Забава
Мадона за текстот во „Њујорк тајмс“: Се чувствував како да сум силувана
Поп-пејачката Мадона рече дека се чувствува како да е силувана кога го прочитала специјалниот текст за неа објавен во „Њујорк тајмс“ и додаде дека секогаш ќе се бори против патријархалното општество.
„Ако кажам дека сум разочарана од текстот, тоа ќе биде еуфемизам“, напиша пејачката на „Инстаграм“.
Весникот објави портрет со наслов „Мадона на 60 години“, кој ги опфаќа сите периоди од животот на пејачката.
„Новинарката што го напиша текстот помина часови, денови и месеци со мене и беше повикана во свет што малку луѓе имаат можност да го видат. Но, таа избра да се фокусира на тривијални и површни работи, како што е етничкото потекло на моите двојнички, материјалот од кој се направени моите завеси и на бескрајни коментари за моите години, кои никогаш не би биле споменати ако бев маж“, напиша Мадона.
Таа вели дека има право да каже оти се чувствувала како силувана затоа што знае како е тоа затоа што го доживела кога имала 19 години кога се доселила во Њујорк.
Таа смета дека текстот е уште еден доказ дека „Њујорк тајмс“ е еден од основачите на патријархатот.
„Никогаш нема да престанам да се борам да го искоренам патријархатот. Изгледа дека не можеме да го поправиме општеството и неговата бескрајна потреба да го оцрни и понижи тоа што е позитивно, особено силните и независни жени“, напиша Мадона, која лани наполни 60 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.