Забава
Лош почеток за „Мачки“ на киноблагајните во САД и Велика Британија
Филмската верзија на Cats („Мачки“) не ги исполни очекувањата на киноблагајните, кои инкасираа само 6,5 милиони американски долари во Северна Америка, пишува Би-би-си.
Филмот вреден 100 милиони американски долари, кој се очекуваше да заработи двојно поголема сума, дебитира на четвртото место на американската топ-листа, каде што најновото продолжение на „Војна на ѕвездите“ се наоѓа на самиот врв.
Во Велика Британија и Ирска филмот заработи 3,4 милиони фунти и беше преплавен од критики.
Според Hollywood Reporter, ажурираната верзија на Cats билa испратенa до кината минатиот петок.
Медиумите известуваат дека режисерот Том Хупер наредил повторна монтажа на филмот со подобрени визуелни ефекти.
Многу е невообичаено готов и веќе објавен филм да се измени на овој начин, пушува британски Би-би-си.
Филмот, во кој се појавуваат многу ѕвезди, вклучувајќи ги Тејлор Свифт, Џуди Денч, Идрис Елба, Ребел Вилсон и Jејсон Деруло, е базиран на хит-мјузиклот на Ендру Лојд Вебер.
По премиерата на новото пролжение на „Војна на ѕвездите“ – Star Wars: The Rise of Skywalker – кој е на врвот на американскиот боксофис, Cats падна на четврто место зад Jumanji: The Next Level и Frozen 2.
Хупер, кој го режира оскаровскиот филм The King’s Speech („Говорот на кралот“), отворено зборува за фактот дека едвај успеал да го заврши филмот – направен со компјутерски генерирани ликови (CGI) односно апликација на компјутерска графика – пред светската премиера во Њујорк.
„Мачки“ почна лошо, дури и пред објавувањето, а критичарите речиси едногласно го прогласија за фијаско иако реакцијата на социјалните мрежи по премиерата беше за нијанса подобра.
Тим Роби од „Дејли телеграф“ го нарече „злокобна катастрофа од која никој не се појавува неповреден“ не давајќи му на филмот ниту една ѕвездичка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба
Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.
Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.
Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде
Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.
Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.
Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.
Забава
(Видео) Ники Минаж ја гаѓаа со шише, а нејзината реакција стана хит: раперката врати со иста мера
Ники Минаж во свој стил одговори на недоличното однесување на публиката.
На настапите се почесто се случува разни предмети да завршат на сцената, па многу музичари доживеале непријатност на концертот кога некој од публиката ќе ги фрли кон нив.
One of the Detroit Barbz almost got cussed tf out by Nicki for throwing a bracelet on stage.😩 #GagCityDetroit pic.twitter.com/Kv4q6ewEvX
— Chun-Li🪭 (@BadGirlChunLi) April 21, 2024
Во иста ситуација се најде и популарната Ники Минаж, кога еден од обожавателите фрли пластично шише кон раперката на нејзиниот настап.
Меѓутоа, пејачката навреме го забележа и се потргна, па шишето не ја удри, а потоа го зеде и го фрли кон него. Овој нејзин потег изненади многумина, а видеото од концертот стана вирално на социјалните мрежи.