Забава
Скарлет Јохансон има едно главно правило во воспитувањето на својата ќерка Роуз

Скарлет Јохансон го коментираше начинот на кој ја воспитува својата ќерка Роуз Дороти, која ја доби со поранешниот сопруг Ромен Доријак.
Во интервју за InStyle, актерката откри дека Роуз изразила желба да прави видеа за козметичкиот бренд на нејзината мајка. Но, Скарлет одбила, велејќи дека повеќе и’ дава приоритет на анонимноста на нејзините деца отколку што сака да биде „кул мајка“.
„Работата за да се биде јавна личност е дека идејата да се биде препознаен и славен е забавна, но не можете да ја вратите во шишето“, коментира актерката, додавајќи дека славата доаѓа со големи загуби.
„Зачувување на нечија приватност се додека тоа не стане негов избор, тоа е она што секогаш го правам во воспитувањето на моите деца“, истакна таа.
Покрај ќерката Роуз, Скарлет го има и синот Космо, кој го доби со сегашниот сопруг, американскиот комичар Колин Џост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Скопјанката Лара Станчева победи на Top Model International 2025 во Монако

Минатата недела во престижната сала Sporting Monte Carlo во Монако се одржа финалето на 21. избор за Top Model International 2025, на кој победи нашата претставничка, 15-годишната Лара Станчева ученичка во средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје.
Таа овој успех го направи во конкуренција на 59 девојки учеснички од целиот свет.
Лара е член на Модното студио Црнокрак, од кое добивме информации во врска со овој интернационален избор за модели, на кој Македонија за прв пат имаше свои претставници.
Првично од преку 10.000 кандидати, пријавени онлајн од целиот свет се избраа 5.000 од 35 националности, кои беа на кастинг во повеке градови во Европа. На кастингот во Париз, Лара беше избрана за полуфинале во Брисел заедно со 450 кандидати. И таму Лара одлично се претстави и влезе во финалето, меѓу најдобрите 111 девојки, од кои 52 беа во конкуренција на модели и 59 во конкуренција на фотомодели.
Финалето се одржа во престижната сала Sporting Monte Carlo, а Лара Станчева победи во конкуренција на фотомодели.
Кај машките победник е Matteo Mergny од Белгија, а Македонија ја претставуваше Димитар Димоски кој имаше најголем број гласови од public voting и во Брисел ја освои наградата фотосесија во Saint Tropez.
Во конкуренција на модели победи Emma Demay од Франција, а кај машките претставникот на Италија Federico Rossini.
За победата Лара доби учество во два големи проекти, две големи кампањи за светски познати модни брендови, за кои снимањата во наредниов период ќе бидат во Маракеш, Мароко и на Малдивите.
Забава
(Видео) Започна снимањето на новата сезона од серијата што ја гледаа 100 милиони луѓе

Криминолошката серија „Лупин“, која ја гледаат стотици милиони луѓе на „Нетфликс“, ги воодушеви гледачите ширум светот.
Многумина велат дека „се заљубиле во серијата по првите пет минути од првата епизода“.
Францускиот трилер првпат се емитуваше во 2021 година, а главните улоги ги играат Омар Си, Лудивин Сање и Клотилд Хесме. Во центарот на заплетот е Асан Диоп (Си), кој е инспириран од приказните за познатиот измислен крадец Арсен Лупин и самиот станува вешт криминалец. Синопсисот вели дека Асан „се одмаздил на богато семејство кое му згрешило на неговиот татко“.
Серијата е создадена од Џорџ Кеј и Франсоа Узан, а од премиерата досега има собрано импресивни 99,5 милиони прегледи на „Нетфликс“.
На социјалните мрежи гледачите пишуваат: „Лупин на Нетфликс – совршена десетка. Погледнете го“, „Тукушто го гледав Лупин. Одлична серија, ве држи заинтересирани до крај“ и „Мора да го гледате Лупин на Нетфликс. Едноставно е серија за мој вкус“.
Но, не сите го делат истото мислење.
Еден корисник напиша на страницата со рецензии: „Омар Си како Лупин е шармантен, но заплетите се сосема нереални… понекогаш едноставно глупави. Се чинеше дека има потенцијал бидејќи продукцијата е врвна, но приказните се навистина претерани.“
Забава
(Фото) 10 најинтересни модни креации од доделувањето на наградите AMA

По двегодишна пауза, доделувањето на Американските музички награди се одржа синоќа во Лас Вегас. Иако Били Ајлиш (23) триумфира во сите седум категории за кои беше номинирана, ниту таа ниту многубројни други ѕвезди – вклучувајќи ги Тејлор Свифт, Сабрина Карпентер и Аријана Гранде – не се појавија на доделувањето на наградите.
Церемонијата ја водеше Џенифер Лопез, а на сцената настапија и сер Род Стјуарт, Рене Рап, Гвен Стефани и Џенет Џексон. Сепак, публиката не беше импресионирана – многумина на социјалните мрежи го нарекоа настанот „најлошата церемонија на доделување награди досега“ најмногу поради отсуството на главните категории од емитувањето и недостигот на познати лица во публиката.
Но, и покрај сè, некои успеаја да привлечат внимание – барем со своите модни избори.