Забава
„Никој повеќе нема да ме види“: Гвинет Палтроу одлучи да се откаже од актерството и да се повлече од очите на јавноста
Познатата оскаровка ги изненади своите обожаватели кога објави дека ќе се повлече.
Актерката Гвинет Палтроу во неодамнешното интервју за Bustle најави повлекување од светот на актерството, но и од јавноста.
„Буквално ќе исчезнам од јавниот живот. Никој повеќе нема да ме види“, изјави познатата актерка.
Гвинет Палтроу се прослави со улогите во филмовите „Вљубениот Шекспир“, „Доказ“ и „Ема“, а многумина ја знаат и по улогата на Пепер Потс во серијата „Железниот човек“.
Сепак, по огромниот успех во светот на глумата, Палтроу реши да се посвети на својот бренд за животен стил „Goop“, кој се фокусира на создавање производи поврзани со нега, убавина, здравје и домаќинство.
Актерката веќе неколку пати ја изненади јавноста со бизарни производи, за кои тврди дека успешно ги продава. Како што признала, семејниот живот влијае на креативноста што и е потребна за успешен бизнис.
„Јас сум во фаза кога чувствувам дека работите се уште похаотични затоа што сум многу зафатена. Мојот син и посинокот се и двајцата во средно училиште, а понекогаш ми се чини дека школувањето само по себе е работа со полно работно време“, изјавила актерката, пренесува „Story.hr“.
Гвинет Палтроу со поранешниот сопруг Крис Мартин ги има ќерката Епл и синот Мозес, а во последните четири години е во брак со режисерот Бред Фелкух.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.