Забава
Рецензии за „Опенхајмер“: Килијан Марфи има силно влијание врз атомскиот еп
Филмските критичари дадоа позитивни рецензии за новиот биографски трилер на Кристофер Нолан за таткото на атомската бомба.
Филмот вклучува актерски тим од холивудската А-листа, предводен од Килијан Марфи во ликот на американскиот физичар Џеј Роберт Опенхајмер.
Британски „Индепендент“ филмот го нарече паметен, имагинативен, додавајќи дека режисерот Нолан е во своето најдобро издание.
„Телеграф“ оцени дека актерот Марфи заслепува како уништувач на световите.

Питер Бредшо од „Гардијан“ напиша дека филмот има некои мани, но сепак е извонреден.
Роби Колин од „Телеграф“ додели пет ѕвезди велејќи: „Начинот на кој Нолан го прикажува таткото на нуклеарната бомба е триумф, како да сте сведоци на расцепување на самата историја“.
Тој додаде: „Глумејќи го Опенхајмер од раните 20-ти до доцните 50-ти, актерот Марфи (47) ја дава изведбата на својот живот проткајувајќи го телото на Опенхајмер со возбудлива нервозна еротика и неговиот глас со бучна музикалност што ве потсетува на Хемфри Богарт“.

Новинарите што го гледаа филмот на премиерата во Париз споделија блескави рецензии на „Твитер“.
„Растргнат сум помеѓу тоа да бидам срамежлив и таинствен во врска со Опенхајмер или едноставно да кажам дека ова беше целосен нокаут што ми го отвори мозокот како плутониумско јадро и ме остави да плачам по завршувањето на филмот“, напиша Колин на својот твитер-профил.
Режисерот Нолан во разговор со уредничката на одделот на Би-би-си за култура, Кејти Разал, рече: „Овој физичар ни даде моќ самите себе да се уништиме, а тоа никогаш претходно не се случило“.
Филмот нѐ враќа во времето кога американскиот физичар го надгледувал создавањето на атомската бомба во текот на Втората светска војна.
Опенхајмер управувал со тајна лабораторија во Лос Аламос, направена за време на мандатот на претседателот Френклин Рузвелт, како дел од проектот „Менхетн“ за изградба на првата атомска бомба. Тој го надгледувал детонирањето на првата ваква бомба „Тринити“ во пустина во сојузната држава Ново Мексико пред да бидат бомбардирани Хирошима и Нагасаки.
„Опенхајмер“ е базиран на биографијата „Американски Прометеј“ од 2005 година, а главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон, Роберт Дауни Јуниор, Емили Блант и Килијан Марфи, кој се најде во главната улога како таткото на атомската бомба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Високопреработената храна ги загрозува сите главни органи
Високо преработената храна ги оштетува сите главни органи на човечкото тело и претставува сериозна закана за глобалното здравје, според најголемиот светски преглед на истражувања објавени во списанието „Лансет“.
Високо преработената храна која, според „Гардијан“, денес сè повеќе ја заменува свежата храна во исхраната на децата и возрасните на сите континенти, е поврзана со зголемен ризик од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и депресија.
Ненадејното зголемување на потрошувачката на високо преработената храна низ целиот свет ги охрабри корпорациите да користат агресивни методи за зголемување на продажбата, да манипулираат со научната дебата и да доведат до спречување на регулација, според студијата.
Серија од три научни трудови наведува дека милиони луѓе сè повеќе консумираат производи како што се готови оброци, житарки, протеински плочки, газирани пијалоци и брза храна.
Во САД и Велика Британија, повеќе од половина од просечната исхрана се состои од производи од високо преработената храна која за некои, особено помладите и посиромашните жители, сочинува до 80 проценти од исхраната.
Преглед на 104 долгорочни студии покажа дека 92 студии забележале зголемен ризик од хронични заболувања и предвремена смрт кај лица кои консумираат високо преработената храна.
Првиот труд во оваа серија покажува дека високо преработената храна ги оштетува сите главни органи. Луѓето не се биолошки прилагодени за нивната потрошувачка.
фото: ЕПА
Забава
Бојана Скендеровски: Подготовките за Филхармонија и за концертот со наслов „Бесмртна“ се во тек
Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт со наслов „Бесмртна“, така возбудата за Бојана Скендеровски расте од ден на ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детаљ од вечерта, која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат.

„Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува она што го носам во себе и сакам сите да имаме една посебна и, пред сѐ, вечер што ќе биде уживање за сите сетила. Во меѓувреме, подготвувам и едно мало музичко изненадување“, открива Бојана.
На 13 декември, во 20 часот, во Филхармонијата, публиката ќе ја доживее Бојана во едно ново светло – искрена, емотивна, уметнички зрела, подготвена да ја отвори својата душа на сцената. „Бесмртна“ ветува вечер исполнета со песни што допираат длабоко, чувства што траат и моменти што се паметат.

Овој концерт не е само уште едно појавување на сцената, тоа е голем чекор, затворање на 23-годишното поглавје и почеток на ново, уште посилно. Публиката ќе ужива во репертоар што ги спојува најубавите спомени со сегашноста и она што допрва доаѓа.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин

