Контакт

Забава

Србите објавија кој ќе се натпреварува за да оди на Евровизија

Објавено пред

Радиотелевизија Србија ги објави изведувачите кои ќе се натпреваруваат на изборот за песна за Евровизија и имињата на нивните песни.

dobivaj vesti na viber

Победникот на натпреварот ќе ја претставува Србија на Евросонг во 2025 година во Швајцарија.

Од 222 пријавени песни, 30 ќе бидат во конкуренција.

Натпреварот се одржува во три вечери. Полуфиналните вечери ќе бидат на 25 и 27 февруари, а во секое шоу ќе учествуваат 15 натпреварувачи. Најдобрите осум од секое полуфинале ќе се пласираат во финалето кое ќе се одржи на 1 март.

Забава

Ова е најубавото женско име во светот: звучи убаво на сите јазици

Објавено пред

Корените на ова женско име датираат од античка Грција и значи мудрост.

dobivaj vesti na viber

Дали некогаш сте почувствувале нешто топло, удобно и речиси магично кога сте слушнале одредено име? Зошто некои имиња звучат како мелодија, а други изгледаат строги и остри?

Според една студија на Универзитетот во Бирмингем, едно име се истакнува по својата хармонија, историја и значење и ја носи титулата најубаво име во светот. Тоа е името Софија. Кога ќе го кажете, звучи како мелодија – нежна и моќна во исто време. Неговата убавина лежи во совршената рамнотежа на звукот и значењето, а она што го прави посебно е фактот дека звучи пријатно на речиси секој јазик.

Името Софија не е само старо – тоа е безвременско. Неговите корени датираат од античка Грција, каде што тоа значи мудрост. Во текот на вековите се проширило во целиот свет, се приспособило на разни култури, но отсекогаш ја задржало својата суштина. Значењето на името му дава дополнителна сила – тоа не е само звучно убаво име, туку и симбол на интелигенција, смиреност и внатрешна светлина.

Луѓето со ова име често зрачат мир, топлина и самодоверба. Софија не е гласна или наметлива, но нејзиното присуство се чувствува. Таа секогаш знае како да ги најде вистинските зборови, да биде рамо за плачење и да ги инспирира луѓето околу неа.

Таа е искрена и лојална во пријателствата, а во тешки моменти дава сила и надеж. Нејзиното присуство носи чувство на сигурност – како таа секогаш да знае како да ја пронајде светлината, дури и во најтемните ситуации.

Прикажи повеќе...

Забава

Рене Зелвегер ѝ се придружува на Селена Гомез во хит-серијата на „Хулу“

Објавено пред

Рене Зелвегер се приклучи на актерската екипа на хит-серијата на „Хулу“, Only Murders in the Building („Само убиства во зградата“). Веста беше потврдена на официјалните профили  на серијата на „Инстаграм“ и на „Икс“.

dobivaj vesti na viber

„Добредојдовте во зградата, Рене Зелвегер!“, напишаа во објавата.

Тие вклучија и фотографија од актерското столче на сетот со нејзиното име. Нивната објава за само еден ден собра речиси 60 илјади допаѓања, а луѓето во коментарите напишаа дека се воодушевени.

„Со секоја нова сезона станувате сѐ поиконични“, „Само икони во зградата“, „Престанете, оваа серија постојано се подобрува“, „Ја сакам Рене“, „Бриџит Џонс во зградата?“, „Веќе ја сакам оваа серија, а сега оваа легенда ќе глуми во неа? Едвај чекам“, „Кој ја донесе оваа одлука заслужува покачување“, напишаа тие.

Во моментот не се познати деталите за заплетот на петтата сезона, како и точно каква улога ќе има Зелвегер. Актерката се приклучува на листата што ги вклучува Селена Гомез, Мартин Шорт, Стив Мартин, Мерил Стрип, Кристоф Валц, Теа Леони и Киган-Мајкл Ки.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Меган Фокс и Машин Ган Кели добија ќерка

Објавено пред

Актерката Меган Фокс и нејзиниот партнер, музичарот Машин Ган Кели, објавија во јавноста дека станале родители.

dobivaj vesti na viber

Двојката ја сподели среќната вест со своите следбеници на „Инстаграм“ заедно со кратко видео на кое се гледа нивната новородена ќерка.

Меган Фокс ги изненади своите фанови во ноември минатата година објавувајќи фотографија од трудничкиот стомак на социјалните мрежи, а во објавата го означи Машин Ган Кели, чие вистинско име е Колсон Бејкер.

Набргу потоа, Фокс објави фотографија од позитивен тест за бременост отфрлајќи ги сите сомнежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mgk (@machinegunkelly)

Четири месеци подоцна, на 27 март, парот објави дека добил ќерка, со зборовите: „Конечно е тука! Нашето мало божествено семе“.

Овој среќен момент доаѓа откога Фокс и Бејкер ја прекинаа свршувачката минатата година и решија секој да тргне по својот пат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

OJO: Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се товари за тешки...

Македонија6 часа

Четворицата лидери на „Влен“ вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај Аљбин Курти, Таравари вели дека ќе разговараат и за локалните избори

За претстојните локални избори, како и за сите актуелни теми во земјата и во регионот, вечерва, на ифтарска вечера кај...

Македонија7 часа

Денес, осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека во моментот во установите во Скопје се хоспитализирани 22 пациенти, сите стабилни и...

Топ7 часа

Измамници оштетија струшко семејство: им понудиле донации за болниот син, па подигале брзи кредити

Двајца измамници излажале сопружници од Струга дека ќе собираат пари за лекување на нивниот болен син и им ги зеле...

Македонија8 часа

Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден...

Македонија9 часа

Македонците и годинава ќе може да патуваат во ЕУ како досега: системот ЕТИАС одложен

Системот ЕТИАС, кој ќе се применува за влез во земјите од Европската Унија, повторно е одложен и ќе почне на...

Македонија9 часа

Сестрата на прегазената Фросина Кулакова: „На движењето ‘Кој е следен?’ не му е важна жртвата, туку агендата“

Росица Кулакова, сестрата на трагично прегазената Фросина Кулакова, првпат јавно зборуваше за случувањата по загубата на сестра си, но и...

Топ11 часа

Уапсени двајцата возачи што удрија пешаци во Скопје, автомобилите одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 45-годишниот И.С. од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот...

Свет12 часа

(Видео) Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: се тресеше и на Тајланд на 1.000 километри од епицентарот

Застрашувачки снимки излегуваат од Тајланд откако утринава два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени...

Македонија12 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет13 часа

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: „Почна да тоне додека сè уште беа отворени челичните врати“

Шест туристи трагично загинаа откако подморница потона крај брегот на Египет додека беа на обиколка на подводните корални гребени. Вкупно...

Регион13 часа

Авионот на Додик полетал од Израел и среде ноќ слетал во Белград

Авионот на Владата на Република Српска полетал синоќа во 21 часот и 32 минути од аеродромот Бен Гурион во Тел...

Свет14 часа

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците одредуваат кој управува со Украина

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на...

Европа14 часа

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да...

Македонија15 часа

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје: ќе се извлекува камион излетан од патот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 05.00 до 07.00 часот на магистралниот пат ГП...

Македонија1 ден

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница, апелира директорката на Пластична хирургија

Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирал дека во болницата во Кочани има услови за лекување...

Македонија1 ден

Деветмина пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осуммина се враќаат од странство, во Скопје ќе останат 15, а во странство 100  

Од денес на домашно лекување одат деветмина пациенти, кои се лекуваа на скопските клиники по пожарот во Кочани, а дома...

Македонија1 ден

Ќе се испитува дали постои основа за задржување на насилникот од Радовиш, кој сподели видео на „Тик-ток“ додека ја тепаше сопругата

За лицето од Радовиш, кое целата јавност го виде на видео на „Тик-ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се...

Македонија1 ден

„Не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите, дојде време да избираме децата или партиите“: се огласија кочанчани

Дојде време да избираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе....

Македонија1 ден

За хероите од Кочани

„За вистинските херои од Кочани“ – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не...