Забава
Парис Хилтон повеќе не сака да глуми лик со совршен живот
Парис Хилтон повеќе нема да изиграва среќна како што го правеше тоа пред самоизолацијата среде пандемија на коронавирус.
39-годишната телевизиска sвезда признава дека глумела стереотипи порано во кариерата, но таа смета дека изолацијата се покажала како пресврт во нејзиниот живот.
„Пред карантинот постојано патував во различни земји, се дружев со странци, и цело време го играв тој лик, па заборавив која сум и речиси се изгубив во него“, вели Парис во инервју за „Сандеј тајмс“.
„Но, тоа не сум јас и не сакам да ме запомнат како таква. Јас имам љубезно срце, јас сум одговорна“.
Парис сега планира да прекине да оди на живи свирки и диџеј-забави на Ибица и има намера во целост да го промени стилот на живеење. Таа за весникот изјави: „Ми здосади да го трошам животот во постојани патувања и журки. Јас всушност немам личен живот“.
Парис пред неколку години реши да замрзне свои јајце клетки по разговор со Ким Кардашијан-Вест. Русокосата убавица, која моментално е во врска со бизнисменот Картер Реум, смета дека секоја жена треба да размисли за замрзнување на свои јајце клетки.
„Мислам дека секоја жена треба да го стори тоа затоа што навистина можете да го контролирате процесот, и ќе го нема она: О Боже мој, треба да се омажам“.
Таа е убедена дека во Картер конечно ја пронашла љубовта на својот живот. Парис, која претходно беше верена три пати, вели дека во минатото сакала да изиграва среќна, со совршен живот, со совршен партнер, но никогаш не се чувствувала така.
„Само глумев“, додава таа во интервјуто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.