Забава
Дени Бојл се откажа од новиот филм за Бонд
Дени Бојл нема да го режира новиот филм за Џемс Бонд. Причина се „креативните несогласувања”.
Продуцентите на мултимилионската франшиза за агентот 007, Мајкл Вилсон и Барбара Броколи, и актерот Даниел Крег ја објавија оваа вест на „Твитер“, без какви било детали за какви несогласувања станува збор и кој ќе го замени Бојл.
Michael G. Wilson, Barbara Broccoli and Daniel Craig today announced that due to creative differences Danny Boyle has decided to no longer direct Bond 25. pic.twitter.com/0Thl116eAd
— James Bond (@007) August 21, 2018
Новиот 25-ти филм за Бонд е во фаза на претпродукција. Почетокот на снимањето е планирано за декември 2018 година, а премиерата за ноември 2019 година.
Уште во мај беше најавено дека Бојл ќе режира филм според оригиналното сценарио на Џон Хоџ, неговиот соработник на „Треинспотинг“, кој е заснован на идејата на Бојл.
Ова треба да биде последен и петти филм во кој Крег ќе го толкува Бонд, така што во јавноста веќе кружат шпекулаци кој ќе го наследи. Во последно време, сè погласни се трачовите дека тоа би можел да биде Идрис Елба.
Елба, најверојатно, ќе стане првиот црн Џемс Бонд, за што одамна се зборува. Самиот актер објавуваше мистериозни твитови, навестувајќи го своето учество во франшизата во иднина, а очевидци тврдат дека за време на неговиот диџеј-сет во Лондон ја пуштал познатата 007 тема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашијан, како нејзина мајка, трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – „тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува“.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тикток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокираше сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација што ја комбинираше со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следеше лавина од коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тикток“, додека друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, искоментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на „Saturday Night Live“ по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната „Madeline“ и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето „правило“.
За сцената, таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни стајлинзи на Дакота Џонсон, поради кои речиси ја остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

