Забава
„Има само еден услов“: Бен Афлек подготвен за нова врска
Бен Афлек е подготвен за состаноци и нова врска по разделбата со Џенифер Лопез, изјавиле за „Дејли мејл“ извори блиски до 52-годишниот актер. За ова има еден услов – ќе излегува само со жени што се трезни, со оглед на тоа дека во минатото имал проблеми со алкохолот.
„Бен не се откажал од врските и, конечно, се чувствува подготвен да продолжи напред и повторно да почне да излегува. Нема да навлегува во ништо сериозно додека не се финализира разводот, но тоа не значи дека не може да излегува“, рекол изворот.
„Тој само сака да излезе со некој што е трезен. Изминатите две години беа тешки за Бен и кога почнува да закрепнува, едно е многу јасно: неговото закрепнување е на прво место“, додаде тој.
Претходно, беше познато дека Бен добил терапија и дека во неколку наврати се откажал од алкохолот. На тој чекор првпат се одлучил во 2001 година, а во март 2017 година објавил дека завршил со лекувањето од оваа зависност.
„Завршив со лекувањето, се соочив со ова во минатото и ќе продолжам да се соочувам“, напиша тогаш тој на својот „Фејсбук“.
„Сакам да го живеам животот во потполност и да бидам најдобриот татко што можам да бидам. Сакам моите деца да знаат дека не е срам да добивате помош кога ви е потребна и да бидам извор на сила секому кому му треба помош, но се плашам да го направам првиот чекор. Имам среќа што ја имам љубовта на семејството и пријателите.
На крајот на август 2018 година, по иницијатива на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, тој повторно заврши во центар за рехабилитација. Џенифер и уште една жена биле снимени како пристигнуваат во замокот на Афлек во Калифорнија, а потоа, како што пишува ТМЗ, Бен решил да го прифати мислењето на својата поранешна сопруга дека му треба помош и со автомобилот се упатиле директно во центар за лекување.
Неколку дена пред интервенцијата на интернет се појавија фотографии на кои се гледаат големи кутии со алкохол, вклучувајќи виски и пиво, испорачани на негова адреса. Се вели дека ова е последната капка за Џенифер, која решила да му помогне.
Неодамна актерот беше виден како излегува од центар за рехабилитација во Калифорнија. Судејќи по фотографиите, тој беше видно расположен. Некои странски медиуми шпекулираат дека тој дошол само за да им даде поддршка на луѓето што се борат со разни зависности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кои се најголемите таленти на секој хороскопски знак? Близнаците се иноватори, Биковите се упорни…
Секој хороскопски знак носи свој уникатен талент – дар што Бог ви го дал за да ја исполните вашата животна мисија и да живеете значаен и исполнет живот. Овие посебни таленти не се само симболични особини, туку вистински силни страни што ве водат низ предизвици и ве водат кон успех.
Подолу, откријте кој е вашиот најголем дар според вашиот хороскопски знак и како да го препознаете, развиете и користите за да го постигнете вашиот целосен потенцијал.
Некои од даровите на хороскопските знаци се интересни.
Овен
Бог ви дал бестрашна енергија и неисцрпна волја да започнете нови работи. Вашата храброст и страст ве прават природен лидер.
Бик
Вашиот талент е упорност и способност да создадете стабилност и убавина околу вас. Имате дар да работите напорно и да уживате во плодовите на вашиот труд.
Близнаци
Бог ве обдарил со дар на комуникација и брзо размислување. Вашата љубопитност и прилагодливост ве прават одлични соговорници и иноватори.
Рак
Вашиот најголем талент е длабоката емпатија и интуиција. Бог ти дал сила да се грижиш за другите и да создаваш топли и сигурни односи.
Лав
Вашата харизма и креативност се божествени дарови. Имате моќ да инспирирате и да го осветлите патот на другите, а вашата енергија е заразна.
Девица
Бог ви дал остар ум и способност да забележувате детали. Вашата прецизност и посветеност се клучни за успех и помагање на другите.
Вага
Вашата способност да создавате рамнотежа и хармонија е дар што Бог особено го цени. Имате талент за правда и градење прекрасни односи.
Шкорпија
Вашата сила е длабока страст и решителност. Бог ви дал моќ на трансформација и способност да извлечете светлина од темнината.
Стрелец
Вашиот дар е оптимизам и љубов кон слободата. Имате способност да ширите знаење и да ги инспирирате другите на патот кон вистината.
Јарец
Бог ви дал дисциплина и мудрост. Вашиот талент е да го изградите својот пат до врвот со трпение и упорност.
Водолија
Вашата иновација и оригиналност се божествени дарови. Имате моќ да го промените светот преку вашите идеи и визии.
Риби
Вашата интуиција и сочувство се посебни таленти. Бог ви дал способност да поврзувате светови и да им помагате на другите да го пронајдат својот мир.
Како да го користите вашиот дар?
Препознајте ги вашите таленти, негувајте ги и користете ги за доброто на себе и на другите. Кога живеете во хармонија со вашиот божествен дар, ќе се чувствувате исполнето и успешно во сите области од вашиот живот.
Забава
(Фото) Кејт Мидлтон повторно е најубавата принцеза на светот
Кејт Мидлтон повторно ја оправда титулата најдобро облечена жена за 2025 година и се појави на свечен настан во комбинација што носи силна порака.
Имено, принцезата од Велс неодамна беше домаќин на женскиот рагби тим „Red Roses“ по повод нивната победа на Светското првенство во рагби за жени.
За оваа свечена пригода, таа одлучи да носи елегантен црвен костум што претставува совршена комбинација од формален пристап кон модата и шик облека.
Со изборот на црвена боја, Кејт сакаше да им оддаде почит на националниот тим на нејзината земја за нивниот голем успех, но и да му покаже на светот уште еден беспрекорен аутфит од нејзиниот омилен бренд Александар Меквин.
Костумот е украсен со асиметричен крој и широки панталони што ја истакнуваа нејзината витка фигура. Стилот го надополни со минималистичка шминка во земјени тонови, а косата ја стилизираше на препознатлив начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената.
Забава
(Фото) Ана Ивановиќ го испочитува трендот: Објави фотографии од 2016 година, Бастијан како да не постои
Сè повеќе корисници на Инстаграм се приклучуваат кон виралниот тренд на објавување на свои фотографии од 2016 година. Целта е да се потсетат на стари спомени и објави што ги направиле пред 10 години, а кои будат носталгија.
Српската тенисерка Ана Ивановиќ, која е често активна на Инстаграм по разводот од Бастијан Швајнштајгер, исто така се приклучи на популарниот тренд. Нејзините фотографии од 2016 година разбудија емоции и убави спомени кај многу нејзини обожаватели.
Меѓу фотографиите на многу помладата Ана, имаше и такви од тенискиот терен, а нејзината енергија и блескава насмевка сè уште ја красат. Посебно внимание привлече и фотографија со Рафаел Надал од натпревар во двојки, која многумина потсети на годините на златниот тенис и нераскинливото пријателство.
Покрај фотографиите од нејзините славни тениски денови, забележливи беа и оние што ги направила за големи брендови. Па така, имавме можност да ја видиме Ивановиќ во малку поинаква, поелегантна верзија.
Свадбата што не ја спомена
Годината 2016 беше значајна и за приватниот живот на Ана. Тогаш се омажи за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер и започна нов, семеен живот.
Сепак, Ана не објави фотографии од свадбата во оваа објава на Инстаграм, туку реши да го покаже духот на времето преку фотографии од теренот, од снимањето на модни едиторијали и кампањи за големи брендови.

