Забава
Принцот Хари: „Морав да барам помош“
Принцот Хари во документарниот филм The Me You Can’t See („Јас, кој не го гледате“) признава дека се борел со темни мисли во животот како член на британското кралско семејство.
Дома никогаш не бил охрабрен да зборува за своите проблеми. Неговите напади на паника на крајот ќе доведат до експерименти со алкохол и лекарства. На крајот, Меган Маркл била таа што го посоветувала да побара стручна помош.
Документарецот на тема ментално здравје е прв во кој војводата Хари дебитира како холивудски продуцент, а го изработи заедно со водителката Опра Винфри.
Во филмот, кој премиерно беше прикажан во мај 2021 година, Хари зборува на повеќе теми поврзани со своето минато, за погребот на својата мајка, принцезата Дијана, за сопругата Меган и за психотерапијата, која му помага.

Интересно е што некои медиуми сега, две години подоцна, се навраќаат на неговата исповед.
Принцот посетува терапевт веќе неколку години, а се соочува со анксиозноста од својата 12-годишна возраст кога почина принцезата Дијана.
„Во моите рани дваесетти години си реков дека не го сакам ова, не ја сакав круната, не ја сакав оваа работа затоа што видов што ѝ направија на мајка ми“, вели тој.
Хари ги обвинува членовите на своето семејство за потиснување на емоциите кога имал потреба од разговор, а тоа се случило и кога Меган минувала низ тежок период.
Сите од кралското семејство одбивале да помогнат и инсистирале тоа да се чува во тајност. Хари открива дека нивната незаинтересираност за неговата ментална состојба, како и таа на Меган, е една од главните причини за заминување на двојката во САД.
The Me You Can’t See е составен од пет дела, а покрај Хари, се појавуваат и Глен Клоуз и Лејди Гага, како и 14 експерти за ментално здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок
Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:
Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.
Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.
Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.
Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.
Забава
Се скри зад долгата коса и брада: никој не го препозна познатиот актер на црвениот тепих
Познатиот британски актер Дејвид Трелфол ги изненади сите со своето најново појавување на црвениот тепих, каде што многумина не го препознаа. Со долга седа коса, брада и опуштен изглед – панталони, маица, сако и сив шал – актерот изгледал сосема поинаку од порано.
Трелфол е најпознат по улогата на Френк Галагер во серијата „Шејмлес“, но ретко се појавува во јавност и го чува приватниот живот подалеку од медиумите. Познато е дека од 1995 година е во брак со босанската актерка Брана Бајиќ.
Во новата серија „Смртта на Бани Манро“ тој го толкува ликот на постариот Бани, кој по самоубиството на сопругата се обидува да се справи со родителството и сопствената зависност од секс.
Забава
Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот
Суд во францускиот град Безје ја казнил Доминик Валдије со 1.250 евра затоа што нејзиниот портокалов мачор Реми редовно одел кај соседот и правел штета — оставајќи траги од шепи, мокрејќи по ќебиња и вршејќи нужда во дворот. Пресудата предвидува и дополнителна глоба од 30 евра секој пат кога мачорот повторно ќе ја премине оградата.
Организацијата за заштита на животни (SPA) предупреди дека случајот може да создаде правен преседан што би ја ограничил слободата на мачките да се движат во својата околина и би ги одвратил луѓето од нивно вдомување.
Валдије вели дека сега го држи Реми затворен во куќата: „Се здебели и стана агресивен. Како да му е изречена домашна казна.“ Дел од соседите ја поддржуваат, оценувајќи дека пресудата е апсурдна и штетна за сите сопственици на животни.

