Забава
Роналдо израснал во сиромаштија, немал пари ниту за хамбургер
Кристијано Роналдо во понеделникот објави дека му починал новородениот син, а поради трагедијата, фудбалерот го пропушти синоќешниот натпревар на Манчестер со Ливерпул. Неговата партнерка Георгина и тој се уништени од загубата на синот близнак, но како што напишаа во соопштението за медиумите, раѓањето на ќерката им дава сила.
Португалскиот фудбалер има пет деца, а откако стана татко, не крие дека се труди на своите деца да им овозможи детство што тој го немал.
Роналдо денес е еден од најдобрите и најбогати фудбалери во светот. Дојде на врвот на светот од дното. Израснал во екстремна сиромаштија со татко алкохоличар, со кој никогаш не успеал да воспостави близок однос.
Роналдо во една пригода му призна на новинарот Пирс Морган дека никогаш не бил близок со татка си. „Никогаш не бевме блиски. Многу често беше пијан. Никогаш не разговарав со него. Беше тешко“.
Фудбалската ѕвезда во таа пригода изјави дека како момче просел хамбургери од „Мекдоналд“. Ова се случувало во раните 2000 години кога Роналдо играше во младинските екипи на Спортинг Лисабон.
„Бевме гладни. Имаше ‘Мекдоналд’ покрај стадионот, тропавме на задната врата и прашувавме дали им останал некој хамбургер“, рече Роналдо и додаде дека би сакал да ги најде луѓето што му давале хамбургери, да ги покани кај него дома на вечера и да им се заблагодари.
Роналдо, според некои податоци, денес тежи милијарда фунти.
Во една пригода го однел својот најстар син во старата семејна куќа. Момчето било изненадено од собата во која пораснал татко му. Роналдо подоцна вложил неколку милиони фунти и старата куќа ја претворил во вила на седум ката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Палатата го објави враќањето на принцезата Кејт: Ова сега е нејзина примарна одговорност
Кејт Мидлтон продолжи со својата добротворна работа и покрај дијагнозата рак, но кралскиот помошник сè уште инсистира на тоа дека „и треба простор и приватност за да закрепне“.
Принцезата од Велс засега нема да се појавува на кралските настани бидејќи се вели дека сè уште закрепнува од болеста.
Враќањето на работа беше исклучено, бидејќи нејзината фондација од раните години објави извештај за бизниси кои поддржуваат семејства со мали деца.
„Не се очекува принцезата да се врати на работа додека нејзиниот медицински тим не ја ослободи“, рече портпаролот на Кенсингтонската палата.
„Работата на проектот во рамките на фондацијата ќе продолжи да биде централна за нејзината јавна работа“, рече тој.
Принцезата беше информирана за извештајот издаден од Центарот за рано детство на Кралската фондација, но не беше присутна на промоцијата во градот Лондон.
„Принцезата од Велс беше движечка сила зад работната група за бизнис. Таа е во тек од нејзиното основање. Ќе ги продолжи своите активности кога ќе се врати на работа. Сепак, сега ѝ треба простор и мир за да закрепне. Принцезата се враќа на нејзините активности само кога ќе добие зелено светло од докторот“, се наведува во соопштението.
Исто така, Кенсингтонската палата нагласи дека принцезата и покрај тоа што е „активна“ на хартија, не се вратила на работа бидејќи продолжува да прима превентивна хемотерапија за рак.
Забава
(Видео) Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!
Со спектакуларен настап на една од најголемите музички ѕвезди Џибони и исклучителните Влатко Стефановски трио, Fashion Group го прослави 20 годишниот јубилеј.
Во неверојатниот амбиент на винаријата Камник, најпознатата македонска retail компанија прославуваше за изминатите години успех, посветеност, тимска работа и неверојатните клиенти без кои немаше да биде она што е денеска.
Настанот дополнително го збогатија перформансите на уметникот Бојан Ковски и девојките од Тринити Стрингс кои во совршена синергија изведоа заеднички настап вреден за паметење.
„Веројатно и не постои поголема гордост во било која работа од онаа кога до вашето име ќе се надоврзе зборот јубилеј, а кога бројката на истиот е заокружена на 20, тогаш знаете дека изминатите години правевте нешто навистина добро. Оваа година, Fashion Group прославува 20 години од почетоците на омилената стилска приказна на многумина, приказна која немаше да биде онаква каква што е денес, доколку не постоеја лојалните клиенти со кои беше и повеќе од чест да се гради истата“, велат од Fashion Group.
Во изминатите 20 години компанијата отвори повеќе од 30 продавници со над 30 брендови, а во 2017-тата дел од искуството го насочија кон отворање на првата онлајн продавница www.fashiongroup.com.mk.
Денеска, Fashion Group брои повеќе од 70.000 лојалти купувачи, за кои ќе кажат дека се повеќе од горди што успеале дополнително да го „украсат“ секој важен момент во нивниот живот.
„Да, и можеби целото наше патување би се опишало како една неверојaтна авантура која започна со отворањето на Битсиани, бренд кој денес е синоним за елеганција и за тоа како треба да изгледа стилскиот маж. Приказната ја продолживме со најслаткиот бренд Окаиди, за денеска Fashion Group да е еден совршен круг што се провлекува низ животите на многумина благодарение на исклучителниот квалитет и изборот што секогаш е резултат на нашите неповторливи тимови“, велат од компанијата.
На самиот настан беше прикажана и рекламата што Fashion Group ја сними по повод јубилејот, која наиде на воодушевување кај присутните поради исклучителната естетика и уметнички моменти преку кои се прикажани новите колекции и новиот бизнис центар на групацијата.
Тие им се заблагодарија на нивните клиенти и целиот тим на групацијата за нивната несебична поддршка сите изминати години и ветија уште многу успешни моменти заедно!
Во продолжение, погледнете дел од атмосферата од забавата на 20 годишниот јубилеј на компанијата, како и видеото кое е уметничко заокружување на двете децении исклучителна работа.
ПР
Забава
Меган Маркл и принцот Хари предупредени за две сценарија доколку војвотката продолжи да го засенува војводата
Војводата и војвотката од Сасекс се најдоа на насловните страници за време на нивната посета на Нигерија, а тоа предизвика шпекулации бидејќи некои набљудувачи забележаа дека Хари изгледа загрижен додека Меган навидум е во центарот на вниманието. Ова беше првото официјално меѓународно излегување на двојката по нивното драматично напуштање на кралските должности пред четири години.
Кралскиот коментатор Данкан Ларкомб, како што обајвуваат британските медиуми, за оваа посета вели: „На 39 години Хари изгледа како да му е удобно на игра втора виолина на неговата доминантна, 42-годишна сопруга. Меган е многу силен карактер, многу енергична и крајно амбициозна, а тоа се карактеристики што значат дека таа речиси секогаш ќе го засенува Хари и ќе го привлекува вниманието на себе. Хари е целосно во нејзина сенка, но тој никогаш не се чувствуваше пријатно кога беше во центарот на вниманието, никогаш вистински не уживаше во тоа“.
Следејќи ја динамиката на парот, д-р Сона Капур, клинички психолог, вели дека од ваквото однесување, кога едната личност ја засенува другата во врската, се можни две сценарија како исход.
„Ако Хари е задоволен што Меган го надминува, тоа значи силна самоувереност и заемна поддршка. Ако не се менаџира добро, тоа може да додаде притисок, кој има потенцијал да предизвика чувство на несоодветност или огорченост. За успех, потребни се отворена комуникација, меѓусебна поддршка и обезбедување сигурност дека двајцата партнери имаат можност да ги следат своите интереси и да блеснат“, објаснува Капур за британските медиуми.
Коментаторот Ларкомб посетата на Нигерија ја нарече „шоуто на Маган“, во кое Хари бил тргнат настрана, а Меган ја оцени како магнет за внимание.