Забава
Принцовите Вилијам и Хари со одделни изјави за својот дедо
Кралските браќа ги пофалија напорната работа, карактерот и смислата за хумор на својот починат дедо во одделни изјави објавени во понеделникот.
Вилијам, војводата од Кембриџ, втор во редот за наследување на британскиот трон, му оддаде почит на војводата од Единбург опишувајќи го како извонреден човек од извонредна генерација.
„Животот на мојот дедо го дефинираа службата и посветеноста – кон неговата земја и Комонвелтот, кон неговата сопруга кралицата и кон нашето семејство“, напиша тој.

„Мојот дедо беше извонреден човек и беше дел од извонредна генерација. Ќе ми недостига, но знам дека тој би сакал да продолжиме со работа“, истакна принцот Вилијам додавајќи дека секогаш ќе биде благодарен што неговата сопруга Кејт имала можност да го запознае.
Во одделна изјава објавена половина час подоцна и принцот Хари се потсети на својот дедо опишувајќи го како човек со автентична, сериозна и остра духовитост. „Тој можеше секому да му го задржи вниманието поради неговиот шарм – и исто така затоа што никогаш не знаевте што ќе рече следно“.

„Меган, Арчи и јас (како и твојата идна правнука) секогаш ќе имаме посебно место за тебе во нашите срца“, додаде Хари, кој веќе пристигна во Велика Британија.
Ова е враќање дома што тој никогаш не би го посакал, но принцот Хари се врати во Велика Британија по нешто повеќе од една година од заминувањето за погребот на својот сакан дедо, војводата од Единбург, што ќе се одржи оваа сабота во замокот Виндзор.

Поради строгите правила против Ковид-19 за сите што патуваат, Хари ќе остане во изолација во наредните денови.
Неговата сопруга, војвотката Меган Маркл, останува во нивната куќа во Монтесито, во Калифорнија. Нејзините лекари ја советувале дека не е безбедно да лета бидејќи и остануваат уште неколку месеци пред да го роди второто дете, сестра на Арчи Маунтбатен-Виндзор.
Војводата од Единбург, сопруг на кралицата Елизабета Втора, почина во петокот само неколку месеци пред неговиот 100-ти роденден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Прекумерното користење на куркумин може да биде штетно за бубрезите
Иако има антиинфламаторни својства, куркумата како додаток треба да се користи со претпазливост. Еден од помалку познатите, но важни ризици се однесува на здравјето на бубрезите.
Куркумата и нејзината активна состојка куркумин добија голема популарност како природен додаток во исхраната во последниве години, честопати промовирани како помагачи при воспаление, болка и општо здравје.
Иако има докажани антиинфламаторни и антиоксидантни својства, експертите предупредуваат дека постои голема разлика помеѓу користењето на куркума како зачин и земањето концентрирани додатоци, каде што дозите можат да бидат многу пати поголеми.
Еден од помалку познатите, но важни ризици е поврзан со здравјето на бубрезите. Куркумата содржи оксалати, кои, во високи дози и со долготрајна суплементација, можат да го зголемат ризикот од формирање камења во бубрезите, особено кај луѓе кои претходно ги имале или се предиспонирани за нив.
Студиите покажаа дека додатоците на куркумин можат да го зголемат излачувањето на оксалат во урината, што може да доведе до сериозни компликации кај чувствителни лица. Иако куркумата во умерени количини може да има позитивни ефекти, неконтролираната употреба на додатоци во исхраната носи ризик од несакани ефекти и интеракции со лекови.
Затоа, експертите советуваат претпазливост и препорачуваат пред да земате куркумин во форма на додаток подолго време, императив е да се консултирате со лекар, особено за луѓе со хронични заболувања или проблеми со бубрезите.
фото/депозитфотос
Забава
Кејт Винслет: Дел од моите први интимни искуства беа со жени
Славната актерка Кејт Винслет откри дека како тинејџерка имала интимни искуства и со жени за што отворено зборуваше во поткастот Team Deakins. Таа се наврати на улогата во филмот Heavenly Creatures, кој ѝ ја лансира кариерата и во кој толкува сложен однос меѓу две тинејџерки.
„Ќе споделам нешто што досега никогаш не сум го кажала – дел од моите први интимни искуства беа со девојки. Бев љубопитна и во таа фаза од животот тоа ми помогна подобро да се поврзам со ликот“, изјави Винслет.
Улогата во Heavenly Creatures ѝ го отвори патот кон успешна кариера, која кулминира со светска слава по филмот „Титаник“. Денес, таа зад себе има богато актерско портфолио, а неодамна го оствари и своето режисерски деби со филмот „Збогум, јуни“, достапен на „Нетфликс“.
Винслет е позната по тоа што внимателно го чува приватниот живот, но и по јавното залагање за правата на ЛГБТК+ заедницата. Во претходни интервјуа таа зборуваше и за стравот што многу млади актери го чувствуваат во Холивуд доколку јавно ја откријат својата сексуалност поради можни последици врз нивната кариера.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Црниот фустан на Кејт Хадсон е совршен за празничните вечери
Кога зборуваме за модниот избор на Кејт Хадсон, на ум паѓа само еден збор, а тоа е – елеганција.
Славната русокоса се смета за дама со стил и вкус, а тоа го докажала многупати на големи настани, особено за време на многуте промоции на филмот Song Sung Blue.
View this post on Instagram
Сега повторно покажа дека едноставноста и елеганцијата немаат замена, а за нејзиното појавување во емисијата Watch What Happens Live носеше безвременско парче облека – црн фустан од Balmain. Станува збор за минималистички модел, без прерамки, што ја следи линијата на телото.
View this post on Instagram
Златниот детаљ во горниот дел од креацијата беше исто така впечатлив, што му даде на изгледот доза луксуз. Сето ова го надополни со златни додатоци, едноставна фризура и шминка во земјени тонови.
Стилистката Емили Санчез беше задолжена за беспрекорниот изглед на Кејт.

