Забава
Рајан Гослинг и Ева Мендес вљубени како и пред една деценија
Рајан Гослинг во моментот е насекаде благодарение на улогата на Кен во претстојниот филм „Барби“.
Но, актерот од „Ла ла ленд“ е семеен човек во срцето, каде што главното место го имаат долгогодишната негова партнерка Ева Мендес и нивните две ќерки Есмералда (8) и Амада (6).
Двете ѕвезди меѓусебно се поддржуваат во кариерата – дури и иако јавно не говорат еден за друг.
„Таа е неговиот број 1 фан и сака кога тој снима големи филмови, како ‘Барби’,“ изјави извор за „Јуес викли“.
„Рајан исто така ја поддржува Ева во сè и. едноставно. ја обожава“.
Рајан и Ева почнаа врска во 2011 година во текот на снимањето на „Местото зад боровите“ (The Place Beyond the Pines).
Минатиот месец тие прославија 10 години заедно, а актерката од „Хич“ го одбележа овој повод со стари фотографии од нив двајца од филмот што ги спои.
Во друга објава по повод нивната годишнина таа напиша: „Магијата е вистинска. Не се запознавме на снимање. Магијата почна многу порано, но еве мала магија снимена со камера. Благодарност до неверојатниот режисер Дерек Чанфренс“.

И покрај долгата врска, двете ѕвезди ретко се појавуваат заедно на црвениот тепих – иако фановите бараа да го сторат тоа.
Ева и Рајан избраа да ги држат својата врска и своите ќерки подалеку од очите на јавноста.
„Не зборувам за Рајан и за сите прекрасни работи што тој ги прави како татко бидејќи тој дел го чувам приватен“, напиша ѕвездата на Training Day на социјалните мрежи во една пригода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
Фејсбук тестира наплата за споделување линкови
Фејсбук тестира систем кој би можел да им наплаќа на корисниците за споделување линкови преку интернет, потег што би можел да се покаже како дополнителен удар за медиумите и другите издавачи. Мета, сопственикот на социјалната мрежа, потврди дека спроведува „ограничен тест“ во кој корисниците без платена претплата Meta Verified, која започнува од 12 евра месечно, можат да објавуваат само два надворешни линка месечно, објавува The Guardian.
Што носи новиот тест?
Се чини дека тестот вклучува подмножество на Фејсбук страници и кориснички профили кои го користат „Професионален режим“, кој е дизајниран првенствено за креаторите на содржини да ги монетизираат своите објави. Иако медиумските организации сè уште не се директно вклучени во тестот, овој потег би можел силно да ги погоди бидејќи би можел да ги одврати нивните читатели од споделување содржина.
Издавачите веќе забележаа огромен пад на веб-сообраќајот по одлуката на Мета во 2023 година да ги деприоритизира вестите и да се префрли на прикажување видеа и вирална, кратка содржина.
Сообраќајот од Фејсбук кон страниците со вести се опоравува оваа година, но според некои мерења во 2024 се намалил за дури 50% за една година.
Цел да се поттикнат претплатите
Најновиот тест е дел од кампањата на Мета за охрабрување на корисниците на Фејсбук да се претплатат на нивната услуга Meta Verified, која чини од 12 до речиси 500 евра месечно по профил, во зависност од нивото на услугата. Претплатата нуди дополнителни функции на сметката и повисоко ниво на безбедност.
Во снимки што ги споделуваат корисниците, Фејсбук предупредува: „Почнувајќи од 16 декември, одредени профили на Фејсбук без Meta Verified ќе бидат ограничени на споделување на две органски [т.е. бесплатни] објави месечно. Претплатете се на Meta Verified за да споделувате повеќе линкови на Фејсбук, плус да добиете значка за верификација и дополнителни бенефиции.“
Стратешка промена на Мета
Дејвид Батл, основач на медиумската консултантска куќа DJB Strategies, рече дека Мета „намерно се повлекувала од вестите неколку години“.
„По повлекувањето од плаќање на издавачите и целосното блокирање на линковите за вести во Канада како одговор на регулативата, јасно стави до знаење дека вестите повеќе не се стратешки“, рече Батл.
„Овој последен експеримент – кој засега ги исклучува издавачите – го зајакнува поместувањето од бесплатната дистрибуција кон монетизација на досегот, бидејќи Мета се стреми да извлече поголема вредност од своите постари платформи. Ова може да биде поврзано со нејзиниот скап и широко признат погрешен чекор во метаверзумот, бидејќи сега ги удвојува своите напори за вештачка интелигенција“, додаде тој.
Портпаролот на Мета рече: „Ова е ограничен тест за да се разбере дали можноста за објавување зголемен број поврзани објави додава дополнителна вредност за претплатниците на Meta Verified“.
За потсетување, Мета во јануари изјави дека ќе „заземе поперсонализиран пристап кон политичката содржина, така што луѓето кои сакаат да видат повеќе од неа во своите канали можат да ја видат“.
Се чини дека овој потег доведе до повторно оживување на вестите, според анализата на Press Gazette и Similarweb. Еден од најголемите победници беше британскиот „Експрес“, чиј сообраќај од „Фејсбук“ порасна за 26% за една година, а во март, социјалната мрежа учествуваше со дури 75% од вкупниот сообраќај на социјалните медиуми.
Забава
(Фото) Некогаш најубавата актерка, сега шокира со својот изглед: Кејт прошета во долна облека низ Лос Анџелес
Кејт Бекинсејл веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста со своите необични, а понекогаш и бизарни стајлинзи. Не толку типичните модни додатоци се составен дел од нејзините комбинации, а се чини дека ова е личен моден израз кој таа нема намера да го прилагоди на модните трендови.
Сега странските медиумски фотографи ја фотографираа на улиците на Лос Анџелес, а таа повторно предизвика дискусија во врска со нејзиниот избор на облека.
Kate Beckinsale flashes her black underwear in a sheer white dress as she enjoys a shopping spree in LA https://t.co/ofUCuXtxLd
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) December 17, 2025
Таа носеше бел фустан од тил со црна долна облека видлива под него, а на изгледот ги додаде и своите препознатливи чизми со платформа, кои долго време беа предмет на јавни навреди.
Треба да се напомене дека фустанот ја истакнуваше нејзината видливо слаба фигура, особено нејзините нозе. Изгледот го надополни со златни додатоци кои беа, навистина, впечатливи.
Таа ја стилизираше косата на наједноставен начин – одлучувајќи се за нејзината автентична фризура, коњско опавче кое го надополни со преголема црна панделка.
Забава
(Фото) Јелена Розга сè поубава и позгодна: нејзината модна комбинација воодушеви
Пејачката Јелена Розга (48) беше на еден настан во Белград и во таа пригода ги воодушеви сите со своето модно издание. Како и обично кога е таа во прашање, емоциите и добрата енергија се на врвот, а Јелена сето тоа го надополни и со својот неверојатен изглед.
Модните комбинации на една од омилените пејачки во регионот секогаш се вистинска инспирација, а таа знае како правилно да ја истакне целата своја женственост.
Јелена блескаше во карирано здолниште со средна должина кое го искомбинира со црна тесна ролка и елегантни чевли. Наборите на крајот од здолништето ѝ даваа уникатност, а кројот во форма на сирена ја нагласуваше нејзината фигура.
Како што пишува Gloria.hr, станува збор за модел направен од волна, од брендот Klisab и неговата цена е околу 370 евра.
Не е невообичаено Јелена Розга да предизвика возбуда со својот стил, кој е секогаш толку одмерен и софистициран, па затоа уште еднаш докажа дека постојат работи што никогаш не излегуваат од мода.
Јелена ужива во љубовта со Иван Хуљиќ, кој е 11 години помлад од неа, а многумина го припишуваат нејзиниот зачудувачки изглед на среќата на емоционално ниво.

