Забава
Редовното одење во сауна го намалува ризикот од мозочен удар
Ризикот од мозочен удар кај мажи и жени во средни и во постари години би можел да се намали повеќе од 60 отсто ако редовно посетуваат сауна, покажуваат најновите резултати од студијата објавена во списанието Neurology.
Истражувањето е спроведено врз 1.628 мажи и жени од 53 до 74 години, а кардиоваскуларното здравје и зачестеноста од мозочни удари кај таа група луѓе се следени 15 години.
Поголем дел од Финците одат во сауна барем еднаш неделно, а учесниците во истражувањето биле поделени во три групи, едни оделе во сауна еднаш неделно, други два-трипати, а трети оделе од четири до седумпати неделно.
Токму последната група, која одела најмногу во сауна, имала 60 отсто помал ризик од мозочен удар во споредба со оние што сауната ја користеле еднаш неделно. Средната група имала 12 отсто помал ризик во споредба со првата група.
Научниците објасниле дека ова е само набљудувачка студија, па не можат да тврдат дека одењето во сауна директно предизвикува помала зачестеност на мозочни удари.
Сепак, докажано е дека сауната има многубројни здравствени предности, како што се намалување на крвниот притисок, подобрување на функцијата на белите дробови, како и намалување на ризикот од срцев удар, поради што експертите велат дека би можело да се заклучи дека одењето во сауна помага и во намалувањето на ризикот од мозочен удар, пренесе „Бизнис-инсајдер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.