Забава
Кевин Спејси немаше добри намери, вели тужителот пред судот во Лондон
Лондонскиот суд во понеделникот го слушна сведочењето на наводната жртва на сексуален напад на Кевин Спејси.
На поротниците во судот во Саутворк им беше прикажана снимка од полициски разговор, во кој човекот што не може да биде именуван од правни причини вели дека Спејси се обидувал да го подготви и наведе на сексуален однос. Тој додава дека се чувствувал физички лошо поради повторените напади со пипкање.
На Спејси му се суди за сексуални престапи извршени врз четворица мажи, тогаш на возраст во своите 20-ти и 30-ти, а кои наводно се случиле помеѓу 2001 и 2013 година.
63-годишниот Американец се изјасни невин по десетина точки од обвинението, вклучително и за сексуален напад и поттикнување лице на сексуална активност без согласност.
Обвинителството го опиша Спејси како сексуален насилник.
Оскаровецот ги отфрли сите обвинувања. „Поротата ќе слуша проклети лаги“, изјави неговиот адвокат Патрик Гибс на почетокот на судењето минатата недела.
А во понеделникот на поротниците им беше прикажан снимен полициски разговор со првата од наводните жртви. Во разговорот човекот вели дека актерот го нападнал во 12 наврати во период од четири години во раните 2000-ти допирајќи ги неговите интимни делови кога биле сами, како, на пример, во автомобил или лифт.
Три недели по запознавањето со Спејси, актерот му ветувал дека ќе го запознае со ѕвезди од т.н. А-листа. Актерот ги триел нозете и вратот на младиот човек додека возел за подоцна да почне да го пипка или да ја присилува неговата рака на своите гениталии.
„Од самиот почеток тој ме подготвуваше“, изјави наводната жртва, која не може да се идентификува.
Понатаму, тој откри дека во една пригода во 2004 година актерот агресивно го зграпчил за меѓуножјето кога го возел на забава организирана од пејачот Елтон Џон. Толку многу се исплашил, што за малку ќе направил сообраќајна несреќа. Тужителот му се заканил на Спејси дека ќе го нокаутира ако го направи тоа повторно, на што Спејси одговорил со шега.
Тој го опиша оскаровецот како тешка личност и прилично збунет во врска со својата сексуалност. „Однесувањето на Спејси е јавна тајна во лондонскиот театар ‘Олд Вик’, каде што работеше повеќе од една деценија“.
Сведочејќи лично во судницата зад параван, човекот рече дека се чувствува шокиран и засрамен поради тоа што му се случило и дека нападите му предизвикале физичка болка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.