Забава
Харисон Форд на соло прошетка во Марина Дел Реј

Папараците го забележаа 77-годишниот актер додека излегува од продавница за велосипеди во Марина Дел Реј, Лос Анџелес.
Харисон Форд, кој беше соло во неделата попладне, во рацете носеше вреќички со штотуку купени делови за велосипед.
Форд неодамна го промовираше својот најнов филм „The Call Of The Wild“ („Повикот на дивината“), а во разговор со американскиот магазин „Парада“ ретроспективно направи осврт на својата речиси 50-годишна филмска кариера.
Еден од главните протагонисти во „Војна на ѕвездите“, а уште попознат како Индијана Џонс од истоимениот блокбастер, беше во спортско издание – фармерки од темен тексас и светлосина кошула.
Форд штотуку ја прослави премиерата на филмот „Повикот на дивината“, кој почна да се прикажува во кината во петокот.
Во разговот со магазинот „Парада“, ѕвездата на Индијана Џонс говореше за многу работи, од неговата љубов кон летање па сè до тајната на долготрајниот брак со сопругата Калиста Флокхарт.
Прославениот холивудски актер е во главната улога на најновата екранизација на истоимениот класик на Џек Лондон, во која главен партнер му е кучето Бак.
Приказната за Бак, кучето кое е оттргнато од својот дом и препуштено на непознатото, според авторите на филмот е приказна за пронаоѓање на подобра и посилна верзија од нас самите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Нина Бадриќ со мајка си ужива на Хвар

Хрватската пејачка Нина Бадриќ како и секое лето ужива на островот Хвар.
Таа објави фотографија со мајка ѝ Мила на „Инстаграм“. „Пред сè… мама“, напиша таа.
View this post on Instagram
На фотографијата Мила и Нина се облечени во лесни летни комбинации.
Иако ретко објавува нивни заеднички фотографии, пејачката постојано нагласува дека мајка ѝ е нејзината најголема поддршка во животот.
Забава
По седум години во брак, Дениз Ричардс и Арон Фиперс се разведуваат

Дениз Ричардс и Арон Фиперс се разведуваат.
Арон поднесе барање за развод, објави списанието „Пипл“ повикувајќи се на судски документи. Датумот на развод е 4 јули, а причината се непомирливи разлики.
Според документите, Фиперс побарал од Ричардс брачна издршка, а исто така побарал и нивниот имот и долговите, вклучувајќи ги неговите електрични алати, мотоциклот и спортскиот автомобил, да останат посебен имот.
View this post on Instagram
Двојката нема деца иако Ричардс претходно откри дека Фиперс е во процес на посвојување на нејзината 14-годишна ќерка Елоиз. Не е јасно дали посвојувањето официјално завршило.
Тие се заедно од 2017 година.
Актерката го запознала Арон во центар за лекување во Малибу, а почнале да се забавуваат во јуни 2017 година. Тие ја чуваа својата свршувачка во тајност и се венчаа на 8 септември 2018 година.
Ричардс претходно беше во брак со Чарли Шин. Тие беа заедно од 2002 до 2006 година и имаат две ќерки, Сами и Лола.
Во една епизода од реалното шоу „Дениз Ричардс и нејзините диви нешта“, Арон и Дениз рекоа дека разводот не е опција за нив.
„Да, никогаш повеќе нема да се разведам. Дури и да се мразиме, нема да се разведам“, додаде Дениз. Фиперс додаде дека дури и ако се разделат, официјално нема да се разведат. „Само ќе имаме посебни домови или нешто слично“, рече тој.
Забава
Во три хороскопски знаци се раѓаат „најлошите“ жени

На некои жени им е тешко да преживеат во општеството поради нивниот разуздан карактер и многу бурен темперамент. Тие се ставаат себеси на прво место и не може да видат ништо подалеку од своето его.
Тие знаат да бидат многу комплицирани, но и да си го прават своето, без да гледаат назад на потребите на партнерот, останувањето во брак со нив е вистинска уметност!
Еве за кои хороскопски знаци станува збор:
Овен
Жените од овој знак мора да контролираат и да надгледуваат секој аспект од врската. Не е тоа што не ве почитуваат како личност. Едноставно, такви се. Мораат сè однапред да испланираат и сакаат секој детаљ од врската да биде на свое место.
Поради нивната самодоверба, на почетокот се интересни, но таа самодоверба се претвора во доминантна природа, со која ќе ви биде тешко да се справите.
Тие нема да реагираат добро на некој што им се заканува, некој чија личност е исто толку интензивна и моќна како нивната. Најважно е да се има предвид дека не сакаат нивната врска да биде борба за превласт.
Шкорпија
Од сите хороскопски знаци, жените Шкорпија се едни од најинтересните и најуникатни. Тие имаат многу квалитети. Тие се паметни, проницливи, организирани и одговорни.
Она што им недостиг е посветеност. Тие ги прават работите на одреден начин и мразат кога мораат да се приспособуваат на желбите на другите луѓе.
Потребени се многу труд и посветеност за да се натера жена како оваа да се посвети на врската со вас. Повеќето мажи се разочарани.
Девица
Постои едно нешто што луѓето не го сметаат за привлечно кај Девиците – тоа е нивната опсесивно критична и осудувачка природа.
Поради нивната перфекционистичка филозофија, Девиците имаат неразумно високи стандарди. Тие ќе очекуваат од вас да бидете повеќе отколку што сте и нема да им биде жал ако се чувствувате лошо што не ги исполнивте нивните очекувања.
Тие веруваат дека имаат право да поставуваат високи стандарди и ако навистина сакате да бидете со нив, мора да направите сè што можете за да ги исполните.