Забава
Ново обвинение за Диди: „Ја допираше до градите и ја фрли на масата“
Раперот Диди, вистинското име Шон Комбс, се соочува со ново обвинение. Модната дизајнерка Брајана Бана Бонголан поднесе тужба за вознемирување од 17 страници против него.
Според Пипл, Брајана изјавила дека раперот ја пипкал по градите додека таа викала да ја остави на мира. После тоа, тврди таа, ја закачил преку оградата од станот на 17-ти кат, каде живеела неговата поранешна девојка Каси Вентура.
„Единствената причина зошто некој би закачил некого од балкон е да го убие или намерно да го заплаши, да му одземе каква било контрола врз нивната телесна автономија и безбедност“, се вели во жалбата, поднесена во име на Брајана од страна на адвокатот Џејмс Р. Никрафтар.
За сè зборуваше и претставникот на Диди: „Господин Комбс силно ги негира овие сериозни наводи и е уверен дека ќе се докаже дека се лажни“.
Според извештаите, сè се случило во септември 2016 година, кога дизајнерката спиела во станот на Вентура. Откако ја допирал, Диди ја фрлил преку оградата на балконот, викајќи: „Знаеш ли што направи?“
Бонголан, која тогаш е висока околу 150 сантиметри и тешка околу 45 килограми, се обидела да се ослободи, но, според неа, Диди лесно ја совладал. По балконот насилно ја фрлил на масата на терасата.
Поради се, дизајнерката бара од музичкиот магнат отштета од 10 милиони долари за душевна болка. Во тужбата таа истакна дека пред тој инцидент неколку пати го видела Диди како ја злоставува Вентура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сопругата на актерката Ребел Вилсон е бремена
Семејството на актерката Ребел Вилсон е на прагот да добие уште еден член. Нејзината сопруга Рамона Агрума објави дека е бремена и дека го очекуваат своето второ дете, повеќе од една година по нивната венчавка во септември 2024 година.
View this post on Instagram
Рамона ја сподели среќната вест на својот инстаграм-профил. „Најсреќната вест во нашето семејство“, напиша таа. „Набргу ќе бидеме четворица! Бебето број 2 е на пат. Те сакам, Ребел Вилсон“.
Заедно со објавата таа сподели трогателно видео, на кое се прикажани семејни фотографии, како и видео од позитивен тест за бременост. Рамона гордо го покажа својот труднички стомак.
View this post on Instagram
Проширувањето на семејството долго време беше желба на актерката. Набргу по добивањето на ќерката Ројс преку сурогат-мајка во ноември 2022 година, таа откри дека логистичките проблеми биле единствената пречка.
„Би сакала да имам уште едно дете“, изјави таа за „Е! Њуз“ во август пред две години. „Прашањето е: „Дали е можно?“ Морам да одам преку ин витро фертилизација. Ќе видиме како ќе оди“.
View this post on Instagram
Двојката веќе ја има тригодишната ќерка Ројс Лилијан, која е родена во ноември 2022 година преку сурогат-мајка.
Ребел сподели емотивна објава во тоа време.
„Не можам ни да ја опишам љубовта што ја чувствувам кон неа, таа е прекрасно чудо! Благодарна сум им на сите што беа вклучени (знаете кои сте), ова се правеше со години, но особено би сакала да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна сурогат-мајка, која ја носеше и ја роди со таква грациозност и грижа. Ви благодарам што ми помогнавте да основам свое семејство, тоа е неверојатен подарок. Најдобриот подарок! Подготвена сум да ѝ ја дадам на малата Ројси целата љубов што можам да ја замислам. Учам бргу… Ги почитувам сите мајки! Се гордеам што сум во вашиот клуб“.
фото/депозитфотос
Забава
Крива Паланка осветлена со декорации: „Новогодишната бајка може да почне“
Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека празничното украсување на градот е целосно завршено. Централните локации, плоштадот и главните улици се осветлени со светлосни инсталации и тематски новогодишни декорации.
Градоначалникот Сашко Митовски порача дека новогодишната бајка во Крива Паланка може да почне посакувајќи празничното осветение да донесе радост, мир и надеж за сите жители.
Тој истакна дека украсувањето е создадено со љубов и внимание за сите генерации и дека градот блеска како што заслужуваат неговите жители.
Забава
Таа со години живее бесплатно на крузер : „Јадам и пијам што сакам, но под еден услов“
Кристин Кестелу и нејзиниот сопруг Питер живеат на крузер со години, а таа неодамна откри како изгледа тоа искуство.
Оваа 44-годишна жена, по потекло од Америка, решила да го напушти традиционалниот живот на копно. Се ослободила од грижата за кирија и кредити и наместо тоа, почнала да заработува пари пловејќи низ светот.
За време на едно од патувањата, таа го запознала и својот сопруг, кој ја дели нејзината страст за крузери, објавува „Дејли стар“.
View this post on Instagram
Иако повеќе не работи како директорка за крстарења (лицето одговорно за организирање забава и активности), Кристина сè уште останува на бродот како гостинка со својот сопруг – најмалку шест месеци во годината.
Денес, таа создава содржина за социјалните медиуми документирајќи го животот на отворено море. Повеќе од милион луѓе ги следат нејзините дневни рутини на „Тик-ток“, каде што таа одговара на прашања од љубопитни гледачи за овој неконвенционален начин на живеење
„Животот и работата на крузер е посебен свет што многу луѓе не го разбираат“, објаснува Кристина.
Како сопруга на член на екипажот (Питер е главен инженер на бродот), Кристина има пристап до просторот за персонал и патници, со услов да мора да носи значка за идентификација. Таа може да ужива во луксузните погодности на бродот – базени и спа-центри, ресторани и сите погодности.
И покрај предрасудите дека крузерите не се најбезбедна средина, таа тврди поинаку.
„Над 260 крузери што им припаѓаат на повеќе од 60 компании пловат секој ден. Инцидентите се навистина ретки, иако стотици илјади луѓе пловат секој ден“, вели таа.
Таа додава дека често се вели дека крузерите се проблематични, но според искуството на нејзиниот сопруг, тоа не е вистина.
View this post on Instagram
„Питер е на море 34 години и бил болен само еднаш. Тоа се илјадници и илјадници дена. На крајот, сè се сведува на миење раце“, нагласува Кристина.
Сепак, постои едно правило што мора строго да го почитува – не ѝ е дозволено да се коцка во казиното на бродот.
Исто така, како креатор на содржини за мрежите Кристина се придржува до строги правила за приватност – таа не ги снима патниците или членовите на екипажот, без нивна изречна дозвола.
Со повеќе од една деценија на море,се чини дека таа целосно ужива во својот неконвенционален, луксузен живот – и без никакви трошоци за домување.

