Забава
Мараја Кери направи урнебесен дует со Рајан Рејнолдс на „Тик-ток“
Додека го промовираше својот нов филм Free Guy („Слободно момче“) Рајан Рејнолдс откри дека ја обожава Мараја Кери што резултираше во вметнување на нејзиниот хит Fantasy во филмот, па дури и направи смешна усна синхронизација на „Тик-ток“.
На видеото 44-годишниот актер се гледа како ги синхронизира усните за песната од 1995 година, обраќајќи им се на фановите: „Одете да го гледате Free Guy викендов за да престанам да го правам ова!“.
Видеото го привлече вниманието на 52-годишната пејачка, која во вторникот на својот тикток-канал состави урнебесен спот во „дует“ со Рејнолдс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Шакира го прослави освојувањето на Греми со своите синови: таа им се обрати и на имигрантите во САД
Албумот на Шакира, Las Mujeres Ya No Lloran беше награден со Греми за најдобар латино поп албум, а по тој повод Шакира ја почести публиката со својот прв настап на наградите по 18 години. Колумбиската пејачка ги воодушеви своите фанови со стомачниот танц, а потоа го отпеа својот голем хит Shakira: Bzrp Music Sessions Vol. 53, во која таа пееше за изневерувањето на нејзиниот невенчан партнер Жерар Пике.
Во својот говор Шакира наградата што и ја врачи Џенифер Лопез им ја посвети на сите имигранти во САД, велејќи: „Секогаш ќе се борам со вас!“
Нејзиниот говор е одговор на заканите на претседателот Трамп за масовни депортации поради кои многу имигрантски заедници се плашат. Но, покрај политичката порака, таа испрати и лична порака до нејзините омилени момчиња – синовите Саша (10) и Милан (12).
„Сакам да ја споделам оваа награда со моите деца. Многу сум горда на вас, на вашата добрина. Ви благодарам што ме поддржувате”, им рече таа на децата, кои ја гледаа како ја добива наградата од публиката во идентични светкави облеки.
Забава
(Фото) 15 најдобри модни комбинации на Греми наградите
Ноќта на најважните музички награди обезбеди и некои важни модни моменти. Ѕвездите не разочараа додека позираа на црвениот тепих на 67. доделување на Греми наградите во Лос Анџелес.
Забава
Речиси 330.000 луѓе потпишаа петиција за затворање на Инстаграмот на Јелена Карлеуша
Откако српската пејачка Јелена Карлеуша неодамна се најде во центарот на вниманието поради нејзините објави на социјалните мрежи за протестите во Србија и Александар Вучиќ, покрената е петиција за затворање на нејзиниот Инстаграм профил.
Здружението на граѓани Еко Стража од Србија ова барање го испратило до компанијата Мета поради „говор на омраза, расизам, ксенофобија и штетно однесување“, јавуваат српските медиуми. Досега се собрани речиси 330 илјади потписи, а нивната цел е 350 илјади.
„Бараме Мета да го суспендира Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша поради говор на омраза, расизам, ксенофобија, таргетирање поединци и генерално штетно однесување. Ова се повеќекратни прекршувања на упатствата на заедницата на Инстаграм, особено во однос на говорот на омраза, вознемирување и дезинформации“, порачуваат од Еко Стража.
Тие исто така додадоа дека пејачката ги користи своите профили на социјалните мрежи за политички пропагандни цели. Според нив, од почетокот на студентските протести во Србија, Карлеуша речиси секој ден споделува десетици објави за поддршка на претседателот Вучиќ и отворено ги навредува сите кои не се согласуваат со нејзиното мислење.
„Профилот на Карлеуша на Инстаграм постојано се користи како платформа за таргетирање поединци, ширење реторика на омраза и промовирање пропаганда во корист на српскиот автократ Александар Вучиќ. Нејзините објави вклучуваат ксенофобични и расистички коментари, како и координирано вознемирување на поединци и групи. Овие акции не само што ги кршат политиките на Инстаграм туку и придонесуваат за непријателско окружување на интернет што поттикнува понатамошна поделба и нетолеранција“, се наведува понатаму.
„Според сопствените упатства на Инстаграм, говорот на омраза и вознемирувањето се строго забранети. Сепак, и покрај бројните извештаи од корисници, нејзиниот профил останува активен и продолжува да служи како мегафон за екстремизам и политичка манипулација, дозволувајќи им на таквата содржина да опстојува, ја поткопува посветеноста на Инстаграм за безбеден и инклузивен дигитален простор“, додаваат од неформалната група Еко гарда.