Забава
Интимната исповед на принцот Хари и Меган ќе се емитува на 7 март

Војводата и војвотката од Сасекс јавно ќе проговорат за својата одлука да ја напуштат монархијата во ТВ-интервју што ќе го води нивната блиска пријателка Опра Винфри.
Интервјуто со наслов „Опра со Меган и Хари: Си-би-ес прајмтајм спешл“ е опишано од американската телевизиска мрежа како интимен разговор што ќе се емитува во ударен термин на 7 март.
Одлуката за ваков разговор доаѓа нешто повеќе од една година откако двојката објави дека решиле да го напуштат кралскиот живот и дека сакаат да работат за да станат финансиски независни. Тие ги извршија своите последни официјални кралски должности минатиот март.
Не е познато дали Хари и Меган го известиле кралското семејство за своите планови за интервју. Бакингемската палата одби да коментира. Исто така, не е познато кој радиодифузер, доколку го има, ќе го прикаже интервјуто во Велика Британија.
Хари и Меган се венчаа во замокот Виндзор во мај 2018 година.
Винфри беше гостинка на нивната венчавка (2018).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џејсон Момоа и 12 години помладата актерка привлекоа внимание на Канскиот филмски фестивал

45-годишниот актер Џејсон Момоа привлече внимание со својата 12-годишна девојка, порториканската актерка Адрија Арjона, на Канскиот филмски фестивал.
Тој ја поддржа на премиерата на нејзиниот нов филм „Сплитсвил“. Адрија се појави на црвениот тепих во зелена сатенска облека, а Момоа носеше бело одело. Двајцата позираа насмеани за фотографите.
Момоа претходно беше во брак со Лиза Бонет, која е 12 години постара од него. Момоа и Бонет имаат две деца, а се разведоа во јануари 2024 година. Поранешните сопружници имаат заедничко физичко и законско старателство над 17-годишната ќерка Лола и 16-годишниот син Накоа-Волф.
Адрија, исто така, има еден неуспешен брак зад себе. Актерката се омажи за својот долгогодишен партнер, адвокатот Едгардо Каналес, во 2019 година, но не е познато кога парот се разделил.
Забава
Влогер снимал видео, немал претстава дека до него седи позната холивудска актерка

Виетнамскиот патнички влогер Коа Паг снимал видео во ресторан, сосема несвесен дека седи до една од најголемите холивудски ѕвезди, актерката Натали Портман.
Додека го снимал видеото во ресторан во Јапонија, Коа јадел и коментирал суши како што обично прави во своите видеа, и не обрнувал внимание на актерката во текот на целото видео.
„Седна и јадеше со сопругата на Тор без дури ни да ѝ кажеш здраво!“, „Сопругата на Тор седи до тебе, внимавај, ако те удри гром со стапот, ќе станеш суперхерој! Но, морам да признаам дека имаше среќа бидејќи сретна суперѕвезда“ и „Тоа е Натали Портман, таа е толку позната. Имаш толку среќа“, беа некои од коментарите под видеото.
Забава
Џенифер Лопез фотографирана во Њујорк облечена во необична јакна

Пејачката Џенифер Лопез повторно го покажа својот префинет моден вкус. Таа беше фотографирана во Њујорк на прославата по повод роденден, каде што привлече внимание со својата облека.
Пејачката носеше впечатлива јакна во боја на праска, под која се гледаше свилен фустан во иста боја.
Таа го искомбинираше и со транспарентни сандали со отворени прсти и светкава чантичка.
Латино дивата ја смени својата облека за време на настанот. Таа пристигна на прославата во бел фустан, сребрени сандали на платформа, а косата собрана во пунџа.