Забава
Наоми Кембел потврди дека има син и ќерка, ги добила од сурогат-мајка

Наоми Кембел во интервју за„ Тајмс“ потврди дека има две деца од сурогат-мајка.
Таа доби ќерка во мај 2021 година, а син во јуни минатата година. Но, 54-годишната манекенка сцентарот сè уште избегнува да ги споменува нивните имиња и родендени.
„Моите деца ми се сè, за нив се надевам на подобар свет. Тие ми се најголем приоритет и морам секогаш да бидам тука за нив“, изјави Наоми.
Таа додаде дека е среќна што е самохрана мајка и откри дека многу млади жени ѝ кажале оти не сакаат да имаат деца бидејќи немаат доволно пари да ги издржуваат.
„Им реков дека ќе се предомислат и дека ќе сакаат да бидат мајки. Разбирам дека е тешко, но мајка ми немаше ништо и успеа. Навистина вреди“, рекла Наоми.
Манекенката досега не зборувала многу за мајчинството. Таа призна дека многу малку луѓе во нејзиниот круг на пријатели и членови на семејството знаеле дека таа планира да стане мајка. Многумина беа изненадени кога таа објави дека го родила своето прво дете.
„Моето девојче не е посвоено. Таа е мое дете. На прстите од едната рака можам да избројам колку луѓе го знаеле тоа. Таа е мојот најголем благослов и најдоброто нешто што ми се случило“, изјави Кембел тогаш за „Вог“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајкл Џордан на прошетка во Дубровник

Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан моментално престојува во Хрватска, каде што е на одмор со сопругата Ивет Прието и пријателите. НБА легендата беше снимена додека шеташе во Дубровник и го привлече вниманието на минувачите, пренесе „Инекс“.
По посетата на Скрадин и Националниот парк Крка, познатиот кошаркар отишол во Хвар. Џордан ручал и уживал во друштвото на пријателите и опуштената атмосфера, а интересно е што тој носи своја текила со себе и само неа ја пие.
На свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржува во Венеција, присуствуваат бројни познати личности, а еден тиктокер направи фотографија од јахтата на Мајкл Џордан наречена М’Брејс, вредна околу 115 милиони долари, поради што многумина помислија дека тој ќе се појави на свадбата на славниот пар.
Мајкл Џордан последен пат ја посети Хрватска во август 2021 година.
Забава
Лорен Санчез фотографирана во пресрет на свадбата, блеска во бело

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат на церемонија на венецијанскиот остров Сан Џорџо Маџоре, каде што невестата отиде со глисер.
На денот на нејзината свадба, Санчез блескаше во бело, а изгледот го комплетираше со очила за сонце и бела марама. 55-годишната Санчез позираше насмеана за фотографите пред свадбата, која треба да се одржи попладне, а многумина се прашуваат како ќе изгледа нејзината венчаница.
Според повеќе медиумски извори, двојката наводно се венчала пред еден месец во САД. Овие наводи се поткрепуваат со фактот дека во Италија не побарале потребна документација за нивниот брак да биде правно важечки. Свадбената церемонија во Венеција е симболична, а двојката наводно потпишала договор од повеќе милиони долари пред нивната граѓанска венчавка во САД.
Безос и Санчез се домаќини на тридневна прослава со голем број познати личности, меѓу кои Иванка Трамп и Џаред Кушнер, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Клое Кардашијан, Опра Винфри и Гејл Кинг, милијардерот Бери Дилер и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, легендата на НФЛ Том Брејди и музичкиот могул Скутер Браун, како и неодамна слободниот Орландо Блум.
Забава
Пејачката Џеси Џеј го победи ракот

Џеси Џ. откри дека официјално го победи ракот, само неколку недели откако објави дека е на операција за тумор на дојка.
Британската пејачка Џеси Џеј, која на 3 јуни објави дека има рак на дојка, а пред помалку од една недела беше оперирана, ја објави најдобрата можна вест – лекарите ѝ кажаа дека повеќе нема рак.
Jessie J reveals her breast cancer is ‘all gone’ after surgery as she gives health update
https://t.co/TP5sRH0SAk— The Sun (@TheSun) June 26, 2025
На Инстаграм, Џеси се пошегува дека нејзината брадавица е сè уште на место, а времето за закрепнување ѝ даде совршен изговор да го гледа „Love Island“ без грижа на совеста.
Таа додаде дека во најтешките моменти имала силна поддршка покрај себе – нејзината мајка, нејзиниот сопруг Ченан Колман и нејзиниот син Скај.
„Многу ми значеше што се поврзав со други кои минуваат низ истата битка“, истакна таа и објави дека поминала низ „постоперативна болка“.
Џеси беше многу оптимистична од самиот почеток на ужасната дијагноза, им кажа на своите обожаватели дека раното откривање на болеста е „светлина во тунелот“ и дека прави пауза од турнеите за да го стави своето здравје на прво место.