Забава
Листа на најскапи и најевтини локации за оваа година: има и престој за 17 евра по ноќ
Traveller’s Elixir истражуваше 60 локации низ светот и ги одреди најскапите и најевтините дестинации преку анализа на просечните цени на хотелите и храната, трошоците за превоз и цените на атракции.
Број еден најевтината дестинација за пет ноќевања е Делхи, Индија. Tamu престој чини само 164 евра, а просечна хотелска соба со три ѕвезди ќе ве чини само 17 евра по ноќ.
Од друга страна, најскапа дестинација е Монако, каде петдневното патување во просек ќе ве чини 2.051 евро.
Ако туристите бараат минимум лускуз, хотел со пет ѕвезди во просек чини 169 евра за ноќевање во Делхи, а истото ќе ве чини 972 фунти за ноќ во Монако.
Пном Пен, Камбоџа, е втора најевтина дестинација за патници со патување од пет ноќевања кое чини во просек 1.104 евра, но имајте предвид дека ова ги исклучува летовите. Најатрактивна за посета е Кралската палата, која е дом на сегашниот крал на Камбоџа.
Најевтините туристички дестинации:
Делхи, Индија – 165 евра за петдневно патување
Пном Пен, Камбоџа – 203 евра за петдневно патување
Катманду, Непал – 207 евра за петдневно патување
Тбилиси, Грузија – 226 евра за петдневно патување
Меделин, Колумбија – 231 евро за петдневно патување
Хо Ши Мин, Виетнам – 235 евра за петдневно патување
Чианг Маи, Тајланд – 260 евра за петдневно патување
Каиро, Египет – 262 евра за петдневно патување
Луанг Прабанг, Лаос – 264 евра за петдневно патување
Бангкок, Тајланд – 264 евра за петдневно патување
Во топ 10 најевтини дестинации се и Луанг Прабанг, Лаос и Бангкок во Тајланд, со иста просечна цена од 250 евра за петдневен престој.
Кога станува збор за најскапиот, Сент Бартс е на второто место по Монако, кој во просек чини 1.943 евра. Дестинацијата на Карибите е позната по своите бели песочни плажи и по тоа што е популарно место за одмор.
Гштад во Швајцарија е трет на листата на најскапи. Лоциран на швајцарските Алпи, нуди луксузни вили и скијачки објекти.
Најскапите туристички дестинации:
Монако – 2.050 евра за петдневно патување
Сент Бартс – 1.976 евра за петдневно патување
Гштад, Швајцарија – 1.870 евра за петдневно патување
Рејкјавик, Исланд – 1.739 евра за петдневно патување
Бора Бора – 1.738 евра за петдневно патување
Хонолулу, Хаваи – 1.735 евра за петдневно патување
Сан Франциско, САД – 1.708 евра за петдневно патување
Њујорк, САД – 1.612 евра за петдневно патување
Гранд Кајман, Кајмански Острови – 1.480 евра за петдневно патување
Венеција, Италија – 1.402 евра за петдневно патување
Бора Бора е петта најскапа, со просечна цена од 1.738 евра за пет дена, а за престој во бунгалов над вода со пет ѕвезди, треба да се плати минимум 900 евра за ноќ.
Сан Франциско и Њујорк се исто така рангирани како скапи дестинации, додека Венеција, Италија, ја заокружува топ 10 со просечна цена од 1.405 евра за петдневно патување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.
Забава
По 20 години, Аврил Лавињ проговори за теоријата на заговор дека ангажирала двојничка: „Тоа ми е многу глупаво“
Аврил Лавињ неодамна зборуваше за митот што ја следи со години, а се работи за тоа дека на врвот на кариерата решила да ангажира двојничка по име Мелиса.
Во средината на 2003 година се појавија шпекулации дека панкерката решила да ја ангажира Мелиса по албумот Let Go и од оваа гледна точка ѝ е смешно.
„Мислам, едноставно, смешно ми е. Од една страна, некои велат: „О, боже, изгледаш потполно исто. Не си остарела ни ден“, а потоа други луѓе велат дека постои теорија на заговор дека тоа не сум јас“, рече Аврил додавајќи дека тоа е глупост.
View this post on Instagram
Сепак, таа не сакаше да прави драма за ова, а на сѐ гледаше од попозитивна страна.
„Искрено, не е толку лошо. Можеше да биде и полошо, нели? Мислам дека добив добра реклама. Не го гледам како нешто негативно. Не е ништо страшно“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.
Оваа бизарна теорија се појавила на почетокот на овој век, а причината била наведена дека Аврил била исцрпена поради славата и популарноста. Некои отидоа и чекор подалеку и мислат дека пејачката починала меѓу албумите Let Go од 2002 година и Under My Skin од 2004 година, а потоа ја замениле со Мелиса.
Теоретичарите на заговор повторно ја почнаа оваа тема пред неколку години на „Твитер“ во тоа време (сега X) и сакаа да ја поддржат оваа тема со докази засновани на промената во нејзиниот изглед со текот на годините, како и тетоважата, која изгледаше како да пишува Мелиса.