Многумина се потпираат на Французите за инспирација за стил. Од црвените кардигани, кои тивко го зазедоа гардероберот, до класичните комбинации од фармерки со рамни ногавици и балетанки, парижанките имаат неверојатна способност повторно да ги направат релевантни, дури и наједноставните идеи.
Нов моден тренд што Французите го популаризираа е врзувањето ремен преку палтото. Овој тренд првин почна да се појавува на „Инстаграм“, а потоа и на улиците на Париз, каде што речиси секоја втора жена носи палто стегнато на половината.
Не станува збор за претерување и усовршување, туку за лежерен потег што веднаш го воздигнува секој изглед. Најдобро од сè, овој стилски трик не ве чини апсолутно ништо ако веќе имате ремен и палто (а сигурни сме дека имате).
Која е тајната?
Она што го прави овој тренд толку привлечен е неговата едноставност. Ременот веднаш ги менува пропорциите на палтото и му дава форма, без да изгледа како да сте се потрудиле премногу.
Парижанките го носат со сè: ремени од јаже протнати низ преголеми волнени палта, тенки кожени ремени преку строги јакни или врвки цврсто стегнати на долги мантили.
Трендот се прошири и на кратки и на лабави јакни, што изгледа многу модерно, пишува Who What Wear.
Целата филозофија се базира на практичност – изгледа како да сте го додале ременот во последен момент за да спречите ветерот да ви го отвори палтото, а не како внимателно испланиран стил.
Пред сè – забавувајте се комбинирајќи и експериментирајќи со парчињата што веќе ги имате во вашиот плакар.