Забава
Хари и Меган објавија божиќна честитка, внимание привлече ретка фотографија од нивните деца
Принцот Хари и Меган Маркл објавија семејна честитка за претстојните празници. На него има шест фотографии, меѓу кои и ретка фотографија од нивните деца, синот Арчи (5) и ќерката Лилибет (3).
На фотографијата децата трчаат кон Хари и Меган, а тие ги пречекуваат со раширени раце.
Со фотографијата покажаа колку нивните деца пораснаа со оглед дека не објавуваа фотографии од нив откако Лилибет имаше само неколку месеци.
„Во име на канцелариите на принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, ‘Арчевел продукција’ и Фондацијата ‘Арчевел“, ви посакуваме среќна празнична сезона и радосна нова година“, е пораката на честитката на темнозелена заднина.
Во честитката има и фотографии од Хари и Меган за време на нивните патувања во Нигерија и Колумбија оваа година, а најголемо внимание привлекоа нивните деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ивона Јо со порака до публиката: „Не чувајте ја себично болката во себе“
„Себично“ е песната на Ивона Јо со која таа ја погоди публиката на овогодинешниот Макфест во Штип, а од сега слушателите ќе имаат можност и да го погледнат спотот во кој Ивона јасно ја пренесува својата порака до публиката.
Тимот кој ја создаде оваа песна се состои од Илија Ќосевски како композитор и Весна Малинова како текстописец. Видео записот за „Себично“ е во продукција на 2by4 Production, а во режија на Ени Вучидолова.
„Оваа песна е за едно време кога „себично“ ја чував болката во себе и за себе. За едно време кое зема сѐ од мене за да се пронајдам себе. Патот до себе ме доведе до оваа песна која ми ја исцели душата вадејќи ја секоја негативна емоција од мене. Сакам да допрам до слушателите, до публиката… Толку многу сме навикнати да ја чуваме болката во себе и никако да излеземе од кругот на самодеструктивноста. Во секој од нас има поубаво место за живеење. Можеме и без болката, можеме без сѐ, освен без себе. На светот му е потребна нашата емпатија, милост, добрина. Со песна за некој поубав свет“, вели Ивона.
Забава
Познатиот спортист има нова девојка: сите велат дека таа е копија на неговата поранешна, која брутално ја уби
Поранешниот параолимпиец Оскар Писториус има нова девојка, пишува Дејли Мејл.
Тој беше пуштен на условна слобода од јужноафрикански затвор на почетокот на годината, речиси 11 години по убиството на неговата девојка Рива Стинкамп. Тој ја застрелал повеќе пати низ вратата од бањата во 2013 година, а подоцна тврдеше дека мислел дека е провалник.
Странските медиуми пишуваат дека семејството на Рива Стинкамп е загрижено и дека испратиле предупредување до новата девојка на Оскар, Рита Грејлинг.
Rita Greyling, 33, a business management consultant from Wakkerstroom in Mpumulanga. The new girlfriend of Oscar Pistorius.
She is brave. Valentine is 7 weeks away. pic.twitter.com/zaFu5bAVfO
— LesetjaMO (@MoLesetja) December 16, 2024
„Не разбирам. Тој е сè уште насилен“, изјави мајката на Рива за странските медиуми, а нејзината сестра Симон рече: „Дали е таа луда?“ и истакна дека ја предупредила „да спие со едно отворено око“.
„Она што ме шокираше најмногу е колку таа личи на Рива. Имаат иста градба, исто лице, коса, дури и очи. Дали е толку болен што сака да најде некоја како неа? Се прашувам дали сакаше да ја замени Рива со некоја друга, откако ја уби? Се прашувам како може една жена да ги затвори очите и да спие со маж за кој знае дека испукал четири куршуми во жената за која велеше дека ја сака? Толку сум шокирана“, додаде таа.
Рива Стинкамп, која имаше 29 години кога беше убиена, беше дипломиран правник и успешна манекенка, која работеше и како ТВ презентер и се појави во реално шоу.
По дипломирањето, таа планирала да основа адвокатска канцеларија за помош на злоупотребени жени. Стинкамп била во врска со Писториус три месеци кога тој испукал четири куршуми од пиштол низ вратата од тоалетот на нејзиниот дом во Преторија во раните утрински часови на 14 февруари 2013 година.
Забава
(Видео) Новинар се пошегува со Џенифер Лопез на сметка на нејзините години, реакцијата на пејачката беше хит
Џенифер Лопез неодамна разговараше со Клејтон Дејвис, еден од постарите уредници во списанието Variety. Во еден момент тој се пошегува на сметка на нејзините години, но тоа воопшто не и се допадна на 55-годишната пејачка.
„Не можам да верувам дека поминаа 30 години од Селена“, ѝ рекол тој во клипот што го сподели TMZ, мислејќи на нејзината улога во биографскиот филм „Селена“ од 1997 година.
„Кој би помислил дека 30 години подоцна ќе правиме ретроспектива на се, а ти дотогаш ќе имаш 60, што е…“, рекол Дејвис, а пејачката кусо одговорила: „Леле“.
Новинарот тогаш рече дека „сето тоа беше шега“, а Лопез брзо се опорави, заблагодарувајќи и се на публиката што е со неа „толку долго“.