Забава
Топ-10 најбрзи автомобили на светот за 2019 година
Ништо не воодушевува толку како брзина на автомобил што одзема здив. Има нешто необично задоволувачко во брзото темпо на автомобилите. Овие брзини не се случајна пресвртница, туку пионер на врвниот автомобилски инженеринг.
Се чини дека брзината е една од најважните карактеристики што луѓето ги гледаат во еден автомобил имајќи предвид дека брзината котира високо на списокот со работи што го креваат адреналинот. А тие чинат доста многу.
Има многу автомобили што котираат многу високо што се однесува на брзината, но светските медиуми се фокусираа на она што е најдобро во серијата. Ова е листа на најдобрите 10 најбрзи автомобили во светот:
10) Aston Martin One-77
Десетти на листата најбрзи автомобили е „астон мартин“ со 7,3-литарски мотор со спецификации на V12.
Има моќност од 750 коњски сили и вртежен момент од 800 lb-ft. Максимална брзина – 354 км на час. Достигнува брзина од нула до 96,5 км/ч за 3,5 секунди. Возилото е лимитирано издание и има само 77 од нив.
9) Pagani Huarya
Автомобил на италијанскиот производител што нуди извонредни перформанси. Има забрзување за кое може да сонувате. Мотор со твин-турбомоќност што може да испорача максимална брзина од 230 км на час во текот на возењето. Има голема снага од 730 коњски сили и обезбедува вртежен момент од 738 lb-ft.
8) Zenvo ST-1
Време е за еден од данските производители, овој беше еден од најомилените суперавтомобили годинава. Прва понуда на компанијата во сегментот суперавтомобил.
Опремен е со 6,8-литарски V8-мотор од 6,8 литри, кој нуди 1.104 коњски сили. Има вртежен момент од 1.050 lb-ft, максимална брзина од 375 километри на час. а може да достигне брзина од 322 км/ч за само 8,9 секунди.
7) McLaren F1
Сè уште важи за еден од најбрзите. Има препознатлива извонредност повеќе од 23 години и продолжува да биде така.
Напојува со V12-мотор од 6,1 литри и нуди 670 коњски сили со вртежен момент од 520 lb-ft. Mоже да достигне брзина од 96 км/ч за нешто помалку од 3,2 секунди и има максимална брзина од 387 км на час.
6) Koenigsegg CCR
Уметност на шведските производители. Има врвна снага од 806 коњски сили и обезбедува вртежен момент од 920 lb-ft. Може да забрза до 99,7 км/час за само 3,7 секунди и 235 км/ч за нешто помалку од 9,7 секунди. Неговра максимална брзина е 389 км/час.
5) SSC Ultimate Aero
Производ на северноамериканска компанија SSC, кој порано беше сметан за најбрз автомобил и оваа титула ја задржа три години. Има твин-турбомотор V8 (6,8 литри) со моќност од 1287 коњски сили и вретежен момент од 112 lb-ft. Може да достигне брзина од 200 км/ч за нешто помалку од 16 секунди. Има максимална брзина од 322 км на час, што го прави едед од најбрзите.
4) 9FF GT9-R
Произведен од германската компанија 9FF и потсеќа на „порше 911“. Тој е ѕвер на патиштата, а го движи четирилитарски мотор рамен на 6 мотори со коњски сили од 1.120 и вретежен момент од 910 lb-ft.
Од нула до 96,5 киломтери на час достигнува за 2,9 секунди, а скокот до 305 км/час ќе потрае околу 16 секунди. Максималната брзина е 414 км/ч.
3) Bugatti Veyron Super Sport
Bugatti Veyron Super Sport беше првиот произведен автомобил за легални патишта кој постигна брзина од 402 км/час. И беше најдобар во својата работа сè додека Koenigsegg не забрза.
Овој „бугати“ го придвижува 8-литарски Quad Turbo W16 мотор и поддржува вртежен момент од 1.106 lb-ft. Врвна снага од 1.200 коњски сили и ги нуди следниве луди перформанси: ја поминува нулата до 96,5 км/ч за 2,4 секунди. Максимална брзина 431 км/час.
2) Hennessey Venom GT
Овој погон го движи моќен 7-литарски V8-мотор со турбополнење кој испорачува 1.244 коњски сили и момент на вртежи од 1.155 lb-ft. Нуди брзина од 99,7 км/ч за 2,8 секунди, а забрзувањето од нула до 322 км/ч трае околу 14 секунди. Максимална брзина 434 км/час.
1) Koenigsegg Agera R
Потребен е голем напор да ги надминете спецификациите на Bugatti, а тоа е нешто што Koenigsegg го направи. Има 5-литарски V8 DOHC-мотор со турбополнење, 1.140 коњски сили, моќност од 1.140 коњкси сили и вретежен момент од 1.200 lb-ft.
Има импресивно забрзување од нула до 96,5 км/ч за 2,5 секунди, а од нула до 299 км/ч за неверојатни 11,7 секунди.
Со максимална брзина од 439,35 км/час овој автомобил е на врвот на листата најбрзи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски парови кои истрајуваат дури и кога ќе стане тешко
Хороскопските парови кои секогаш преживуваат се тука еден за друг дури и во тешки времиња. Нивната врска е силна и поради довербата и искреноста што ја имаат.
Што и да се случи, тие ќе бидат тука да се поддржуваат еден со друг. Овие хороскопски парови го имаат целиот потенцијал да ги надминат сите тешкотии. Кога еден од нив не е во најдобра состојба да се соочи со проблеми, тогаш другиот презема иницијатива и го покрива во се.
Хороскопски парови кои секогаш траат
Рак и Јарец
Ова е многу силен пар. Немојте да ве залажува фактот дека Ракот како личност е почувствителен или попридушен. За неговото семејство и оние што ги сака, тој станува повеќе од само карпа и може да направи се. Може да ги придвижи и земјата и небото, да помогне и поддржи. Од друга страна, Јарците се многу силни, па не им е тешко да му помогнат и да го поддржат Ракот, но и да го негуваат и да направат се што треба за да излезат посилни од целата ситуација.
Лав и Овен
Нивната сила во заедницата е неизмерна. Тоа се две личности кои по природа се лидери. Тие се многу силни карактери, но успешно примаат удари. Што и да се случи во животот, другиот ќе биде многу среќен да му помогне, да го поддржи и да стане негова карпа додека не се надминат сите пречки и проблеми. Знаат што да прават и му даваат на другиот онолку време колку што му е потребно за да застане на нозе.
Вага и Девица
Ова е пар кој навистина ќе стои еден до друг до крај. Тоа е во исто време карпа која е потпора и мирно пристаниште каде што можат да бидат во мир. Вагите секогаш го поддржуваат партнерот и им помагаат во се. Тие се грижат за нивната општа благосостојба и ако тоа е добро, и Вагите ќе бидат добри. Во тешки времиња, тие ќе чекорат напред и ќе преземат иницијатива. Од друга страна, Девиците даваат и им служат на луѓето. За неа поддршката на партнерот е се. Во спротивно тоа би го сметала за предавство, па не би ни зборувала за тоа.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.