Забава
Наоми Кемпбел за зависноста од дрога: беше страшно да се погледнам во огледалото
Наоми Кемпбел, црниот пантер, како што ја нарекуваат многумина, во новиот документарен филм „Супермодели“ (The Super Models) откри дека зависноста од дрога во 90-тите речиси ја убила.
Една од најубавите светски манекенки тогаш беше на врвот на кариерата. Таа призна дека се свртела кон кокаинот за да заборави на траума од детството и да се помири со смртта на италијанскиот дизајнер и нејзин близок пријател, Џани Версаче.
„Една од работите што се обидував да ја скријам беше тагата. Зависноста е таква. Зависноста е опасна работа, навистина е. Мислиш дека ќе ја залечи раната, но нема. Тоа може да предизвика многу страв и вознемиреност“, открива Наоми во документарецот.
„Џани ќе ме натераше да излезам и да продолжам понатаму кога не мислев дека можам. Кога почина, мојата тага стана преголема“, додава таа.
Легендарниот модел пет години се бореше со зависноста, а во 1999 година колабира за време на снимање. Тогаш, вели таа, сфатила дека мора да се пријави на рехабилитација.
„Тоа беше една од најдобрите работи што можев да ги направам за себе во тоа време. Беше страшно да се погледнам во огледалото. Не можете да ги скриете чувствата. Беше многу болно“, открива Наоми, која тврди дека главниот предизвикувач поради кој почнала да зема супстанции е траума од детството. Имено, познатата манекенка пораснала без својот татко, кој ја напуштил мајка ѝ додека била бремена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.