Забава
Загуби улоги поради обвинувања за силување, а сега и договор од 12 милиони долари
Планот на „Ентертејнмент артс рисрч инк.“ да го откупи брендот текила „Ембар“ (Ambhar) во сопственост на ѕвездата на „Сексот и градот“, Крис Нот, не успеа по појавувањето на наводите за сексуален напад.
Иако тој ги негира сите обвинувања, се чини дека договорот од 12 милиони долари ќе падне во вода.
Преговорите, кои почнаа во август минатата година, требаше да бидат финализирани минатата недела, но Бернард Рубин, извршен директор на Entertainment Arts Research Inc., изјави за „Фокс бизнис“: „Во овој момент и со оглед на тежината на обвинувањата нема смисла да се продолжи со овие преговори“.
Официјалната веб-страница на „Ембар“ беше угасена во неделата, а портпаролите на компанијата не го коментираа случајот. Нот ја презеде мнозинската сопственост во компанијата во 2018 година и беше клучен за брендот да добие национална дистрибуција.
За потсетување, „Пелетон“ ја повлече рекламата со Нот, а се огради и Рајан Рејнолдс, чија медиумска компанија „Максимум ефорт“ учествуваше во креирањето на рекламата. Покрај тоа, Агенцијата за уметници А3 ја прекина соработката со актерот.
Во меѓувреме, тој доби отказ и од драмската серија „Еквилајзер“, чија нова сезона треба да почне во јануари.

Досега две жени го обвинија Нот за сексуални напади, кои наводно се случиле во 2004 и 2015 година, на што актерот одговори: „Обвинувањата доаѓаат од жени што ги запознав пред години, дури и неколку децении, и сите тие се категорично невистинити. Без разлика дали се тоа приказни пред 30 години или 30 дена, ‘не’ секогаш значи ‘не’ и тоа е границата што никогаш не сум ја преминал. Средбите беа консензуални. Тешко е да не се доведе во прашање тајмингот на овие наводи. Не можам да кажам со сигурност зошто се појавуваат токму сега, но едно е сигурно – јас не ги нападнав тие жени“.
Актерката Зои Листер-Џонс рече дека Нот се однесувал несоодветно за време на снимањето на серијата „Закон и ред“ и дека често бил пијан на снимањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

