Забава
Сталоне нема да се појави како Роки Балбоа во новиот „Крид“

Само неколку дена откако Силвестер Сталоне потврди дека нема да се појави во претстојниот „Крид 3“, режисерот и главен лик во филмот, Мајкл Б. Џордан, откри зошто.
Минатиот месец беше потврдено дека 31-годишниот Џордан не само што ќе се врати како Адонис Крид туку и ќе го направи своето режисерско деби со продолжението.
Сталоне (74) во коментар на „Инстаграм“ минатата недела напиша дека филмот ќе се снима, но тој нема да глуми во него. Ваквиот коментар дојде по интервјуто на Џордан за IGN за неговиот нов филм за „Амазон“, Without Remorse.
„Ние сакаме да се фокусираме на Адонис и семејството што тој го создаде. Се надевам дека ќе ви се допадне новата сторија во продолжението кое го подготвуваме. Мислам дека ќе биде нешто посебно “, рече Џордан во врска со одлуката на Сталоне да не се појави во филмот.
Веста не е изненадување бидејќи Сталоне кон крајот на ноември 2018 година, веднаш по премиерата на „Крид 2“, рече дека ќе го пензионира ликот Роки Балбоа, менторот на Адонис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Харли го покажа секој дел од своето тело во бикини: „Невозможно е да има 59 години“

Британската актерка и модел Елизабет Харли (59), која на прагот од седмата деценија воодушевува со својот младешки изглед и совршена фигура, објави нови фотографии во костими за капење од својата најнова колекција и успеа повторно да ги воодушеви своите следбеници и навистина да им го одземе здивот.
Два модели костими за капење во кои гордо ја покажа својата витка линија совршено ги истакнаа сите нејзини атрибути и навистина е тешко да се поверува дека оваа жена наскоро полни 60 години.
Пред неколку месеци, таа ја освои титулата за најубава жена на светот, а сега слободно може да се каже дека го заслужува тоа – дефинитивно е меѓу најубавите и најсексипилните познати жени, пренесуваат светските агенции.
Додека во првата објава, Елизабет позира со пријателка и промовира два модели на костими за капење, во иста боја, во видеото кое штотуку стигна до нејзините фанови, таа покажа совршена фигура од сите агли.
Таа уживаше на песок, под палма, на сонце, море и слобода, и успеа повторно да ги шармира своите обожаватели со линијата на девојка.
Забава
Меган е виновна: принцот Хари целосно го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација

Принцот Хари го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација „Сентебале“ откако се ожени со војвотката Меган Маркл и се пресели во САД, изјави Коабане Теко.
„Сентебале“, основан во 2006 година во чест на принцезата Дајана, се соочува со криза по низата обвинувања за вознемирување и „женомраза“ упатени од претседателката на управниот одбор, Софи Чандаука, пишува британски „Телеграф“.
Принцот Хари и принцот Сеисо се повлекоа од организацијата минатиот месец, заедно со други членови на одборот. Теко го изрази своето разочарување што војводата и војвотката од Сасекс, и покрај честите посети на Африка, не го посетија Лесото, ниту, како што тврди, одржуваа контакт со заедницата.
„Неговото губење на интересот го уби духот на „Сентебале““, изјави Теко за „Телеграф“, истакнувајќи дека бил изненаден од повлекувањето на Хари од организацијата.
Комисијата за добротворни организации на Велика Британија започна истрага за работата на „Сентебале“.
Според организацијата, „Сентебале“ е посветена на работа со млади луѓе во Лесото и Боцвана, обезбедувајќи поддршка во областите на здравство, социјална еднаквост и отпорност на климатските промени.
Забава
Бен Афлек проговори за Џеј Ло: „Таа е спектакуларна, многу ја почитувам“

Актерот Бен Афлек одлучи да го прекине молкот и да стави крај на гласините дека тој и поранешната сопруга Џенифер Лопез повеќе не се во добри односи.
На црвениот тепих на премиерата на „Д Акаунтант 2“, познатиот актер имаше само добри зборови за Лопез, нагласувајќи дека меѓу нив нема непријателство.
„Џенифер Лопез е спектакуларна. Таа е одлична со моите деца, имаме одличен однос“, изјави Афлек за „Ентертејнмент тунајт“ и додаде: „Ги сакам нејзините деца. Тие се прекрасни. Таа е неверојатно важна и искрена личност која навистина ја ценам и сум благодарен”.
Тој додаде дека на премиерата со него биле 17-годишните близнаци Макс и Еме, кои Џеј Ло ги има од претходната врска со Марк Ентони. За време на премиерата се дружеа со децата на Афлек од бракот со Џенифер Гарнер – Виолета (19), Серафина (16) и Семјуел (13).
„Одлична вечер. Моите деца се тука, децата на Џенифер се тука. Горд сум на филмот, сакам кога доаѓаат сите деца. За мене е навистина возбудливо и забавно“, рекол актерот.
Афлек и Лопез официјално се разведоа пред четири месеци, а според извори и двајцата се справуваат со емотивните предизвици на крајот на нивниот брак, фокусирајќи се на работата.
„И двајцата се тажни што бракот не успеа“, изјави извор за „Дејли мејл“.
„Но, наместо да тагуваат, тие се фрлија на работа. И двајцата сакаат повеќе успех, повеќе хитови, повеќе награди“, додаде.