Забава
Мајкл Даглас: Ги посетив децата на факултет, сите мислеа дека сум нивниот дедо
Мајкл Даглас отворено зборуваше за предизвиците на родителството во доцниот живот.
79-годишниот актер ги опиша предизвиците на воспитувањето деца во неговитсвоите 70-ти. Познатиот актер се присети на моментот кога бил помешан со дедо на сопствените деца додека ги посетувал на факултет. „Ова не е ден на дедото, ова е ден на родителите. Тогаш реков: „Јас сум родител! Тоа беше гадно“, изјави актерот.
Оскаровецот има две деца, синот Дилан (23) и ќерката Керис (20), со сопругата Кетрин Зета-Џонс, со која е во брак речиси 25 години, како и 45-годишниот син Камерон со поранешната сопруга Дијандра Лукер.
Даглас, кој стана татко вторпат кога имаше 56 години, призна дека второто семејство подоцна во животот му овозможило да биде подобар татко.
„Камерон тогаш многу страдаше“, рече Даглас истакнувајќи дека бил преоптоварен со кариерата додека го одгледувал својот најстар син. Тој објасни дека неговиот семеен живот бил трет на неговата листа на приоритети во тоа време за разлика од кога основал семејство со Зета-Џонс.
„Веќе работев доволно и барав повеќе за да уживам во децата“, призна Даглас. Иако познатиот актер призна дека се мачел да ги држи Дилан и Керис кога биле помали, тој додал дека тој и неговата сопруга сега уживаат во животот без деца.
„Тоа беше одлично време за мене, но имав многу среќа. Кетрин и јас бевме заедно, ќе наполнат 25 години оваа година. Значи, тоа беше добар период и бев многу среќен, среќен со изборот што го направив и сега навистина се враќам назад и малку повеќе ги мирисам розите, повеќе патувам“, рече Даглас.
Добитникот на „Златен глобус“ им се заблагодари и на своите деца што се извонредни суштества и за радоста што ја има во животот. „Тие и на Кетрин и на мене ми донесоа огромна радост“, додаде тој.
Даглас почна да излегува со велшката актерка во 1999 година по запознавањето на Американскиот филмски фестивал во Довил, Франција. Двојката се венча една година подоцна во хотелот „Плаза“ во Њујорк. Оттогаш актерите никогаш не се срамат да ја прослават својата љубов на социјалните мрежи, каде што актерката често објавува фотографии оддавајќи ѝ почит на својата долга врска со Даглас.
Во ноември 2023 година таа ја одбележа 23-годишнината од бракот со објавување серија фотографии од нив во текот на годините. „Денес славиме 23 години брак“, напиша таа во описот на „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

