Забава
И Елтон Џон и Лајонел Ричи им забранија на политичарите да користат нивна музика во кампањи

Елтон Џон, „Ролинг стоунс“ и Лајонел Ричи им се придружија на повеќе од 50 музичари кои ги повикаа демократите и републиканците да престанат да користат нивни песни во кампањи и во политички амбиент без претходна дозвола.
Алијансата за авторски права на уметниците (АРА) напиша отворено писмо до републиканците и демократите во вторникот, и побара од нив „да се заложат дека сите кандидати што ги поддржуваат ќе побараат согласност од истакнати уметници и текстописци пред да ја користат нивната музика во кампањски и политички амбиент.
„Ова е единствениот начин ефективно да ги заштитите вашите кандидати од правен ризик“, стои во писмото
„Ваквиот начин на неволно вовлекување на уметникот во политика може да ги компромитира неговите лични вредности и истовремено да ги разочара и оддалечи фановите – задно со голема морална и економска цена“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Го врати омразениот тренд и ги покажа своите прекрасни облини

Пејачката Џенифер Лопез веќе некое време е во центарот на вниманието на јавноста. Таа ја заврши својата голема турнеја „Up All Night“, но за нејзините вокални способности и смели сценски костими сè уште се зборува.
Да се потсетиме дека таа танцуваше во танга на сцената. Потоа предизвика лавина од коментари на мрежите, а многумина напишаа дека таквата облека е несоодветна за очите на јавноста.
Сепак, таквиот став на луѓето не ја „победи“, и таа продолжи со своите атрактивни изданија – но на социјалните мрежи…
Таа објави селфи на Инстаграм во црно боди и проѕирни чорапи со цветни мотиви, со што го оживеа добро познатиот тренд „без панталони“ (тренд што подразбира комбинација без долни делови од облеката).
Својот изглед го комплетираше со златни додатоци и црна беретка.
Забава
Нов тренд на вежбање: јапонско интервално одење

Ако не ве привлекува помислата да кревате тегови или да трчате на лента за трчање во сала за вежбање, можеби најновиот тренд, кој доминира на социјалните медиуми, ќе ви помогне: јапонско интервално одење.
Идејата за одење е едноставна: наизменично 3 минути брзо одење и 3 минути бавно одење, идеално 30 минути одеднаш.
Д-р Кристијан Карстофт, вонреден професор на Универзитетот во Копенхаген, вели дека пристапот е особено погоден за луѓе склони кон повреди при трчање бидејќи одењето става помал стрес на нивните зглобови или за луѓе на средна или постара возраст, кои не вежбаат редовно.
Луѓето што веќе се во прилично добра форма, рече тој, треба да трчаат или џогираат во интервали за да доживеат слични придобивки.
Режимот е сличен на интервалниот тренинг со висок интензитет (HIIT). Д-р Шон Филипс, професор по физиологија на спорт и вежбање на Универзитетот во Единбург, рече: „Вежбањето со висок интензитет може да обезбеди слични придобивки како и вежбањето со умерен интензитет, но во пократок временски период (или) со помал обем на вежбање. Користењето висок интензитет му дава на телото поголем поттик да се приспособи“.
Сепак, не секој може да го прави ова темпо. Филипс рече дека луѓето што се помалку активни треба да почнат со нормална прошетка, а потоа постепено да преминат на интервално одење.
Иако интервалното одење со висок интензитет неодамна стана популарно на „Тик-ток“, каде што ентузијастите споделуваат видеа од себе како сериозно шетаат во градските паркови, идејата датира пред повеќе од 20 години кога научниците во Јапонија почнаа да ја проучуваат кај возрасни на средна и постара возраст.
Според јапонска студија, која анализирала податоци од 139 здрави учесници, со просечна возраст од 63 години, луѓето што применувале интервално одење со висок интензитет четири или повеќе дена во неделата во период од пет месеци го зголемиле својот аеробен капацитет, што укажува на подобрена физичка подготвеност.
Покрај тоа, овие подобрувања биле поголеми од оние кај учесниците што правеле континуирано одење со умерен интензитет или кои не оделе.
Студијата исто така сугерира дека интервалното одење со висок интензитет може да го намали крвниот притисок и да ја зголеми силата на зглобовите.
Забава
Анџелина Џоли планира да се отсели од САД

Анџелина Џоли е подготвена за ново поглавје во својот живот и планира да го продаде својот дом во Лос Анџелес за да се пресели во странство.
50-годишната актерка, како што ексклузивно дознава „Пипл“, веќе почнала подготовки за продажба на луксузната вила, која е нејзин дом со години.
„Џоли никогаш не сакала трајно да живее во Лос Анџелес. Немала избор поради договорот за старателство со Бред“, открива изворот алудирајќи на нејзината долгогодишна правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит (61).
Поранешната двојка, чиј развод беше финализиран во декември 2024 година по осум години борба, делат шест деца: Медокс (24), Пакс (21), Захара (20), Шајло (19) и близнаците Нокс и Вивиен (17).
Изворот додава дека актерката планира да замине штом нејзините најмлади близнаци наполнат 18 години в година.
„Размислува за неколку локации во странство. Многу е среќна што ќе може да го напушти Лос Анџелес“, додал изворот.
Историска вила на продажба
Ова е навистина посебен имот. Џоли планира да направи неколку мали подобрувања пред да го стави имотот на пазарот. „Тоа е историско ремек-дело и толку прекрасен имот“, забележува изворот. Актерката ја купила историската зграда од 1913 година во 2017 година за 24,5 милиони долари.
Пространиот имот од 1.000 квадратни метри има шест спални соби и десет бањи. Неговата вредност лежи и во богатата холивудска историја – режисерот Сесил Б. де Мил го купил во 1916 година, а подоцна го анектирал и соседниот имот, каде што некогаш живеел Чарли Чаплин.
„Сакам приватност, мир и безбедност“
Џоли претходно зборуваше за својата желба да го напушти Лос Анџелес. Во интервју за „Холивуд репортер“ во 2024 година таа рече дека е во градот затоа што мора да биде таму поради разводод. Откога нејзините обврски повеќе нема да бидат врзани за Калифорнија, таа е подготвена да живее во странство барајќи квалитети што Лос Анџелес не може да им ги понуди на неа и на нејзините деца.
„Кога имате големо семејство, сакате тие да имаат приватност, мир, безбедност“, рече таа во тоа време. „Сега имам куќа за да ги одгледам моите деца, но понекогаш ова место може да биде… таа човечност што ја најдов во целиот свет не е она со што пораснав тука“.
По заминувањето, таа откри дека ќе поминува многу време во Камбоџа, каде што го посвои својот најстар син, Медокс, во 2002 година. Порано оваа година, на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, таа призна дека Камбоџа е единственото место што навистина го смета за свој дом.