Забава
Оскаровката Хали Бери полни 57 години
Хали Бери го слави својот роденден на 14 август.
Оскаровката денес полни 57 години, a како подарок за нејзините фанови таблоидите прикажаа неколку фотографии со кус осврт на позитивната енергија што ја шири околу себе и, потсетувајќи на нејзиното животно мото дека со раширени раце им посакува добредојде на годините.
Таа отсекогаш била препознатлива по природната убавина.
Поранешната Бонд девојка уште еднаш докажа дека не се плаши од стареењето.
Две недели пред нејзиниот роденден, таа покажа во колку добра форма е.
Фотографијата во маичка и бикини на скејтборд – која стана вирална и која ја презедоа повеќето таблоиди – е доказ за нејзината неверојатна фигура.
Хали беше во брак три пати. Првиот брак со бејзбол играчот Дејвид Џастис од 1993 до 1997 година. Актерката се омажи за музичарот Ерик Бен во 2001 година, се разведоа четири години подоцна. Од 2005 до 2010 година, таа живееше во неофицијализиран брак со моделот Габриел Обри, со кој има ќерка – Нала Ариел Обри. Третиот брак беше со актерот Оливие Мартинез од 2013 до 2016 година.
Од 2020 година, Хали е во врска со пејачот Ван Хант. Добро упатени извори тврдат дека е заљубена повеќе од било кога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.