер“. Според неа, тогаш имале само 16 и 14 години.
Кајли потврди дека, како најмладо дете, успевала да избегне многу родителски правила. „Мама беше построга со постарите, а со мене веќе беше поопуштена,“ рече таа, додавајќи низ смеа дека Кендал во тие години била „вистински хејтер“.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.

