Забава
Софи Тарнер отиде на скијање со британски аристократ и ги потврди шпекулациите за врска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/Screenshot-2024-01-30-133503.jpg)
Софи Тарнер во својата најнова објава на „Инстаграм“ ја потврди врската со 29-годишниот аристократ Перегрин Пирсон.
Таа објави фотографии од скијање, каде што парот бил со пријателите. 27-годишната актерка не откри каде точно биле на одмор, но нејзините фанови во коментарите шпекулираа дека тимот, најверојатно, е во Австрија или Швајцарија.
За потсетување, Софи и Перегрин ги поттикнаа шпакулациите за врска на крајот на минатата година кога беа снимени како се бакнуваат на улиците на Париз. Ова беше само два месеца откако актерката објави дека се разведува од Џо Џонас.
29-годишниот Перегрин Пирсон многумина го нарекуваат најпосакуваниот британски ерген. Тој е наследник на четвртиот виконт Каудреј, а неговото семејно богатство се проценува на 224 милиони фунти. Перегрин се раздели од принцезата Марија-Олимпија од Грција и Данска минатиот септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
Концерт „Најдоброто од Копров” на Скопско лето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/download.jpg)
Концертот „Најдоброто од Копров“ на Ана Петановска ќе се одржи утревечер, со почеток во 20.30 часот, во Националната опера и Балет.
Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров, како што се „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Не зори зоро“, „Не допирај ме“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Анушка“ и многу други.
Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните гости: мегаѕвездата Владо Јаневски, единствената Наде Талевска, топлиот вокал на Горан Наумовски и прекрасниот Денис Димоски, а во придружба на камерен оркестар.
Музички продуцент на настанот е Давор Јордановски.
Забава
Хороскопски знаци што ќе го имаат најуспешното лето досега
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-03-113350.jpg)
Летото пристигна и сите имаме големи очекувања од него. Сепак, на некои знаци ќе им донесе повеќе среќа. Хороскопските знаци кои чекаат успешно лето можат да се подготват за сосема безгрижен период.
Секој ден планетите од Сончевиот систем ја менуваат својата позиција, а тоа неминовно влијае на животот на хороскопскиот знак. Еден од најважните периоди е дефинитивно летото. Ова е време кога многумина се одлучуваат за важни работи, но носи и безгрижна енергија.
Хороскопски знаци кои ги очекува успешно лето
Рак
Раковите се родени алтруисти. Тие се подготвени да им помогнат не само на саканите, туку и на непознатите луѓе. Меѓутоа, понекогаш луѓето едноставно ја прифаќаат оваа помош без никаква благодарност. Сепак, од средината на јуни до крајот на летото, луѓето конечно ќе ја ценат укажаната помош, а тоа на возбудлив начин ќе го промени животот на овој знак на подобро. На пример, можно е на Раковите да им треба голема сума пари за патување и да ги добијат од неочекувани извори. На работа може да настанат тешкотии, а шефовите наместо да критикуваат ќе го поддржат знакот. Можно е и на Ракот да му биде потребна емоционална поддршка, а блиските луѓе да му ја пружат.
Покрај тоа, за Раковите ќе се отворат нови можности во добротворни акции. Можеби ќе дознаат за некоја фондација која ќе ги инспирира или ќе сакаат да одат на возбудлив волонтерски проект. Тие, исто така, треба да почувствуваат излив на енергија што никогаш претходно не сте го доживеале.
Шкорпија
Шкорпиите се родени кариеристи кои не можат да си го замислат животот без работа. Сепак, во последните месеци раководството можеби беше грубо кон овој знак, а напредувањето во кариерата беше тешко. Летото ќе ја промени вашата позиција и ќе донесе професионален напредок. Од средината на јуни имате успешни идеи една по друга и го зголемувате вашиот авторитет во очите на шефот и колегите.
Среќни ќе имаат и оние Шкорпии кои долго време размислуваат да започнат сопствен бизнис. Во лето ќе можете да добиете средства и да соберете сигурен тим, а плодовите од овој успех можете да ги очекувате до крајот на 2024 година.
Забава
„Дејли мејл“: Џенифер Гарнер се повлече од циркусот во врска со разводот меѓу Бен и Џеј Ло
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-03-112905.jpg)
Џенифер Гарнер одлучила да се повлече од „циркусот во врска со бракот на својот поранешен сопруг Бен Афлек и Џенифер Лопез“, изјавиле извори за „Дејли мејл“.
Упатените претходно открија дека 52-годишната актерка се обидела да ги советува бившите сопружници Афлек и Џеј Ло и наводно се обидела да им помогне да ги решат проблемите, но се чини дека ѝ е доста.
„Џен на крајот му кажа на Бен дека мора сам да се справи со тоа. Беше премногу болно за неа да се сети на нивниот развод“, додал изворот.
Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 година до нивниот развод во 2018 година. Тие имаат три деца заедно и останаа многу блиски и по разводот.
Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар. Сомнежите се засилија кога се дозна дека Бен и Џенифер го продаваат замокот што заедно го купија пред една година.
Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на својот нов филм. Двојката потоа беше видена заедно на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што исто така погреаја сомневања за развод со своето однесување.