Забава
Новата фризура на Деми Мур магично одзема години, а холивудските диви веќе се луди по неа

Познатата актерка Деми Мур со децении го воодушевува светот со својот изглед, а со улогата во филмот „Супстанција“, конечно, ја доби својата прва голема награда „Златен глобус’“.
Изминатиот период често ја гледавме на црвениот тепих и секогаш нè оставаше без зборови со своите гламурозни тоалети и со нејзината препознатлива долга коса. Сега таа се одлучи за голема промена и ни покажа нова фризура.
View this post on Instagram
Деми Мур реши да ја скрати косата и да направи популарен лоб, еден вид долга боб-фризура, која ќе ги одбележи и оваа и следната сезона, ако ги прашате кралиците на стилот.
Холивудската дива ја раздвои косата, оставајќи дел на страна, а врвовите ги свитка давајќи ѝ дополнителна исполнетост. Многу дами се одлучуваат за оваа фризура бидејќи визуелно подмладува, велат дека отстранува десет години од лицето.
Фризурата лоб секогаш е популарна, а на нив не останаа имуни ниту Селена Гомез, Рози Хантингтон Вајтли, Алесандра Амбросио, Џенифер Лопез.
Со оваа фризура косата изгледа погуста отколку што е, а сигурно сте позадоволни кога ја имате фризурата од соништата.
Деми Мур е позната како една од познатите жени што променија многу фризури во текот на својата кариера. Имаше популарна пикси-фризура, а за потребите на филм беше и ќелава.
Сепак, најдолго остана верна на својата долга коса, која понекогаш ја пушташе права, понекогаш ја виткаше во бранови и секогаш беше главна ѕвезда.
Лесно е да се биде гламурозен со долга коса, Деми Мур веќе ни го има докажано тоа многупати, па останува да видиме како ќе се снајде сега со оваа промена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Девојката на Бекам „ги покажа забите“: ја критикуваат затоа што е постара од Круз

Викторија Бекам неодамна ја претстави својата нова колекција на Неделата на модата во Париз, а на овој важен настан беше поддржана од сите членови на семејството и, секако, привлече големо внимание со својот изглед.
На настанот се појавија Дејвид Бекам, ќерката Харпер, синовите Круз и Ромео, а Круз (20) беше придружуван од неговата девојка, кантавторката Џеки Апостел (29), со која е во врска повеќе од една година.
Таа се појави и на семејната фотографија, што предизвика контроверзии меѓу корисниците на социјалните мрежи, кои „му замерија“ на Круз затоа што е со постара девојка и ја нарекоа нивната врска „чудна“.
„Зошто 29-годишна излегува со 20-годишник?“, претежно негодуваа корисниците, но сигурно никој не очекуваше Џеки да проговори и да одговори токму на ова прашање што ги „мачеше“.
„Затоа што е љубезен, забавен, шармантен, грижлив, амбициозен, зрел, талентиран, лојален и прилично убав“, напиша таа отворено на Инстаграм, покажувајќи што навистина чувствува за него.
И ова не е прв пат девојката на Круз да присуствува на семеен настан, што укажува дека славното семејство одамна ја прифатило, а дека и таа добро се покажала како „снаа“.
фото: принтскрин
Забава
Познатиот актер призна дека користел дрога

Познатиот актер Џорџ Клуни призна дека користел дроги во минатото и детално раскажа едно особено срамно искуство. Во новото октомвриско/ноемвриско издание на списанието „Esquire“, 64-годишниот актер откри дека експериментирал со кокаин и други супстанции во младоста.
„Во ’82 година, пробав“, призна актерот, кој во тоа време имаше 21 година. „Се шегував за тоа како премногу земам, но вистината е дека тоа никогаш не ми беше голем проблем.“
Клуни, исто така, се присети на перцепцијата за дрогите во тоа време.
„Имаше една епизода од „Такси“ каде што сите користеа. Во тоа време, беше: ‘Не, ова не е како хероин. Не предизвикува зависност’. Но, потоа беше како: ‘О, па, всушност е доста лошо.’ Плус, беше надополнето со манитол. Детски лаксатив. Секој што ќе повлечеше линија, потоа одеше во тоалет.“
Освен за кокаинот, Клуни зборуваше и за лошо искуство со колачиња со марихуана што ги пробал една вечер со пријателите. Откако ги изеле колачињата, го гледале филмот „Волшебникот од Оз“, додека во позадина се слушал албумот „Dark Side Of The Moon“ на „Пинк Флојд“.
Последиците беа неочекувани. „Готови бевме. Буквално – мислам сите ние – бевме околу дваесетмина во салата за прикажување, и филмот заврши, а ние седевме таму без зборови, со часови. Со часови! Тоа едноставно не е мојата дрога“, заклучи тој.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Актерката помина низ пекол поради Оземпик, а потоа ја откри тајната на својот нов изглед

Познатата комичарка Ејми Шумер објави фотографија на социјалните мрежи за која веројатно никогаш не замислувала дека ќе стане главна тема на сите медиуми.
Ејми ја покажа и својата неверојатна трансформација откако ослабе 13 килограми.
Краток црн фустан во комбинација со високи потпетици совршено ги истакна нејзините долги нозе, а сите други набрзо го забележаа тоа.
„Какви нозе“, „Изгледаш прекрасно, погледни ги тие нозе“, „Лута сум, зошто мора да имаш такви нозе“, „Ти љубоморам“, беа некои од коментарите.
Оваа фотографија доаѓа и откако Ејми призна дека ослабела со помош на апчиња за слабеење, со што стана една од ретките јавни личности кои не се плашеа да ја откријат тајната на својот нов изглед.
„Сакам да бидам искрена со тебе. Го користев лекот Мунџаро и имам добро искуство со него. Пред три години го користев Оземпик, но од него не престанав да повраќам. Бев прикована за кревет, не можев да го поднесам“, рече таа додека гостуваше во шоуто на Хауард Стерн.
фото: принтскрин