Забава
Кинеска роди близначки, шест дена откако доби син

Триесетгодишна жителка на централната кинеска покраина Хабеј родила близначки шест дена откако на свет донела момченце, објави во вторникот агенцијата China News Service.
Случајот се случил во градот Јичанг, а мајката за агенцијата изјавила дека таа се омажила во 2012 година, но долго време не можеле добијат дете. Во август таа 2016 година таа била на третман во градот Вухан, административниот центар на покраината Хабеј, по што забременила со тројки.
Таа потврдила дека момченцето со тежина од 1,44 килограми го родила на 21-ви февруари, но породувањето било прекинато. Нејзиниот акушер донел одлука да ја продолжи бременоста. Минатиот понеделник, на 27-ми февруари, таа ги родила девојченцата близначки.
„Мечтаев за дете, кога не можев да забременам. Сега ги имам три, и сега не знам како ќе е снајдам“, рекла мајката за агенцијата.
Децата сега се наоѓаат во реанимација. Според акушерката, ова е негов прв ваков случај во текот на дваесетгодишната пракса. Таа истакнала дека жената била бремена со ткн дизиготни тројки, односно момченцето се развивало во друга фетусна мембрана, одделно од неговите сестри близначки./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Истражување открива кој пол изневерува: веројатно ќе бидете изненадени

Експертите нагласуваат дека ниедна врска не е совршена и дека решението за незадоволството не е барање интимност со непознат човек, туку водење искрен разговор со партнерот.
Една студија спроведена на 3.000 луѓе откри дека тенденцијата за изневерување е почеста отколку што би помислиле. Анкетата се обиде да одговори на прашањето кој е повеќе наклонет кон изневерување и зошто луѓето прибегнуваат кон тоа, а резултатите изненадија многумина.
Според податоците објавени во 2018 година од британската агенција за запознавање Coffee & Company, жените се посклони кон изневерување од мажите.
Додека девет проценти од мажите рекле дека дефинитивно би изневерувале доколку бидат привлечени од некој друг, дури 25 проценти од жените рекле дека би имале афера во таква ситуација. Жените на возраст меѓу 35 и 40 години биле најсклони кон изневерување.
Причините зошто жените изневеруваат можат да бидат различни. Некои го прават тоа затоа што се чувствуваат физички или емоционално запоставени, додека други сакаат да додадат возбуда во врската што ја сметаат за предвидлива и здодевна.
„Coffee & Company“ наведува дека чувството на потценување или занемарување може да доведе и до барање некој што ќе им го врати чувството на вредност и интерес, пишува YourTango.
Сепак, експертите нагласуваат дека ниедна врска не е совршена и дека решението за незадоволството не е да се бара интимност со странец.
Многу е покорисно да разговарате со вашиот партнер и заедно да ги решавате проблемите, бидејќи тоа спречува трајно оштетување и дава можност за обнова на врската. На крајот на краиштата, искрената комуникација може да ни помогне да се сетиме зошто на почетокот се заљубивме во таа личност.
фото: принтскрин
Забава
Есента ќе ги награди за сè: хороскопски знаци кои ги очекува голема пресвртница

Есента секогаш симболизира крај, но и нови почетоци. Како што лисјата паѓаат, многумина чувствуваат потреба да затворат стари поглавја и да направат место за нови можности.
Овие три хороскопски знаци особено ќе ја почувствуваат моќта на есента додека чекаат период на голем личен раст и важни животни промени.
Вага
Вагата влегува во своето време од годината. Есента носи јасност во врските и нови можности за партнерства, и деловни и приватни. Тоа ќе биде моментот кога Вагата конечно ќе одлучи што сака и храбро ќе се движи кон тоа.
Шкорпија
Шкорпијата влегува во период на трансформација со есента. Енергијата на оваа сезона ги охрабрува да направат длабоки промени и да донесат одлуки што го менуваат животот. Шкорпиите ќе ја почувствуваат силата да се ослободат од сè што повеќе не им служи.
Јарец
Јарецот конечно ќе почувствува на есен дека нивните напори се исплатиле. Пред нив е период во кој ќе препознаат колку издржливост покажале. Многумина ќе влезат во фаза на професионален напредок и стабилност.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Есенската магија на најубавата кралица: повторно мами воздишки

Доколку сè уште се сомневавте која е најдобро облечената жена во Европа, таа сега ги реши сите наши дилеми.
Кралицата Летиција од Шпанија ја докажува својата моќ одново и одново преку модни изданија. Оваа жена е инспирација во секоја сезона, од летни фустани до совршени есенски комбинации.
Таа беше во посета на палатата Навара со своето семејство и за таа пригода избра бордо одело, со совршен крој и совршени есенски нијанси.
Комплетот на кралицата Летиција се состоеше од елегантни панталони со малку пошироки ногавици и долго, малку струкирано сако. Одоздола носеше едноставна црна маица, а сè го заокружи со модерни чевли.
Кралицата ја поздрави толпата и уживаше во времето поминато со своите најблиски, а целиот свет имаше можност повторно да види која е најдобро облечената жена во Европа.
Бордо бојата е секогаш хит, особено кога доаѓа есента, а Летиција е неоспорен владетел кога станува збор за избор на комбинации.
Всушност, дали постои област од модата каде што таа не е кралица во вистинската смисла на зборот?
фото: принтскрин